Ми ѕвони некој дома.Ја сонлива погледнувам и ми заличи на маж ми. Се изненадив што се вратил. Отварам врата , во ноќница , се смеам и уште не го гушнав.
И стоп, не бил тој, туку дечкото кој ги чита водомерите.
Тој ми вели , комшике како си ми се израдувала искрено и убаво, така ни жена ми не ми се радува кога одам дома. Со ќеиф ти го читам водомерот.
Јас умрев од срам, пропаднав.