Постите ли?

littleblackdress

Полноправен Член
22 февруари 2012
96
74
18
Повеќе од јасно. Дали некој од вас пости? Сеедно дали овие (велигденскиве) или онака општо. Каков е воопшто вашиот став кон ова?
Јас да, постам веќе неколку пати по ред, порано не знаев што, како и избегнував само јадење, а сега внимавам на јазикот и умот.. секако и на телото :))
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Никогаш до сега не сум постела.

Постот единствено го почитувам од две причини:
1. Го прочистуваш организмот.
2. Го зајакнуваш карактерот и веродостојноста на твоите одлуки.

А она, ќе постам за дедо Боже да ми прости дрн дрн јариња...
Ти биди човек, вреднувај ги вистинските животни вредности па дедо Боже ќе ти прости и мирно ќе спиеш без да си ја мачиш душичката со недели да не си каснеш слатко-благо.

Муабетов ми е дека, постот како пост не е лоша работа. Ама ова квази-вернициве не ми се баш сфатливи, оти искрено постот не те прави поголем верник или подобар човек.
 

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Ни сум постел ни па имам намера... јбг не сум религиозен, ако ми е за прочистување на организмот ќе внимавам на исхраната и готово