Покрај веќе постоечките теми каде тематиката е релативно константна, сметам дека би требало да имаме тема каде што темите за пишување ќе бидат поставувани во некаков временски рок. Може да речеме да биде модераторот оној кој ќе ги поставува. Или следново: да се прави еден вид на мал натпревар, да се постави темата за краток расказ, да се напише истиот, и оној кој ќе собере најмногу допаѓања, да биде „автор“ на следната. Модераторите да го менуваат насловот на темава (оној горе, зошто само тие ги имаат ингеренциите нели), поради прегледност и брза навигација на истата. Значи дајте малку креативност да ставиме на форумов, да почнеме да делиме свои креативни перцепции кон одредени теми за изразување.
Си зедов за слобода да бидам првиот кој ќе постави наслов на тема па нека биде:
- Соголени.
Си зедов за слобода да бидам првиот кој ќе постави наслов на тема па нека биде:
- Соголени.