Оскари 2016

Дали Лео ќе си оди дома со оскар?


  • Вкупно гласале
    14
  • Poll closed .

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
@Хоуп* , отворете една тема во која може да се пишуваат спојлери а во сите други спојлерите треба да се во таг и максимално да се казнува секакво истрчување со отворен спојлер.
Па оваа тема ни е за спојлери и темите каде во насловот си е потенцирано за можни спојлери. По други теми колку можам пазам да нема. Ако заприметиш пријавувај. А за казнувања, малце потешко кај нас, ќе ми се налутат и ќе го напуштат форумот :)
Ако мислиш дека има потреба за некаква тема слободно отварај.
 

Harvie

Староседелец
8 декември 2014
83
59
1,018
Мислиш дека Ињариту ќе освои пак за режија?
Тешко веројатно. Не е Американец, а Американците се малку крути кога треба да ја дадат наградата на странец. А не па две години едно по друго. Мислам дека оскарот за режија ќе го земе Џорџ Милер за Mad Max: Fury Road, или евентуално Тод Хејнс за Carol. Тие се напред во трката во моментов, а МекКвин, Ињариту, Спилберг, Скот... следат.

Иако, јас не би имал ништо против Ињариту да земе.

Го заборавив и Адам Меккеј за The Big Short. Уште не сум го гледал, ама ептен го фалат.
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Замислете, само замислете Лео да земе Оскар што ќе се дешава на социјалните мрежи. Интернетот ќе експлодира! :D
Инаку, Лео е еден од најдобрите актери на денешницава. Човекот може да игра улога на келнер со која ќе има две реплики се на се до улога како оваа последната во The Revenant и во сите да блесне и биде најдобар. Оскарот му е заслужен одамна.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Harvie

Harvie

Староседелец
8 декември 2014
83
59
1,018
Замислете, само замислете Лео да земе Оскар што ќе се дешава на социјалните мрежи. Интернетот ќе експлодира! :D
Инаку, Лео е еден од најдобрите актери на денешницава. Човекот може да игра улога на келнер со која ќе има две реплики се на се до улога како оваа последната во The Revenant и во сите да блесне и биде најдобар. Оскарот му е заслужен одамна.
Муабетов кружеше за Мерил Стрип до лани: дрво да глуми, и да стои неподвижно цел филм, пак ќе ја номинираат. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: True_Blood

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Засега ги изгледав The Revenant, The Hateful Eight, Bridge of Spys, Spotlight и започнав The Big Shot, но напола морам да го оставам за утре.

The Revenant е океј филм, глумата на Лео не е лоша, но ми делува премногу форсирана. Режијата е одлична, ако за нешто вреди да се гледа филмот, тоа е за режијата. Сите тие прекрасни пејсажи, планини, брзи реки, шуми, снег, дрвја раздувани од силен ветер, сите тие слики со тие природни звуци... ме хипнотизираа, искрено. И мене ми се допаднаа тие кадри од жабја перспектива, му дава некоја посебна театралност на филмот. Приказната како приказна не е лоша, но имаше неколку моменти кај што си помислив дека претеруваа. Но, имаше и доста интересни сцени, на пример таа со коњот (не би да пишувам во детали, тие што го гледале, знаат за што зборувам). Иако малку исфорсирана глума, сепак морам да го испоштувам Лео за својата пожртвеност за филмов. Постојано изложен на снег (во ред, и останатите глумци), на тој студ беше во река неколку пати (видно беше дека екстремно многу му студи, поготово кога излезе од реката и веднаш започна прстите на рацете да си ги топли), беше закопан "жив", во устата неколку пати кал му се полнеше, плус прочитав некаде дека научил некаква (заборави која) боречка вештина, плус 2 индијански јазици и јадел жив џигер од бизон (веројатно поради сцената со самиот индијанец) иако тој е вегетеријанец. Така да, можеби редно време е да го добие тој оскар.

The Hateful Eight има најуникатна приказна. Мене ми се допадна режијата, не можам да кажам дека го обожавам Тарантино, но сепак интересен му е стилот. Заплетот беше убаво осмислен и размрсен на крајот, ликовите беа доста посебни и добро разработени, дијалогот беше забавен. Сепак, мислам дека е малце на некој начин хардкор за да биде номиниран за најдобар филм.

Bridge of Spys не ми беше лош, но не ми беше ниту пак ништо посебен. Приказната е баш онака америчка, речиси патриотска, така да, не би ме зачудило да помине добро на оскарите, само поради тоа. Како и да е, според вистинска приказна е снимен филмот и ликот за кого е снимен очигледно заслужува да биде вака испочитуван со добар филм.

Од сите овие, Spotlight ми е омилен. Добра приказна, мило ми е што е пренесена на големото платно. Екипата глумци е совршена, сите ми се допаднаа. Не можам да споделам подетално мислење, не можам убаво да го доловам мојот впечаток за филмов, но најтопло го препорачувам.

Сега за сега (пола изгледан), The Big Shot не ми се допаѓа нешто посебно. Дејствието е малце нејасно, тешко го пратам заплетот, речиси и не сфаќам што точно се случува. Има и доста ликови, што прават дополнително да се бунам. Ај ќе го изгледам и ќе пишам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Немa дa oсвoи Леoнaрдo oскaр. Првo зaтoa штo јaс глaсaв декa ќе oсвoи, втoрo декa и тoј е бaксуз кaкo мене и третo декa сите викaaт ќе oсвoи и ќе пaѓaaт вo трaнс aкo oсвoи. Зaтoa ни гoдинaвa немa, ќе си oдисo плaчење дoмa истo кaкo штo цимoлеше вo филмoт кoгa мечкaтa гo тепaше, a тoј јa уби сo еднa рaкa.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Немa дa oсвoи Леoнaрдo oскaр. Првo зaтoa штo јaс глaсaв декa ќе oсвoи, втoрo декa и тoј е бaксуз кaкo мене и третo декa сите викaaт ќе oсвoи и ќе пaѓaaт вo трaнс aкo oсвoи. Зaтoa ни гoдинaвa немa, ќе си oдисo плaчење дoмa истo кaкo штo цимoлеше вo филмoт кoгa мечкaтa гo тепaше, a тoј јa уби сo еднa рaкa.
Сега им правиш спојлери на луѓето. Уште да им кажеш за пресвртот на крај дека мечката мајка му испадна... ]:)
Нема да земе оскар колку што Наполи издоминира вчера и Фиорентина победи со Милан, и Торес даде 10 гола, и Македонија ја победи Полска, и тн и тн...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Harvie

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Сега им правиш спојлери на луѓето. Уште да им кажеш за пресвртот на крај дека мечката мајка му испадна... ]:)
Нема да земе оскар колку што Наполи издоминира вчера и Фиорентина победи со Милан, и Торес даде 10 гола, и Македонија ја победи Полска, и тн и тн...
Ќе видиш декa немa дa oсвoи. Пoсле ќе ми дoјдете тукa дa плaчете и дa викaте декa не е фер штo не oсвoил.
Кaде си виделa ти мечкa дa се убие сo еднa рaкa, чистa глупoст беше тoa. :)
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Ќе видиш декa немa дa oсвoи. Пoсле ќе ми дoјдете тукa дa плaчете и дa викaте декa не е фер штo не oсвoил.
Кaде си виделa ти мечкa дa се убие сo еднa рaкa, чистa глупoст беше тoa. :)
А кој друг подобар да освои? И го догледа филмот, ги гледаше другите филмови за да споредиш?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Harvie