Поддршка за оние кои сакаат да забременат | Црнобело Форум

Поддршка за оние кои сакаат да забременат

sunshine22

Нов член
18 ноември 2015
7
9
3
28
Девојки, оваа тема е за сите вас кои сакате да забремените, и кои сте во исчекување да се случи тоа, па да се бодриме меѓусебно. Тука можеме да си кажете се што не мачи и се што ни лежи на срце.
Барав и ваква тема не најдов ,, ако има случајно " Канта ;);)
 
Последна промена:

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Давам по една дршка (од метла) за девојките кои сакаат да забременат.
Браос цури од мене имате подршка, а за поише тражете од владата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Аркантос

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,436
9,143
1,683
Кушкундалево
Јас озбилно не ја сфаќам поентата на темава али ај, може ќе се најде некоја трудница па ќе си споделувате труднички маки.
 
Big Berta

Староседелец
7 февруари 2015
106
207
1,053

Темава ќе биде многу од корист, ако има кој да пишува во неа. Знам низ какви маки минат две мои блиски личности за да успеат во ова.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,848
1,153

Мислиш во однос на обидите да се забремени доколку некој од пертнерите има некаков проблем?
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,436
9,143
1,683
Кушкундалево
Темава ќе биде многу од корист, ако има кој да пишува во неа. Знам низ какви маки минат две мои блиски личности за да успеат во ова.
Ете ја оставам темата, ако се најдат трудници или wanabe трудници ( :zelen ) да си се тешат и да си споделат маки.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Big Berta

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,848
1,153
На барање на @Big Berta, а и затоа што планирав да напишам некои искуства и совети за татковците, еве да се произнесам на темата.
Проблеми во однос на забременувањата сме немале воопшто. Така да, нема да можам многу да ви дадам совети во тој аспект.
Можам да споделам искуства во однос на расположението и проблемите што се појавуваат во текот на бременоста - од гледна точка на човек што ја следи бременоста, а не го носи плодот во утробата :)
Јас мислев дека секоја жена и секоја бременост е иста - колку сум бил луд. Не, не е иста.
Во првата бременост, и по неа најтешко поминавме. А бидејќи ѝ пишував дневник како подарок секој ден, многу често го читаме и сега се смееме на проблемите што настанувале, ама верувајте, во миговите воопшто не се смееш :)
Пред да почнам подетално, замислете, ме натера да не користам парфем, исфрли сѐ што е парфемизирано од дома, кога миев садови се затвораше во друга соба - буквално желудникот го вадеше од мирис на било каков парфем!!!!!
Пред да дознаете со сигурност дека е бремена, немојте да ѝ замерувате дека е по цел ден во вц, јас ѝ замерував, дури и ја зезав дека доволно не ја задоволувам, па оди да се дозаврши - на крај дознав дека тоа да ти било еден од „сигналите“ дека е веќе бремена - зголемено мокрење.
Како што се влегува во подоцнежните етапи од бременоста(пример крај на втор месец), почнуваат и потребите од одреден тип на храна. Е тоа, не е мит. Верувајте ми, НЕ Е.
Еве ви една тортура што ми се случува веќе трет пат. Жена ми е фанатик по благо. Ама во неограничени количини. Исто така обожава и едни кифли од пекара оддалечена од нас 30тина минути со кола. Топли кифли вадат во 4 вечерта. Си има типката биолошки часовник и се буди, ако не сум разбуден, си ме буди, и си одам да си земам :) Еднаш ми се случи, да ѝ речам, да не ме замара. Почна да плаче. Јас по навика си викам: ај драма квин моја доста. Тогаш не сфаќав сѐ уште дека толку многу се ранливи во тие периоди што малку посилен ветер може да ги расплаче, а камо ли некој да им се развика.
Значи советче, обидете се да бидете што посмирени и потрпеливи бидејќи таа нема да биде ни смирена, а Бога ми, ни трпелива.
Што се однесува до сексот, што е една од најкритичните работи во бременоста... Јас искрено со првата бременост мислев дека тоа ќе биде научна фантастика, и веќе бев спремен на целибат... ама! и тоа е променливо, навикнете се идни татковци, еден ден дома да имате нимфоман, другиот ден да имате асексуалец... и слатко е тоа :)
Тоа е сѐ што вака ми текна да нафрлам...
 
Што ќе се случи ако не касне храна која ја посакува во тој момент?
Беше ли сопругата многу избувлива и ако да, како се справуваше со тој проблем, освен што имала сопруг полн со разбирање? :) Претпоставувам дека е слично на пмс, можеби и малку поинтензивно, несвесна импулсивна реакција, плачење без потреба итн.
Кога веќе го спомна сексот, многу ме интересира каков е од машка перспектива сексуалниот однос со бремената жена. Извини ако е преинтимно прашањево и слободо немој да го одговориш ако не ти одговара, имаше ли трн оф моменти поради изглед, страв да не му наштетиш на плодот...?