Ќе почнам прво од „поинтимното“ прашање, за да не биде дека се кријам под јорган од срамШто ќе се случи ако не касне храна која ја посакува во тој момент?
Беше ли сопругата многу избувлива и ако да, како се справуваше со тој проблем, освен што имала сопруг полн со разбирање? Претпоставувам дека е слично на пмс, можеби и малку поинтензивно, несвесна импулсивна реакција, плачење без потреба итн.
Кога веќе го спомна сексот, многу ме интересира каков е од машка перспектива сексуалниот однос со бремената жена. Извини ако е преинтимно прашањево и слободо немој да го одговориш ако не ти одговара, имаше ли трн оф моменти поради изглед, страв да не му наштетиш на плодот...?
Зошто да имам трн-оф поради изглед? Демек стрии, побуцкаста жена, поголемо стомаче? Никако, сѐ е тоа нормално, и изгледа убаво. Не е такво во машките очи - какво што вие си замислувате дека изгледа. Добро, можеби некоја доживеала мажот ѝ да ѝ рече „грда си“ ама тоа е затоа што тој има некоја штичка помалку во глава - најверојатно. Јас само првиот пат се нервирав што веќе во подоцнежните месеци ограничени се позите... А што се однесува до наштетување на плодот... да, многу се плашев, ама потоа ми кажаа дека тоа се глупави, неосновани стравови, чак што више, сексуално активниот живот во текот на бременоста помагала за полесен пораѓај.
До некаде да, слично е како во ПМС, само што тој ви трае по некој ден, а ова трае 9 месеци, од кои само 2-3 дена се „мирни“. Не знам за другите трудници, ама жена ми плачеше многу често во првата бременост, во втората беше како некоја вештерка, не плачеше туку кршеше флаши и чаши, но затоа, по бременоста минуваше денови во плачење затоа што не успеала сама да ја заспие ќерка ми.
Како се смируваше во тие мигови... хм, многу сакаше да ѝ читам романи, не таа да ги чита, туку јас да ѝ ги читам. Слушаше музика, грицкаше секакви семкасти плодови и имаше мигови кога сакаше да разговара без престан - било да е со мене, другарките, сестра ми... Во оваа бременост, обратно од сите други - не сака да разговара, сака да е сама, исклучена. Сѐ ѝ смета, музика, филм, телевизија, чак што више има денови кога и јас ѝ сметам...
Е сега, првото прашање, последно да го одговорам: Што се случува ако не ја јаде храната што ја сака...
Еве пример периодов, не сме во можност да јаде од кифличките што не знам што се толку магични, бидејќи не сме дома, и се обидовме да најдеме замена, пробавме кифлички од сите околни места, ама ништо, не чинат, ја немаат „магичната“ состојка. Па затоа, направивме една „малку нездрава опција“, купивме повеќе, ги замрзнавме, па ѝ одмрзнувам кога сака. Ама вчера ми се расплака додека ги јадеше, ја фати носталгија за дома. Не знаев како да реагирам. Всушност, дури денес ми кажа зошто всушност плачела, вчера не знаеше да ми објасни.
А исто, искуство - не од жена ми, туку од сестра ми. Ѝ се јадеше многу мусака, па ајде, Бате да ѝ направи. До пред некое време имав лузно на рака од тоа што ме изгреба - сум ја пресолил, ѝ се слоши кога касна и ме нападна...
Инаку, сега ми текна, во подоцнежната фаза од бременоста, кога плодот се мрда низ стомаче - бидејќи ќерка ми уште од стомак ги покажа мувите, буквално се деформираше стомакот на жена ми, како да стануваше во стомак, многу е убаво да им се пушта музика или да се гали стомачето.