Поддршка за оние кои сакаат да забременат

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Што ќе се случи ако не касне храна која ја посакува во тој момент?
Беше ли сопругата многу избувлива и ако да, како се справуваше со тој проблем, освен што имала сопруг полн со разбирање? :) Претпоставувам дека е слично на пмс, можеби и малку поинтензивно, несвесна импулсивна реакција, плачење без потреба итн.
Кога веќе го спомна сексот, многу ме интересира каков е од машка перспектива сексуалниот однос со бремената жена. Извини ако е преинтимно прашањево и слободо немој да го одговориш ако не ти одговара, имаше ли трн оф моменти поради изглед, страв да не му наштетиш на плодот...?
Ќе почнам прво од „поинтимното“ прашање, за да не биде дека се кријам под јорган од срам :)
Зошто да имам трн-оф поради изглед? Демек стрии, побуцкаста жена, поголемо стомаче? Никако, сѐ е тоа нормално, и изгледа убаво. Не е такво во машките очи - какво што вие си замислувате дека изгледа. Добро, можеби некоја доживеала мажот ѝ да ѝ рече „грда си“ ама тоа е затоа што тој има некоја штичка помалку во глава - најверојатно. Јас само првиот пат се нервирав што веќе во подоцнежните месеци ограничени се позите... А што се однесува до наштетување на плодот... да, многу се плашев, ама потоа ми кажаа дека тоа се глупави, неосновани стравови, чак што више, сексуално активниот живот во текот на бременоста помагала за полесен пораѓај.
До некаде да, слично е како во ПМС, само што тој ви трае по некој ден, а ова трае 9 месеци, од кои само 2-3 дена се „мирни“. Не знам за другите трудници, ама жена ми плачеше многу често во првата бременост, во втората беше како некоја вештерка, не плачеше туку кршеше флаши и чаши, но затоа, по бременоста минуваше денови во плачење затоа што не успеала сама да ја заспие ќерка ми.
Како се смируваше во тие мигови... хм, многу сакаше да ѝ читам романи, не таа да ги чита, туку јас да ѝ ги читам. Слушаше музика, грицкаше секакви семкасти плодови и имаше мигови кога сакаше да разговара без престан - било да е со мене, другарките, сестра ми... Во оваа бременост, обратно од сите други - не сака да разговара, сака да е сама, исклучена. Сѐ ѝ смета, музика, филм, телевизија, чак што више има денови кога и јас ѝ сметам...
Е сега, првото прашање, последно да го одговорам: Што се случува ако не ја јаде храната што ја сака...
Еве пример периодов, не сме во можност да јаде од кифличките што не знам што се толку магични, бидејќи не сме дома, и се обидовме да најдеме замена, пробавме кифлички од сите околни места, ама ништо, не чинат, ја немаат „магичната“ состојка. Па затоа, направивме една „малку нездрава опција“, купивме повеќе, ги замрзнавме, па ѝ одмрзнувам кога сака. Ама вчера ми се расплака додека ги јадеше, ја фати носталгија за дома. Не знаев како да реагирам. Всушност, дури денес ми кажа зошто всушност плачела, вчера не знаеше да ми објасни.
А исто, искуство - не од жена ми, туку од сестра ми. Ѝ се јадеше многу мусака, па ајде, Бате да ѝ направи. До пред некое време имав лузно на рака од тоа што ме изгреба - сум ја пресолил, ѝ се слоши кога касна и ме нападна... :)
Инаку, сега ми текна, во подоцнежната фаза од бременоста, кога плодот се мрда низ стомаче - бидејќи ќерка ми уште од стомак ги покажа мувите, буквално се деформираше стомакот на жена ми, како да стануваше во стомак, многу е убаво да им се пушта музика или да се гали стомачето.
 
Big Berta

Староседелец
7 февруари 2015
106
209
1,053

Ова веќе звучи страшно(освен првиот дел). :D
Кажи ми дали се консултиравте со доктор поради меланхоличната состојба во првата бременост? Ме интересира дали некоја таква состојба може да влијае негативно на плодот.
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Ова веќе звучи страшно(освен првиот дел). :D
Кажи ми дали се консултиравте со доктор поради меланхоличната состојба во првата бременост? Ме интересира дали некоја таква состојба може да влијае негативно на плодот.
Јас намерно ти ги вадам најстрашните моменти, за да се заплашиш :) :)
Да, се консултиравме. Интересно е тоа што секоја емоција на мајката, ја чувствува плодот. - јас ти го кажувам со упростени зборови затоа што сум толку неук за овие медицински работи, што сите случувања ми се по 10 пати преџвакани за да ги сфатам - оти сѐ ме интересира, а сѐ тешко разбирам. :)
Токму тоа што во втората бременост ќерка ми улавееше во стомак беше поради константната нервоза на жена ми. Дури последните месеци мораше да мирува. До таму отиде работата.
 
И јас имам наслушнато нешто такво, затоа и прашувам. Значи медитација му е мајката и за двајцата! :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Аркантос

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
И јас имам наслушнато нешто такво, затоа и прашувам. Значи медитација му е мајката и за двајцата! :)
Па, така некако.
Исто, многу важно е - а премалку му се дава на важност, бар во Македонија - жената да нема многу физичка работа.
Кога ќе видам жена во седми месец на каса во маркет, ми иде да ги убијам и сопствениците на маркетот, и жената. Знам, се бориме за егзистенција... но каква егзистенција е тоа кога си ризикуваш живот...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ●Untouchable°

Big Berta

Староседелец
7 февруари 2015
106
209
1,053
Па, така некако.
Исто, многу важно е - а премалку му се дава на важност, бар во Македонија - жената да нема многу физичка работа.
Кога ќе видам жена во седми месец на каса во маркет, ми иде да ги убијам и сопствениците на маркетот, и жената. Знам, се бориме за егзистенција... но каква егзистенција е тоа кога си ризикуваш живот...

Ако седи и нема стрес, не би требало да биде некој проблем. За другото нема да дискутирам, да не ја одвлечкаме темата во друг правец.
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Ако седи и нема стрес, не би требало да биде некој проблем. За другото нема да дискутирам, да не ја одвлечкаме темата во друг правец.
Јас се извинувам што ја оддалечив, ама ми пролета една птичка низ мозок.
Еве сега се сетив на уште една интересна појава во бременоста на жена ми - пољубоморна од кога и да е и претходно и потоа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ●Untouchable°

Big Berta

Староседелец
7 февруари 2015
106
209
1,053
Јас се извинувам што ја оддалечив, ама ми пролета една птичка низ мозок.
Еве сега се сетив на уште една интересна појава во бременоста на жена ми - пољубоморна од кога и да е и претходно и потоа.

Претпоставувам дека тоа се должи(освен на хормоните) на промената на телото, со која доаѓа и до опаѓање на самодовербата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ●Untouchable°

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Претпоставувам дека тоа се должи(освен на хормоните) на промената на телото, со која доаѓа и до опаѓање на самодовербата.
Да, ама во нормални мигови самодовербата на жената се добива со посветување внимание, подарок, изненадување, гушкање, бакнување, будење со кафенце и појадок. Во овие мигови, само се засилува љубомората, бар кај жена ми, и имаш реченица „Убав филм си одбрал вечерва за гледање, ама дај кажи ми, што тајна порака сакаш да ми пренесеш? Дека треба да внимавам на храната????“
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and Big Berta

sunshine22

Нов член
18 ноември 2015
7
9
3
31
Прочитав дека некој не ја сваќал темава.. епа еве вака да појаснам не секоја жена може да забремени од прв пат или по природен пат ,, така да оваа тема служи за да се споделат искуства ,,,(Нормално на тие што виделе мака дур забремениле ) или се трудат да забременат.. Низ се што поминале ,, мислења за гинеколозите кај што одат,, што терапии примале,, па може ќе ни помогне нивното искуство во понатамшната борба