Се ми остана

Па си враќавме парталче по парталче, маица по маица на тренинг, пошо уште трениравме заедно. Ми останаа само едни твои шорцеви со кои си играм баскет и не се замарам, и јас имам едни кај тебе знам, ама нема везе носи си ги

Ми останаа картичките 2 за свети валентајн шо ми ги даде "Сунце сија ко тепсија а јас те сакам пуно" и уште една нешо беше "Сонцето свети, тревата е зелена, птиците цврцорат, лебот е 25 денари, Солун е наш, а јас те сакам највеќе на свет!"

И шо знам што друго, некои ситници имам сигурно, алка и ланче имам од школки ли шо и да се, 2 сексуљави маички за матура шо ми ги даде, овенатата ружа што два пати ја скрши дур дојдеш докај мене на матура

мммм другоооми остана реченицата у глава дека несмеам да носам танга на матура и ја за инат облеков на крај, ми остана да ја врзувам косата нагоре во пунџа и најубава фризура ми е тоа сега

Ми останаа две слики од кои на едната си многу грд, ах да и ми останаа надимаците, циган, грд, смрдливче, цуцул... само што сега не ги употребувам веќе, многу ретко, само циган

Ми остана и навиката да слушам антена 5 лав сонгс ама сега не те поздравувам веќе, ни ти мене, али нема везе, си се смеам на децава што се поздравуваат и ми текнува колку мала и заљубена сум била, аххх млади луди години... Епа тоа е, шо знам јас
