Општа култура

The_melnicanecot

Истакнат Член
16 февруари 2012
237
392
363
37
Скопје
Сите сме се нашле во ситуација, каде нашата култура дошла до израз, каде она што не учеле родителите и воспитувачките од градинка и забавиште би требал ода го примениме.
Без никаква осуда, колку сте задоволни од општат култура кај нас?
Колку Вие ја применувате? Дали треба да учиме од постарите доколку они не се однесуваат нај културно ?
Како реагирате доколку некој Ви згрешил ( ве згазнал во автобус, дискотека)и притоа не се извинил, Ви се турка во ред иако е постар од вас а не ве прашува за тоа? ДАЛИ СЕ ИЗВИНУВАТЕ ВИЕ ?
 

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Култура кај нас нема. Поголемиот дел од народот не слушнале што е тоа култура.
Се случува да не ми се извине некој после некоја постапка со која би ми згрешил ама ајде му простувам (ако ненамерно ја направил), а ако намерно не му простувам и го игнорирам.
Се извинувам да :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The_melnicanecot

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
Извини е зборче што јас го користам често... а кај нас мислам дека културата е на многу ниско ниво, што е дури жално, луѓето не се замрат, не им е гајле дали те назгазнале или повредиле тие одат, е сега секоја чест на поединците... пред 3 дена бев во полиција за лична карта, таму какво буткање има, нема каде да поминеш, абре луѓе сме, дај наредете се, чекајте си го редот, не ккој како дојде, право сака прв да е :nah колку пати ми се има случено во кафичите да ме назгазнуваат, ма ни извини ни ништо, продолжуваат напред... не е убаво така...
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Се извинувам јас..
Иначе една случка во автобус на ЈСП ме изнервира. Вака беше: (Рекорд-Центар) Двокатен автобус беше, ја отвори шоферот вратата што е најблиску до него т.е. предната излегоа сите луѓе и јас да се качам една стара жена се избутка за да влезе и јас за малце ќе паднев.. И јас и се пуштив да се карам дека ни извини да рече ни ништо. И демек ти си ваков, што сум јас крива она, ова почна да се вади како јас сум бил невнимателен и јас за малце ќе ја фрлев од автобус.. Старите од нас младите очекуваат култура а тие се однесуваат како говеда..
Ист случај во Лептокарија јас пак таман да се качам, пак една ме избутка идиотка ама врнеше јако, настинат бев и не ми беше добро.. Е тогаш ја бутнав во шоферот и ја пцуев.. И од сега во автобуси не ќутам, ни станувам на стари затоа што се идиоти. И татко ми има 57 години, па никој не му станува што работи од 4 00 до 18 00 ч..
Па мислиш некој ќе ти каже фала, жими к:cenzuraов...
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
За темава можам да напишам еп и да имам уште што да кажувам бидејки секојдневно се среќавам со лица кои немаат општа култура. Значи не им е на ниско ниво, туку воопшто ја немаат.
Тоа е поради домашното (не)воспитување зашто општата култура почнува да се стекнува од пелени.
Себеси се ставам со категоријата на лица со општа култура затоа што на неа ме научиле моите родители и јас ја применувам.
Знам кога да се извинам, знам кога некого да пуштам преку ред, кога да преминам на некултурно однесување, а кога да не преминам...
Но, имам уште една забелешка: не е се само кај младата популација. Не се само младите личности со општа култура на ниско ниво. Туку и оние постарите. Лица над 50тина години... Сум имала многу непријатни случки во јавни установи со постари лица кои мислат дека годините им даваат предност. Без пардон се туркаат и влегуваат преку ред. Со нив не вреди да се расправаш и да докажуваш. На ваквите случки преминувам, зашто од таков народ не ни очекувам нешто повеќе...
 

x3m

Активен Член
17 февруари 2012
139
169
43
Скопје
За случките во автобус... Секогаш ќе постојат старци кои ќе те направат подоле од гомно, ако ги погледнеш лошо, не ти е денот и изгледаш ужасно, ако спиеш на столче и наеднаш те буди и те прашува дали може да седне.
Последното можеби и изгледа логично, ама да ме буди кога околу мене има уште минимум 10тина деца од основно/средно, тоа веќе не е нормално.

Што се однесува до мене, јас секогаш гледам да бидам најкултурен што можам. Не се грижам за другите. Ако се удрам по грешка во некого, со најблаг тон ќе се извинам, ако некого згазам, со најблаг тон ќе се извинам. Дури и кога одам на шалтер, независно каде, се обраќам со, Извинете ќе може ли... итн итн. Прво ти биди културен за другите да видат што е тоа. Со тек на време ќе се научат. Можеби ќе треба 100 години, ама сепак, ќе стигнеме кога тогаш...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The_melnicanecot

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Секнење нос по улица и бришење од панталона, е тоа кога ќе го видам се прашувам само од која планина (или бачило) се симнала дотичната особа :eek:
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: N|ghtmare_f and True_Blood

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Општата култура не е само куртоазно користење на зборот извини.
Вака кога ќе размислам, општата култура го опфаќа целокупниот начин на домашно и самовтемелено воспитување.

Однесувањето на јавни места.
Поставувањето спрема околината.
Хигиенските навики!

... Секако дека внимавам и се однесувам како културно воспитана девојка, а не како избегана барска певаљка од сред мешање чочек на шанк.
Што се однесува до ова извиниво, не се лигавам, го користам само кога навистина има потреба.

И ужасно ме нервираат прости луѓе, затоа што нивниот простотилук ги прави ужасно комплицирани.:unsure