На барање на
@Big Berta, а и затоа што планирав да напишам некои искуства и совети за татковците, еве да се произнесам на темата.
Проблеми во однос на забременувањата сме немале воопшто. Така да, нема да можам многу да ви дадам совети во тој аспект.
Можам да споделам искуства во однос на расположението и проблемите што се појавуваат во текот на бременоста - од гледна точка на човек што ја следи бременоста, а не го носи плодот во утробата

Јас мислев дека секоја жена и секоја бременост е иста - колку сум бил луд. Не, не е иста.
Во првата бременост, и по неа најтешко поминавме. А бидејќи ѝ пишував дневник како подарок секој ден, многу често го читаме и сега се смееме на проблемите што настанувале, ама верувајте, во миговите воопшто не се смееш

Пред да почнам подетално, замислете, ме натера да не користам парфем, исфрли сѐ што е парфемизирано од дома, кога миев садови се затвораше во друга соба - буквално желудникот го вадеше од мирис на било каков парфем!!!!!
Пред да дознаете со сигурност дека е бремена, немојте да ѝ замерувате дека е по цел ден во вц, јас ѝ замерував, дури и ја зезав дека доволно не ја задоволувам, па оди да се дозаврши - на крај дознав дека тоа да ти било еден од „сигналите“ дека е веќе бремена - зголемено мокрење.
Како што се влегува во подоцнежните етапи од бременоста(пример крај на втор месец), почнуваат и потребите од одреден тип на храна. Е тоа, не е мит. Верувајте ми, НЕ Е.
Еве ви една тортура што ми се случува веќе трет пат. Жена ми е фанатик по благо. Ама во неограничени количини. Исто така обожава и едни кифли од пекара оддалечена од нас 30тина минути со кола. Топли кифли вадат во 4 вечерта. Си има типката биолошки часовник и се буди, ако не сум разбуден, си ме буди, и си одам да си земам

Еднаш ми се случи, да ѝ речам, да не ме замара. Почна да плаче. Јас по навика си викам: ај драма квин моја доста. Тогаш не сфаќав сѐ уште дека толку многу се ранливи во тие периоди што малку посилен ветер може да ги расплаче, а камо ли некој да им се развика.
Значи советче, обидете се да бидете што посмирени и потрпеливи бидејќи таа нема да биде ни смирена, а Бога ми, ни трпелива.
Што се однесува до сексот, што е една од најкритичните работи во бременоста... Јас искрено со првата бременост мислев дека тоа ќе биде научна фантастика, и веќе бев спремен на целибат... ама! и тоа е променливо, навикнете се идни татковци, еден ден дома да имате нимфоман, другиот ден да имате асексуалец... и слатко е тоа

Тоа е сѐ што вака ми текна да нафрлам...