Можеби е вашиот партнер, можеби е пријателката, можеби е колешката од работа или втората братучетка... Речиси секој од нас има една таква блиска личност, на која повеќе би и прилегало името непријател одколку пријател поради сета болка која ни ја нанела.
Дали поради завидливоста за нашите успеси, лакомите барања, инаетливото врескање или наметнатото однесување, најблискиот може да ни стане најдалечен. Еве како да му се спротивставиме и да не заборавиме за љубовта кон себе:
Не ми ја омаловажувај работата и не труди се да го обезвредниш секој мој успех за да си ја излечиш фрустрацијата што еднаш одамна повеќе сакаше да се опијануваш по кафулињата, наместо да учиш за на факултет или затоа што земаш помала плата од мојата.
Премногуте направени компромиси направија да се разводенам како личност, а кога ќе погледнам во огледало повеќе и не го пронаоѓам оној силен карактер, кој некогаш го имав.
Мора да сфатиш дека како мала не сум тепана со стап за да се научам на добро однесување, туку сум воспитувана со правилна комуникација, па така ако сакаш да добиеш нешто од мене тоа ќе го извлечеш само со правилен збор и добар пристап.
Мојот живот не е ниту нијанса помалку важен од твојот, па така ќе слушаш внимателно се што ќе ти кажам, без разлика дали тоа е кој видов вчера, дека изутринава ме болеше стомакот или дека ме избркаа од работа.
Дали поради завидливоста за нашите успеси, лакомите барања, инаетливото врескање или наметнатото однесување, најблискиот може да ни стане најдалечен. Еве како да му се спротивставиме и да не заборавиме за љубовта кон себе:
НЕ ГИ ЛЕЧИ ФРУСТРАЦИИТЕ НА МЕНЕ!
Нема да ти дозволам да бидам лек за твоите фрустрации... Твоите нереализираните соништа не ти даваат воопшто за право да удриш со камшик по моите и да фрлиш сенка врз нив.Не ми ја омаловажувај работата и не труди се да го обезвредниш секој мој успех за да си ја излечиш фрустрацијата што еднаш одамна повеќе сакаше да се опијануваш по кафулињата, наместо да учиш за на факултет или затоа што земаш помала плата од мојата.
НЕ БАРАЈ НЕШТО КОГА НЕ СИ ЗАСЛУЖИЛ/А!
Престани да ми префрлаш зошто не сум ти се јавила, не сум ти била поддршка или не сум се понудила за материјална или било каква помош! Знаеш и сам/а дека до вчера бев тука за тебе во секој миг од денот и ноќта, но од денес ја започнав играта на заслуги, па така секој нареден ден се до крајот на животот планирам добрината и дрскоста кон тебе да ги применувам според твојата заслуга.ПОВЕЌЕ НЕ ТИ ПРОСТУВАМ!
Повеќе не простувам, не прегледувам низ прсти и не заборавам. Знам, сама ќе си ја трујам душата со негативна енергија, но знам дека само така ќе ја задржам преостанатата гордост после сите порази, која ќе направи да се ценам себе си, а личноста со самопочит е сакана, па така најверојатно ќе ме сакаш и ти повторно.ПОВЕЌЕ НЕ ПРАВАМ КОМПРОМИСИ!
Не можам веќе да глумам за да бидам приближно до твоите идеали за совршена партнерка/пријателка (итн.). Премногу долго се прилагодував и модифицирав само за тебе, отсега ќе го правам тоа, но само за себе, според својот личен критериум за квалитетна личност.Премногуте направени компромиси направија да се разводенам како личност, а кога ќе погледнам во огледало повеќе и не го пронаоѓам оној силен карактер, кој некогаш го имав.
ПОВЕЌЕ НЕ ТРПАМ НЕПРАВДИ!
Повеќе нема да го трпам твоето инаетливо врескање, закани и ултиматуми, ти си слободна личност, па можеш да заминеш од мојот живот уште истиот миг.Мора да сфатиш дека како мала не сум тепана со стап за да се научам на добро однесување, туку сум воспитувана со правилна комуникација, па така ако сакаш да добиеш нешто од мене тоа ќе го извлечеш само со правилен збор и добар пристап.
ПОВЕЌЕ НЕ СЛУШАМ, АКО НЕ СУМ ЧУЕНА!
Случувањата од твојот живот ми се важни, но од денес ќе останат нечуени, затоа што ќе ги затворам ушите и ќе ми одлута умот уште следниот пат кога ќе започнеш да говориш без пред тоа да ја научиш лекцијата да бидеш добар слушател.Мојот живот не е ниту нијанса помалку важен од твојот, па така ќе слушаш внимателно се што ќе ти кажам, без разлика дали тоа е кој видов вчера, дека изутринава ме болеше стомакот или дека ме избркаа од работа.
Дали имате некоја блиска личност која прави да се чувствувате вака?
Како се справувате со неа?
инаку со таквите гледам да бидам подалечна со нив и не се замарам многу многу, а тие колку сакаат нека се замараат, тоа мене не ме интересира 
