Омилен писател

Elizabeth Bathory

Истакнат Член
13 февруари 2012
353
407
363
Skopje
poe_portrait.jpg
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Да, вкусот со годините дефиниитвно ми се менува. Порано уживав додека го читав Коељо, Даниела Стил или Николас Спаркс. Не дека сега не читам нивни книги, ама поретко.. ако сакам да се опуштам со лесен роман инаку не.
Првенствено не читам писатели туку книги.. читам речиси се, Зафон би го издвоила, Венко Андоновски можеби и Гијом Мисо иако романите му се вбројуваат во горе споменатите лесни ама уште не сум го надраснала :D Му ги обожавам книгите... и немам омилен писател изгледа, само омилени книги :)
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Агата Кристи! Не дека не го сакам Шелдон и остали ама некако многу живоописно доловено и спакувано за разлика од другите, додека Шелдон ми e многу лигав ... Коељо порано многу сакав да го читам ама некако ми се здосади и од него , сега барам книги од некои домашни или поанонимни странски писатели. Спаркс, Александра Потер ми се исто интересни :)
 

Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
326
396
1,063
Зафон, Макс Гало, Јустејн Гордер, Оноре де Балзак, кога на моменти ми треба тешко развлекување на приказна.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Primrose

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
Тери Прачет, Агата Кристи.
Првиот заради уникатниот и неповторлив хумор во неговиот серијал Discworld, а Агата... затоа што е Агата, една и единствена. :)
A, да, и Чарлс Дикенс е тука некаде, најдобриот романописец во викторијанската доба (The Great Expectations, A Tale of Two Cities...). Ако имате време, читнете некој од неговите романи, по можност на изворен (англиски) јазик. :)