Партнер од друга вера?

Nemirna.

Активен Член
14 февруари 2012
116
84
28
А би биле ли во кратка љубовна авантура со некој од друга вера ? Без брак и такви глупости. Еве тинејџери сте... па, за или против? :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

TIGERWOMAN31SK

Истакнат Член
3 јули 2012
822
697
93
немора да е муслиманска вера еве било која нека е треба да ги разгледам сите фактори,секој случај е посебен,за да видам дали би било во ред.пошо јас и онака не се сметам за религиозна.
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Во нашава мала државичка сеуште има табуи за партнер со друга вероисповед или друга боја на кожа.
Партнерите или се сакаат или не се сакаат,а другото зошто и кому треба да му биде важно. Тоа е исто дали партнерот има сини или зелени очи,или пак дали е висок или низок. Јас немам проблем со тоа, но другите околу мене секогаш коментираат. Многу ми е жал што многу врски не можат да го издржат тој притисок на семејствата и се разделуваат. Дали има нешто поважно од љубов меѓу двајца?
Сите на ист начин се раѓаме и на ист начин умираме, и во тој миг никому не му е важно дали е црн или бел, дали е христијанин или муслиман или што било друго....
Матерјалот од кој се направени луѓето е ист.Поделбите ние си ги правиме во нашиот ум.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Немам ништо против таков брак од животов се можеме да очекуваме но лично за мене не би имала храброст да се впуштам во такво нешто иако не сум потресена по религијата не би можела. За едно мое задоволство или желба да повредам толку многу луѓе не би издржала па после додека сум жива совеста да ме јаде од внатре никако.
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
За едно мое задоволство или желба да повредам толку многу луѓе не би издржала па после додека сум жива совеста да ме јаде од внатре никако.
Девојко, тебе треба да биде убаво, а не на околината. Совеста во секој случај ќе те јаде, ако направиш, и ако не направиш нешто.
:)
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Девојко, тебе треба да биде убаво, а не на околината. Совеста во секој случај ќе те јаде, ако направиш, и ако не направиш нешто.
:)

оди разбери се со мојот ум, секогаш на прво место ги ставам другите па дури на крајот сум јас. Никогаш не сум си обрнувала внимание, а сега веќе касно е да мислам за себе, го испуштив возот кога требаше да мислам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор and Y1K991

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
оди разбери се со мојот ум, секогаш на прво место ги ставам другите па дури на крајот сум јас. Никогаш не сум си обрнувала внимание, а сега веќе касно е да мислам за себе го испуштив возот кога требаше да мислам.
И јас така мислев, пред 3 години. Потоа запознав девојка од друга националност и вера, и поминавме нецела година заедно. И не се каам. :)
И никогаш не е доцна.
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
И јас така мислев, пред 3 години. Потоа запознав девојка од друга националност и вера, и поминавме нецела година заедно. И не се каам. :)
И никогаш не е доцна.

Абе јас немам ништо против тоа да, би имала повеќе храброст би била во таква врска но работава е што последиците, начинот на кој што ќе реагираат семејствата ќе ме јадат и поради тие работи нема да уживам во таа врска, а што ќе ми е таква врска кога сум цело време под притисок.
Плус како и да погледнеш сите ќе страдаат од една страна родителите пошто одиш против нивна волја, а од друга страна партнерот пошто таа врска поточно таа љубов колку и да е искрена, и чиста е ограничена и и се знае крајот. Па зашто воопшто да почнува. Само ради тоа не би почнала таква врска, не давам шанси на работи кои знам дека нема да успеат и не сакам ради нив да страдаат други мои блиски луѓе па макар и да е партнерот зошто да му давам надеж кога знам дека ништо нема да бидне од тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Јас па мислев дека тие табуа се надминати....сеа простете шо ќе го кажам ова, ама вера у 21 век да ти биде пречка за нешто, за било што....изгледа има проблем ко шо читам погоре , незнам може јас навлегувам па премногу оптимистички , не сум имала врска со некој од различна вера така да не би можела сеа да навлегувам , но кога еве би била ако стварно ми значи таа личност мислам дека ќе се борам. Јас овде гледам само една болна точка - до кога со вакви размислувања, ете само тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Podem and Prashina