Омилени стихови

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Омилена(inlove)

Каква и да си, дојди; не се колебај при облекувањето.

Косата нека ти биде расплетена и патецот заплеткан
и елекот раскопчан, што е тоа важно.
Каква и да си, дојди; не се колебај при облекувањето.

Со итри чекори дојди по тревата.
Ако исчезне руменилото од твоите нозе, зашто има паднато роса,
ако прстените околу твоите нозе се рашират, ако бисерот испаѓа од твојата гривна,
што е тоа важно.

Со итри чекори дојди по тревата.
Глеј, се трупаат облаци на небото.
Јата жерави доелтуваат од далечни брегови,
а напати ветерот дува преку пустината.

Преплашен добиток бега кон шталите в село.
Глеј, се трупаат облаци на небото.
В залуд го палиш светилникот на столот заради своето
дотерување- трепери и се гаси на ветерот.

Кој гледа дека на твоите капаци нема црнило?
Твоите очи се потемни од тмурните облаци.
В залуд го палиш светилникот на столот заради своето
дотерување- трепери и се гаси на ветерот.
Каква и да си, дојди; не се колебај при облекувањето.

Ако венецот на твојата коса уште не е исплетен,
што е тоа важно;
ако синџрот околу твојот лакт не е закопчан,
нека го.
Небото е покриено со облаци - доцна е.
Каква и да си, дојди; не се колебај при облекувањето.
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
еден убав ден

таа е црна
гавран, тој сезнајко, во зима
ама е црвена
оган до оган, тлее и грее
таа е златна
житното поле на сите сликарски платна
е сина е сива е бела е цела
е
девојка која го чека Сонцето
да го изненади
еден убав ден
.
Astrostoper
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
(inlove)
Кога веќе немав што да загубам, добив се.
Кога престанав да бидам тој што бев,се пронајдов.
Кога се понижив и сепак го продолжив патот, сфатив дека сум слободен да ја избирам својата судбина.
Знам дека можам да живеам без неа, но би сакал пак да ја сретнам за да и го кажам тоа што не и го кажав додека живеевме заедно: те сакам повеќе од себеси.
Ако можам да го кажам тоа, ќе можам да продолжам да живеам намира - зашто таа љубов ме искупи
Паоло Коелјо
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
да сакаш некого без причина
е најдобра причина некого да сакаш
.да сакаш безгранично
е заправо самата граница колку можеш
.за да не си сам
е заправо доволна причина да си заљубен
а зар е важно како се‘ тоа започна?
важно е да не заврши
 

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Чекорев по нејна улица како блажен месечар
и со стапки среќата ја мерев
Мислата ми годеше, колку ли уживаше
мојта драга синоќа со мене

Есенските дождови наполниле олуци
се е влажно, а во душа гори
Колку среќа небеска во крвта моја балканска
таква среќа дури страв ми створи

Тоше Проески- Нај Нај
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Alley3112

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Позната им е на сите
осаменоста што понекогаш не крши
Кога ни го гази сонот или ги уништува
нашите зори.

Тоа е тагата на првиот ден на училиште
Тоа е кога тој ќе бакне поубава девојка во
дворот на гимназијата.
Тоа е Орли или Источната граница на крајот
од љубовта.
Тоа е нашето дете кое никогаш нема да го имаме

Тоа сум по малку јас
Тоа сте по малку вие

Но некогаш е доволна сaмо една средба

-Гијом Мисо
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Со мотика на рамо
за корка сува леб,
по патиштата стрмни,
по полињата paмни,
у вивналиов ден
да тprнeмe и ние
страдалници од век!
На деда Богoмил
земjата poвка, мека,
наба6рена за poд,
со страдна душа чека
ударите ни jаки
со мотиките остри
по троскот
пелин
трат!
На работа!
На труд!
Да прокопаме меко
полињата родни
афион, тутун, житце
да родат благородни.
И по кривите вади
да пропуштиме води
за оризите млади
и зелени лободи.

На работа!
На труд!
Да роди род богат!
Да бликне живот млад!
На пепел троскот, пелин
во огин пламен jад!Жилите да пуштат
корења длабоко
плодови да бликнат
високо, високо
слободно
на воздух!
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Ah, distinctly I remember it was in the bleak December,
And each separate dying ember wrought its ghost upon the floor.
Eagerly I wished the morrow; - vainly I had sought to borrow
From my books surcease of sorrow - sorrow for the lost Lenore,
For the rare and radiant maiden whom the angels named Lenore,
Nameless here for evermore.

- Edgar Allan Poe, The Raven
 

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
JEDAN NOVEMBAR

Studen. Duboka noć.
Zdaleka prozori kuća svetle.
Svetlost se stazama toči


Ko mnogo tihih sreća
Vezenih na platnu noći.

Vidim kako je dobro
Imati noćas svoj kut,
Sporo i bez svrhe idem,
Gola mi stabla beleže put.
O dobri ljudi, gorko je meni
Kad blješte oči vaših sreća
Na moje mrtvo polje,
Pa ipak sumnjam i ne znam ni noćas
Ni šta je dobro, ni šta je bolje.

Sam svojim dahom grejem smrzle ruke
I slušam kako vreme neumorno
Okreće točak, večno i sumorno,
Svetlost i tamu hiteć da sjedini,
I pređe pokrov, velik i jedini,
Za moju sumnju i za vašu veru,
Za vašu sreću, kao i za moj bol.

Ivo Andrić
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Nightmare_f