Оскари 2016

Дали Лео ќе си оди дома со оскар?

  • Вкупно гласале
    14
  • Poll closed .

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Уште малку до оскаровската ноќ и до крајот на нашиот филмски предизвик, кој јас не го завршив. :(
Изгледа оваа година ќе е подобра од ланската, јас не ни можам да кажам дали ќе е бидејќи лани не сум изгледал ништо, ама гледам дека филмовите оваа година имаат попозитивни коментари. :)

Најдов да видам кои би можеле да бидат номинирани оваа година, и најдов. :)

За најдобар филм сигурен би требало да е: Spotlight
Филмови со најголеми шанси да бидат номинирани: The Martian, The Revenant, Star Wars, The Big Short, Room, Mad Max.

За најдобар режисер сигурни се:
Tom McCarthy - Spotlight
George Miller - Mad Max
Ridley Scott - The Martian
Одма позади нив се:
Adam Mckey - The Big Short
Steven Spielberg - Bridge of Spies
Alejandro Inarity - The Revenant
Todd Haynes - Carol

За најдобар актер сигурен е: Leonardo DiCaprio
Оскарот ќе се обидат да му го земат:
Matt Damon - The Martian
Bryan Cranston - Trumbo
Eddie Redmayne - The Danish Girl
Michael Fassbender - Steve Jobs
Johny Depp - Black Mass
Will Smith - Concussion

Има уште категории знаете, ама да не ги пишувам сите, секако може и за нив да пишуваме.
Најбитно ни е да видиме дали Лео ќе земе оскар и плачејќи да си каже говор, или па повторно ќе дели аплаузи и ќе се нервира во себе.
Затоа една анкета ќе ставам па да видиме дали ќе погодиме. :)
 
Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Мет Дајмон нема шанса да му земе оскар никому, Мет Дајмон го глуми Мет Дајмон во сите негови филмови и постојано го спасуваат од некаде. Марсовецот е добар филм ама глумата не е ништо посебно.

За другото не можам да коментирам повеќето не ми се гледани, ќе видиме што ќе биде.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Ако повраќаницана Mad Max земе било каква награда, официјално прогласувам бојкот кон наградиве.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
The Revenant, некаде пола саат на почеток додека гледав стварно ми беше досадно. Пола саат приказната не мрдна од мртва точка, се мачев да разберам што се дешава, некако ликовите сите ми личеа еден на друг, не можев да се снајдам, да фатам тек и да почнам да уживам во филмот. Но, следните два саати сосема, ама баш сосема ми го променија мислењето. Дефинитивно сум сигурна 100% дека оваа година оскарот ќе го земе Леонардо, затоа што поштено си го заслужи.
Ми летнаа два саати како две минути, го изгледав во еден здив, а и покрај тоа што и не сум баш некој фан на авантури овој ми се допадна.

После филмов, прочитав некаде дека Мет Дејмон може да го земе оскарот на Лео, па си реков чим овој горе е толку добар, па каков ќе биде тој во улогава. И го гледав одма после тоа. Тоа што го прочитав и што го замислив како би изгледало беше поинтересно од тоа што го видов. Филмот беше ок, а улогата на Мет Дејмон даааааалеку од тоа дека би парирала со оваа погоре. Јас да сум не би го ни номинирала, ама добро тоа сум само јас...
Се на се два добри филмови што дефинитивно без разлика на се треба да се изгледаат.

Друго не ми се фати за око да гледам, ама ќе изгледам деновиве.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Harvie and Altaïr

Како завршува Revenant? Имав право дека ќе ги истепа сите?
Иначе демек Bridge of Spies бил исто така добар, колку што слушнав. :)
 
Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Како завршува Revenant? Имав право дека ќе ги истепа сите?
Иначе демек Bridge of Spies бил исто така добар, колку што слушнав. :)
Ај догледај го :D
Не знам, имам во план да ги гледам повеќето, па ќе видиме... А иначе мислам дека помалце ќе ти се допадне The Revenant од The Martian.
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Ај догледај го :D
Не знам, имам во план да ги гледам повеќето, па ќе видиме... А иначе мислам дека помалце ќе ти се допадне The Revenant од The Martian.
Знам, повеќе сакам такви како Марсовецот. Не ми е проблем за спојлери ама ај да не се лутат другиве. Мислам дека во право бев, и така налутен им влегол на сите. :)
Овие другиве не ни знам, не ми се троши нет, некако не ме влечат, исто како лани. Којзнае, можеби не е во ред нешто со мене. :)
 
Harvie

Староседелец
8 декември 2014
83
59
1,018
Го немам гледано уште Spotlight, не сака да искочи никаков subtitle уште, па за сега за мене The Revenant е филмот на годината! Каква кинематографија има филмот, да паднеш на задник. Совршенство од кадри со кои Лубецки ја потенцира надмоќта и големината на природата над кревкиот човеков живот. Човекот понекогаш е прикажан во таква подреденост, што речиси камуфлира, се стопува во природата. Перспективата е исто така интересна - најчесто снима од жабја перспектива со што се мултиплицира големината на она околу. А уште кога прочитав дека снимале само на дневна светлина за се да изгледа пореално, без воопшто да користат вештачко светло, па снимањата им траеле само по неколку часа дневно, останав без зборови. Не ми е многу гајле за оскарите на Лео и Ињариту, да бидам искрен, иако и нивните се повеќе од заслужени, но ако Лубецки не го освои својот оскар, тоа би било рамно на криминал. А знам дека нема - крути се од Академијата кога треба да дадат на ист човек трета година по ред.

Кај анимираните Inside Out веќе го држи оскарот со една рака, и заслужено, но The Peanuts Movie кој игра на картата носталгија, кај мене ја доби партијата. Истите прекрасни ликови: Чарли, Луси, Лајнус, Снупи, Вудсток..., истата претпразнична меланхолија, хуморот кој отскокнува од оној кој другите анимирани вештачки го нудат, одлична музика... Ме разнежи и врати во детството.
А од The Good Dinosaur очекував повеќе. Пиксар тука потфрли.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr and Io Sono

Мислиш дека Ињариту ќе освои пак за режија?
 
Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
@Хоуп* , отворете една тема во која може да се пишуваат спојлери а во сите други спојлерите треба да се во таг и максимално да се казнува секакво истрчување со отворен спојлер.