Пишуваме на зададена тема (прашања и предлози)

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Покрај веќе постоечките теми каде тематиката е релативно константна, сметам дека би требало да имаме тема каде што темите за пишување ќе бидат поставувани во некаков временски рок. Може да речеме да биде модераторот оној кој ќе ги поставува. Или следново: да се прави еден вид на мал натпревар, да се постави темата за краток расказ, да се напише истиот, и оној кој ќе собере најмногу допаѓања, да биде „автор“ на следната. Модераторите да го менуваат насловот на темава (оној горе, зошто само тие ги имаат ингеренциите нели), поради прегледност и брза навигација на истата. Значи дајте малку креативност да ставиме на форумов, да почнеме да делиме свои креативни перцепции кон одредени теми за изразување.
Си зедов за слобода да бидам првиот кој ќе постави наслов на тема па нека биде:
- Соголени.
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Moже секоја недела или пак понеделник тие што ќе пишувате да имате спремени наслови и да менуваме јас или lady_blue.
Сега ќе го сменам насловот Тука пишуваме на зададена тема: „Соголени“ и секоја наредна недела или друг одреден временски период да се менува.
Се надевам ќе има доста форумџии што ќе пишуваат. :)
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
Само имам едно прашање.. Текстовите ќе треба да ги постираме тука или да ги праќаме на модераторите? Инаку идејата е и повеќе од прекрасна.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Текстовите тука. Нешто многу слично на онаа со фотографиите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
И кога треба да се смени темата тагнете да ај сменам темата во случај да не видам :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

Auditore

Староседелец
4 мај 2012
284
272
663
Wherever you want me to be
Соголени

Беа моите погледи, беа моите гради
беше ти до мене со разголени мисли
чуваше место за своите јадови
измеѓу нас криеше замок од соголени тајни
пиеше од усните мои заведени со љубов
ми се довери со своите прегратки
ми даде дел од твоите страсти
потопени во моите сни, заледени во нашите души
ти ми даде причина да верувам во се`
во се` што ми значеше а беше далеку од мене
ме остави да чекорам по патека од магла
ме остави да се родам одново ко феникс од оган
ми даде сила да бидам сам во земја што ме јаде
ти и твоите соголени лаги овековечени во јаве
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Се прашувам сега, веќе по толку изминато време, дали доволно те познавав... И мислите ми се навраќаат на сето она што остана неотскриено, закопчано под крутиот капут на индиферентноста... со дебелите наслојки на шминка, со насмевка од порцелан. Доволно тенок при самиот допир да пукне.
Се плашам сето она што го градевме некогаш, кога бевме соголени во душите, кога безгрижно талкавме со мислите... Ти и јас... во светот на сето она што не би се нарекло само верба...дека ќе исчезне само за миг... како меур од сапуница. Можеби мојата соголенсот доведе кон тоа. Мојот приказ на ништожност , дека сум само обичен смртник кој безрезервно те љуби... Или пак твојата скепса во сето она што некогаш веруваше, а сега е само празен `од од една жртва кон друга. Твојата разумност.
Проклето студи надвор, сега кога веќе не си тука. Спомените кои ме навраќаат на тоа време будат само повеќе студ, ме тераат да го облечам палтото и да заминам веќе еднаш од ова проклето студено место.
 

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
...Останав сама.
Со разранета кожа, рани до коска, болка и преку нервите. Неперцептибилна.
А студот сече како жилет, знаеш ли?
Не тој надвор.
Ме скамени.
Ме остави кај крајот на сонот што го живеевме.
Барем ме разбуди.
Ме соголи. Ме соблече до најинтимната внатрешност.
Ме освести, за да имам шанса да заздравам...