Уште една скала искачена, уште еден проблем надминат, уште една насмевка која го грее срцето и повторно проблем за надминување. Повторно болка и повторно насмевка. Мораме да се смееме, мораме да војуваме, можеме да изгубиме некоја битка, но не смееме да си дозволиме да ја изгубиме војната. Мораме да се бориме, дури и кога светот ни се руши над глава по којзнае кој пат. Така срушен, сив и пеплосан мораме да го градиме одново, да внесуваме светлина и ведро да вбризгуваме љубов во неговите темели. - MV