Писмо до сите мои „непријатели“

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Можеби е вашиот партнер, можеби е пријателката, можеби е колешката од работа или втората братучетка... Речиси секој од нас има една таква блиска личност, на која повеќе би и прилегало името непријател одколку пријател поради сета болка која ни ја нанела.
Дали поради завидливоста за нашите успеси, лакомите барања, инаетливото врескање или наметнатото однесување, најблискиот може да ни стане најдалечен. Еве како да му се спротивставиме и да не заборавиме за љубовта кон себе:
НЕ ГИ ЛЕЧИ ФРУСТРАЦИИТЕ НА МЕНЕ!
Нема да ти дозволам да бидам лек за твоите фрустрации... Твоите нереализираните соништа не ти даваат воопшто за право да удриш со камшик по моите и да фрлиш сенка врз нив.
Не ми ја омаловажувај работата и не труди се да го обезвредниш секој мој успех за да си ја излечиш фрустрацијата што еднаш одамна повеќе сакаше да се опијануваш по кафулињата, наместо да учиш за на факултет или затоа што земаш помала плата од мојата.
НЕ БАРАЈ НЕШТО КОГА НЕ СИ ЗАСЛУЖИЛ/А!
Престани да ми префрлаш зошто не сум ти се јавила, не сум ти била поддршка или не сум се понудила за материјална или било каква помош! Знаеш и сам/а дека до вчера бев тука за тебе во секој миг од денот и ноќта, но од денес ја започнав играта на заслуги, па така секој нареден ден се до крајот на животот планирам добрината и дрскоста кон тебе да ги применувам според твојата заслуга.
ПОВЕЌЕ НЕ ТИ ПРОСТУВАМ!
Повеќе не простувам, не прегледувам низ прсти и не заборавам. Знам, сама ќе си ја трујам душата со негативна енергија, но знам дека само така ќе ја задржам преостанатата гордост после сите порази, која ќе направи да се ценам себе си, а личноста со самопочит е сакана, па така најверојатно ќе ме сакаш и ти повторно.
ПОВЕЌЕ НЕ ПРАВАМ КОМПРОМИСИ!
Не можам веќе да глумам за да бидам приближно до твоите идеали за совршена партнерка/пријателка (итн.). Премногу долго се прилагодував и модифицирав само за тебе, отсега ќе го правам тоа, но само за себе, според својот личен критериум за квалитетна личност.
Премногуте направени компромиси направија да се разводенам како личност, а кога ќе погледнам во огледало повеќе и не го пронаоѓам оној силен карактер, кој некогаш го имав.
ПОВЕЌЕ НЕ ТРПАМ НЕПРАВДИ!
Повеќе нема да го трпам твоето инаетливо врескање, закани и ултиматуми, ти си слободна личност, па можеш да заминеш од мојот живот уште истиот миг.
Мора да сфатиш дека како мала не сум тепана со стап за да се научам на добро однесување, туку сум воспитувана со правилна комуникација, па така ако сакаш да добиеш нешто од мене тоа ќе го извлечеш само со правилен збор и добар пристап.
ПОВЕЌЕ НЕ СЛУШАМ, АКО НЕ СУМ ЧУЕНА!
Случувањата од твојот живот ми се важни, но од денес ќе останат нечуени, затоа што ќе ги затворам ушите и ќе ми одлута умот уште следниот пат кога ќе започнеш да говориш без пред тоа да ја научиш лекцијата да бидеш добар слушател.
Мојот живот не е ниту нијанса помалку важен од твојот, па така ќе слушаш внимателно се што ќе ти кажам, без разлика дали тоа е кој видов вчера, дека изутринава ме болеше стомакот или дека ме избркаа од работа.

Дали имате некоја блиска личност која прави да се чувствувате вака?
Како се справувате со неа?;)
 

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
33
Струмица
Секако дека имам, и тоа не е еден, двајца повеќе се... можеби затоа што се преферирам да кажувам во лице... :eek инаку со таквите гледам да бидам подалечна со нив и не се замарам многу многу, а тие колку сакаат нека се замараат, тоа мене не ме интересира ;)
 

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Немам такви.. Може има некои луѓе кои ми згрешиле и ме разочарале на било кој начин но истите тие повеќе би ги нарекла малоумни.... “Непријатели,“ тежок збор ми е тој... А и стварно никогаш не сум помислила дека ги имам....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dee Dee and Lady*

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,524
1,183
Big Sur
Амин! Огромен амин!
Сум ги имала, ги имам и ќе ги имам. А не велам дека и јас самата не се пронаоѓам во нешто од другата страна, сум знаела да бидам и нетрпелива и да не сакам да сослушам, но во моменти на нервоза, која патем, брзо ми минува, ама едноставно некогаш главата ти чури и не си спремен секоја информација плус да ја примиш.
А како се справувам? Баш на ист начин како што е горе наведено. Трпиш, трпиш па кога ќе ти пукне, и уште кога потсвесно пак сакаат ти да се чувствуваш виновно и ко последно лајно, молим лепо, ако не сум заслужила нешто - нека не добивам, ама како што нема да добивам ни убавини, не сакам да добивам ни грди работи, ако другата страна сака да биде чуена и да си прикрие вина со тоа што ќе ти префрла тебе за твоите хирови, без да те сослуша, исто не бива. Или се’ или ништо.
За вакви работи, златната средина баш и не е златна. Сепак најарно било „Како ти со мене, така и јас со тебе.’
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TIGERWOMAN31SK and Lady*

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,194
1,123
Скопје
Имам... ама нели велат на кој му збори устата дома не му е на арно. Публицитет. Нека си зборат па и устата за тоа им служи, што би се рекло можда во иднина од неа змии ќе им искачаат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady*

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Имај насмевка на лицето и кога си тажен твоите непријатели се хранат кога те гледаат беспомошен..затоа нека умрат од глад..:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady*

TIGERWOMAN31SK

Истакнат Член
3 јули 2012
822
697
93
го возвраќам ударот кад тад,нека размислат дали им се исплати да ми бидат непријатели.башка разрешени се,т.е.од далеку ми се непријатели,барем не ми се мотаат секојдневно у животот да ми глумат колку ме сакаат