Ке оди да го посети. Ке оди за последен пат. Ке ја сокрие сета своја гордост, ке ја стутка вешто помеѓу сите сокриени емоции и чувства... нема да тагува, не тагувала никогаш, не пред него... не и пред него...
``И ти знаеш`` промрморува тивко додека празно гледа во сенките на сивиот мермер...
Одложува, ке оди утре.
Се обидува да дише длабоко и смирено, да заспие... Неможе да спие...
Го замислува, сака да се присети на неговото лице, се и е како низ магла... Препознава само една бледа силуета на висок и силен маж со кожа потемнета од силното летно сонце.
...И надоаѓа мирис на свежо искосена трева. Силно воздивнува, вдишува длабоко и затворајки ги очите, потонува во занесен сон. Таа повторно трча кон него со раширени раце. Му се припива на едната нога и го стега силно, силно за никогаш да не ја напушти...
... или ...
...Додека го држи за рака ја споредува големината на неговата со нејзината дланка. ``Трипати поголема`` забележува. Тој е нејзиниот херој. Доволно е голем и силен... Тој е нејзиното засолниште, нејзината потпора...
Утро е.
...Ја допира штотуку испегланата облека, го допива утриското кафе. Внимателно ја разгледува собата и погледот и запира крај часовникот на ѕидот. Ритамот на сказалките полека и ги затвора очите... ја лазат морници... тоне... сонува...
Таа повторно трча кон него со раширени раце. Му се припива на едната нога и го стега силно, силно за никогаш да не ја напушти, но тој не запира, чекори кон неповрат, ја турка безмилосно и силно на мокриот песок. Таа останува да лежи... замислува дека е мртва. Го запира здивот, не дише...
...или...
...Додека го држи за рака ја споредува големината на неговата со нејзината дланка. ``Трипати поголема`` забележува. Тој е нејзиниот херој. Доволно е голем и силен... Тој е нејзиното засолниште, нејзината потпора... Тој не и ја стега раката како што таа посакува, ја испушта... Вратата се отвора и затвора после него...
Ноќта е темна и студена. Нејзиниот поглед сеуште е вперен кон таа врата. Силно ги напрега ушите, го следи секој шум... Таа врата никогаш повторно не се отвори.
Ке оди утре.
..........................................................
Веке е пладне. Старецот полека излегува од својата мала соба и влечкајки ги нозете полека една по друга, немоќно воздивнува и конечно успева да седне на старата столица во дворот. На масата го чека веке одамна изладеното утринско, горчливо кафе и внимателно подготвениот појадок. Не сака да јаде. Се напива голтка од кафето и прави незадоволна гримаса. Чека... Најпосле наслушнува чекори, ``Колку е часот`` прашува...
... ``Нема да дојде. Нема да дојде денес``
Влегува во собичката и гневно се фрла на стариот кревет. Сонува...
..........................................................
``Добар ден. Да јас сум, но господине вие најверојатно сте го погрешиле бројот... мојот татко одамна умре, умре, умре, умрееее`` Го прекинува разговорот... Го покрива лицето со растреперените дланки... ``Ке дојдам утре тато, сакам да дојдам... Но која сум јас? Која маска треба да ја симнам за повторно да бидам твојата мала ќеркичка? Ми требаш ли? Те мразам ли? Зарем можам да ја соголам мојава душа пред тебе и зарем можам да ти кажам дека те мразам... зарем можам да ти кажам дека ми требаш?``
...........................................................
Неможе да издржи... се врти на другата страна, ја подига главата и вика... најпосле од некаде се појави една испружена дланка и му го подаде телефонот кој го посака...
Плаче... ја очекуваше денес... ја очекуваше вчера... ја чека веќе со години секој ден... се надева, ке се надева се дури дише... ``Знам дека ке дојдеш. Знам дека сакаш да дојдеш. Но кој сум јас? Што ке ти кажам кога ке те видам? Која ли маска треба да ја симнам за повторно да бидам твојот херој, твоето засолниште, твојата потпора... Ме мразиш ли? Ти требам ли? Зарем можам да ја соголам мојава душа пред тебе и да ти кажам дека знам колку ме мразиш... зарем можам да ти кажам дека знам колку ти требам?``