Помош за проектни задачи/состави/писмени

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,193
1,123
Скопје
Е вака требаше да го напишеш на почеток и да објасниш,и немој ти мене АКО ЗНАЕШ КАЖИ (таков тон дома),тие ако се желни посекако ќе помогнат
Друже не се кревај... Јас ја скратив темата зашто сакам само за култот на небесните тела да направам. Смири си ги страстите и не пишувај оф топици.;)
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Археолошки наоди

Пронајдени се статуи на неколку словенски богови. Во 1848 година на брегот на реката Збруч, пронајдена е висока камена статуа со четири лица и една камена капа. Заради неговата сличност со она опишаното во Риген, било заклучено дека се работи за статуа на Севид, иако не било јасно дали тоа е оригиналниот Севид од Риген. На други места се пронајдени неколку други повеќеглави статуи. Мала четвороглава статуа од 10-тиот век, изделкана од коска била пронајдена меѓу урнатините на Преслав, престолнината на средновековна Бугарија. Двоглава дрвена статуа со големина на човек е пронајдена на остров во езерото Толенсесе близу Нојбранденбург: во средниот век, ова била земјата на словенскиот народ Доленци, чие име го носи езерото. Освен тоа, троглава статуа била откриена во Далмација (Хрватска), на еден рид, на која било напишано името Сувид, недалеку од врвот на планината Динара наречен Триглав.


Индоевропскиот обичај на приредување на гозби кај нас се нарекува слава, што доаѓа од чинот на „славење“ или „возвишување“ на божества.
Откриени се и остатоци од неколку други словенски светилишта. Извесни археолошки ископувања на 'ртот Аркона на островот Риген имаат дојдено до остатоци на големиот храм и градот кој соодветствува на оној опишан од Саксо. Во Новгород, најдени се и остатоци од стар олтар посветен на Перун. Олтарот се состои од широка, кружна платформа која ја опкружува статуата. Платформата е опкружена со ров со осум апсиди, каде се наоѓаат остатоците од жртвени олтари. Самата тврдина била мошне слична на други вакви пронајдени наоѓалишта.
Сите овие археолошки наоди имаат по неколку заеднички аспекти. Боговите имааат повеќе глави, а местата имаат по неколку жртвени олтари. Сето тоа ги потврдува записите на христијанските мисионери, а исто така и укажува на тоа дека Словените придавале големо значење на боговите со повеќе од еден аспект.
Исто така се сметаат за значајни неколкуте грнци од 4-тиот век од Черјаковата култура. Рускиот археолог Борис Рибаков има заклучено дека написите на нив се делови од словенскиот календар.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Natenceto

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Род - во словенската митологија е првобитно изразување на Севишниот Апсолут,творец на целиот свет.До неговата појава целиот Космос се наоѓал во состојба на ’’непостоење’’,т.е. немало ни богови,ни материја,ни простор,ни време,ни видлив,ни невидлив свет.

Род е двополов бог,кој има во себе и машки и женски почеток.Род е татко на боговите,Род е и мајка на боговите.Потоа Род го издвоил од себе одвоениот машки почеток - богот Сварог,и женскиот почеток - божицата Лада.

Од својот лик,Род го створил богот на сонцето,исто така и светата Крава Земун и козата Седун.Од нивното виме се разлеало млекото и така настанала нашата галаксија која до денес се нарекува - Млечен Пат.

Род ја створил и Светската Патка,која изродила многу богови - демони.
Основна функција на Род е - раѓање.Тој учествува во сите раѓања,вклучувајќи го и раѓањето на секој човек.

Оттука води потеклото на зборовите:родители,роднина,родина(татковина),народ,природа(при Род),плодород(плодови на Род),родник(извор),порода(раса),водород,јаглерод,кислород...

Кога се раѓа човек,неговата намена се запишува во книгата на Род.Таа книга не се наоѓа на едно место,таа е разделена,таа е запишана во самиот човек,во секоја негова станица во вид на генетски код.Кога за новородениот човек Род ја пишува таа книга,половина од генетските информации ги зема од таткото на детето,другата половина од мајката (генетичарите тоа го нарекуваат наследство).А понекогаш Род додава нешто и од себе (генетичарите тоа го нарекуваат променливост).Кога кај човекот се појавуваат позитивни особини,кои не биле ни кај таткото,ни кај мајката,тогаш се вели:тоа е од Бог (а може да биде и од ѓаволот).

--- надополнето ---
Јав - во словенската митологија Јав е реална хипостазија на битијата.Нејзината персонификација е објективен,реален,видлив,материјален свет,т.е. она што е надвор од човечката личност.Оттука потекнуваат зборовите ’’јавно’’,’’јаве’’,’’јавување’’,’’појава’’...

Нав - претставува нереален,нематеријален,задгробен,невидлив,хипотетички свет.Душата на покојникот после смртта заминува во Нав(Рај)..Овој рај бил место на праведни и добри души,а местото каде што заминувале злите души се нарекувало П’кл’(Пекол).

Прав - во словенската митологија Прав е потенцијално правилна хипостазија на битијата.Прав е состав на севкупни закони и правила,кои ги востановил Сварог,по кои што треба да живее правилно секој човек.Да се живее по Прав - тоа значи правилно мислење,правилно говорење и правилно работење.Оттука потекнуваат зборовите ’’правда’’,’’исправен’’,’’правила’’,’’правилен’’,’’праведен’’...

rodsvarog.jpg


Сварог

Сварог е едно од највишите божества во словенскиот пантеон.Тој не е моќен како некои други богови,како Перун на пример,но затоа е сметан за господар на боговите.Се сметал за инкарнација на Род.
Сварог е татко и креатор на боговите.После Род,тој продолжи со стварањето на светот.
Поставил дванаесет столбови на кои после го потпрел небесниот свод.Ги исковал ѕвездите.Ѕвезденото небо е всушност тркало кое го движи Свароговиот брат Перун,и содржи дванаесер зодијака,кои симболизирааат дванаесет главни божества.Го искова Сонцето и го постави на небото.Према легендата,кога Сварог завршил со создавањето на светот,ја однел својата жена божицата Вида(по некои легенди неговата жена била Лада)на Земјата да и го покаже своето дело.Додека Сварог се восхитувал на своето дело,Вида заспала под гранките на некое стебло.Сонувала како по светот чекорат суштества слични на Сварог и неа.Кога се разбудила,му кажала на Сварог што сонувала.
Сварог и одговорил дека и тој размислувал управувањето на светот да им го препуштат на земски суштества налик на нив.Сварог отишол до едни две стебла и од нив направил луѓе.Тие луѓе биле неми и без живот.На едниот Сварог му вдахна живот,на другиот Вида.Од дабот на кого Сварог му вдахна живот постана маж,на кого му даде име Дубравко.Од липата на кога Вида и вдахна живот,постана жена,на која и даде име Љубљанка.
Сварог им намени должност да начинат потомство кое ќе живее на Земјата и кое самото ќе си ја крои својата судбина.Така Сварог заврши со создавањето на светот.Сварог ја искова првата бурма за брачниот пар и со тоа стана заштитник на бракот.Ги научи луѓето како да го обработуваат челикот.

26101128225542824015857.jpg


Сварог се нарекувале уште и Вишен или Севишен.Претставува господар на боговите и управител на вселенскиот поредок.Тој е господар на Сварга.Swarga на санскрит значи небо,рај,ниско небо.Кај словените Сварга претставувала нешто како свет на боговите и мртвите,слично на нордискара Валхала.Исто така се споменува Ириј како дел од Сварга,што претставувал рај,односно градините на Сварга.
Симбол на Сварог е Коловртот - Словенска свастика со осум краци.
Ден посветен за Сварог е Вторник,а најзначаен празник посветен нему е 24ти Декември.Постои теза дека празнувањето на Бадник и Божик е избрано баш на овие денови бидејќи било невозможно да се искорени овој празник кај Словените,така што бил заменет со друг,за Христијаните исто толку важен.
Во Сварог словените често се колнеле и тој збор морал да биде исполнет.Зборот даден на Сварог бил многу поважен од зборовите дадени на некое друго божество.Можеби затоа што Сварог сепак бил чувар на редот,како на небесниот така и на земскиот.

34914135275473170821100.jpg
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Од словенската митологија- За врховниот бог на старите Словени

Едно од најзначајните и најрелевантни дела за словенската митологија е секако „Словенска митологија“ на Луј Леже, објавена во дамнешната 1901. година (Louis Leger, La Mythologie Slave, 1901).
Луј Леже живеел од 1834. до 1924. година. Тој е француски лингвист и историчар кој дал голем придонес во изучувањето на оваа проблематика.
Легендите, приказните, песните за настанокот на вселената, за боговите, за исклучителните луѓе со божествени карактеристики ја чинат секоја митологија, па и словенската. Всушност, тие легенди со рационална или ирационална содржина се една маскирана и преиначена историја на Словените.
Го пренесувам преведено на македонски второто поглавје „Врховниот бог“:
„Дали старите Словени знаеле за еден врховен Бог, кој во нивниот Пантеон би господарел, како Зевс во елинскиот, а Јупитер во латинскиот Пантеон? Прокоп Цезареецот ги опишува, во една значителна глава посветена на војните против Готите, обичаите на Словените, па наведува неколку зборови за нивната вера. Ние ќе ги извадиме оттаму еднаш засекогаш, бидејќи ќе се вратиме на нив повеќе пати.
„Словените, вели тој, веруваат дека постои еден Бог, кој произведува гром и кој е единствен господар на вселената; тие му жртвуваат стока и други разновидни жртви. Не знаат за судбината и не допуштаат таа да игра каква било улога во човечките работи. Кога поради болест или војна ќе им се закани опасност од смрт, тие даваат завет дека, ако се спасат, веднаш ќе му принесат жртва на бога. И штом ќе се спасат, тие тоа навистина и го прават и веруваат дека со таа понуда на бога си го откупиле животот. Освен тоа, тие ги обожаваат реките, нимфите и други божества, и за време на жртвувањето тие гатаат“.
Ова сведоштво се однесува на Словените соседи на византиското царство. Што се однесува на северните Словени, имаме кај Хелмолд речиси ист таков еден став (I, 83): „Помеѓу разните богови, на кои им припишуваат власт над полињата, шумите, над жалостите и веселбите, тие не порекнуваат: дека еден Бог заповеда озгора, од небесата, со сите други. Тој семоќен Бог се занимава само со небески работи. Сите други имаат свое посебно занимање и своја работа, па и нему му се покоруваат. Тие произлегуваат од неговата крв и дотолку се поважни, доколку се поблиски до тој Бог на боговите“. За жал, ниту Хелмолд, ниту кој било друг споменик со што било го потврдуваат ова што е овде речено за генеалогијата и сродството на словенските богови. Можеби хроничарот овде просто и чисто му се подал на влијанието на спомените од класичната стародревност. Помеѓу сите божества, кои ние ги знаеме, само за две, и тоа со натегање, може да се извлече некоја сродничка врска: Suarasici,или тоа ќе биде малиот Сварог, син Сварогов; Porenutius кој би можел да биде некаков Пореновиц- Пореновиќ- син Перунов; и тоа е се.
Се чини дека на едно друго место Хелмолд сакал да каже: дека тој Бог на боговите е- Световид, покажувајќи сепак желба да го измеша со св. Вид (II, 12). „Световид, Богот на земјите на балтичките Словени ја придобил првенствената власт над сите словенски богови. За нашето време му испраќаа уште годишни подароци- данок, и го признаваа за Бог на боговите не само земјите на Вагринаците, туку и сите останати словенски области (illum deum deorum esse profitentes)“.
Без оглед како се викал тој врховен Бог, балтичките Словени го замислувале како „преполн со слава и божества“, доколку тоа, навистина, може да се суди според сведоштвото на еден биограф на Отон Барнбершки. Ебо раскажува (II, 1) дека мисионерот св. Бернард презел во словенскиот град Јулина да ја проповеда католичката вера. Тој тука се јави босоног, во мошне бедна облека. Староседелците го прашаа; што сака. Тој изјави дека е слуга на вистинскиот Бог, творецот на небото и земјата, дека е испратен од него самиот за да ги спаси нив од идолопоклоничките гревови. „Што, му рекоа тие, зарем ние можеме да веруваме дека ти си гласник на вистинскиот, врховниот Бог, кој е толку славен и полн со секакви богатства, кога си ти толку беден и жалосен, та ни обувки на нозете немаш?...Ти го навредуваш вистинскиот Бог!...“. Отон Барнбершки водел сметка за таа лекција, па се појавил помеѓу Словените во највеличествена придружба. Впрочем, Ебовиот текст не е јасен и она што го зборуваат Словените за врховниот Бог може воопшто да се примени и на христијанскиот Бог.
Мирот заклучен во 945. година помеѓу Словените и Грците, за кој зборува и Несторовата „Хроника“, содржи ваква калузула: „оние Руси христијани кои ќе го повредат овој договор да бидат казнети од семоќниот Бог, а оние што не се крстени да бидат лишени од секоја помош од Бога и Перуна“. Овој безимен Бог, кој се истакнувал и пред Перуна, е можеби тој врховен бог на словенскиот Пантеон, но тој нема посебно име.. Можеби токму и христијанскиот Бог е внесен сосема просто во текстот на договорот на навалување на самите Грци, на кои Перун не им изгледал доволен гарант. Се чини дека Перун бил врховен Бог кај Русите. Во еден старословенски превод на легендата за Александар Велики, што ја наведува Афанасиев, зборот Перун е превод на грчкиот Зевс. Во српските народни песни, каде што се наоѓаат јасни траги на паганизмот, почесто се наоѓа една заклетва во „севишниот Бог и свети Јован“. Овој севишен Бог е очигледно христијанскиот Бог.
Чешкиот јазик има име на човек Svéboh, и имиња на места: svébohy. Ербен, а по него и Поливка претпоставувале дека во тој облик се крие името на оној првобитен и врховен бог: Svйboh- оној што е Бог сам по себе. Впрочем, овој облик се наоѓа само во Чешка. Во чешкиот и во словачкиот се наоѓа обликот praboh, prabǔh. Предметот (префиксот) пра одговара на латинскиот per, на германскиот ur: Perdeus. Urgott, стар Бог, е извонреден Бог. Другите словенски јазици не знаат за овие облици, кои впрочем и не ги потврдуваат никакви пишани споменици. Чешкиот јазик исто така ги има облиците: Přebǔh, во изразот: Ach Bože, Přebože; обликот Rozbože (иста смисла) во унтерекцијата Ach Bože, Rozbože. Предметот roz значи исто што и prě. Би било дрско да се заклучи од овие денешни изрази дека таквиот облик постоел и пред христијанските периоди.
Воопшто, словенските текстови не ни даваат никакви докази кои би ги потврдиле зборовите на Прокоп Цезареецот и Хелмолд“.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Natenceto

LosOdio

Нов член
21 февруари 2012
20
17
3
30
Имам писмена утре за 'Парадоксот на Диоген'... Ми треба хитно. Ве молам, ако има некој да ми прати..