Омилени стихови

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Nek kroz život vodi vas
zvezda što plamti,
pod toplim dlanom obnovljene seni;
No s pozdravima
zauvek vas pamti
poznanik dobri, vaš Sergej Jesenjin!
 

Emma.T

Истакнат Член
23 декември 2012
241
352
163
My life is almost over; that's a fact
Statistically derived but simply true;
I look into the mirror, but it's cracked

And so reflects two, three, or more, that lack
Cohesion. Which one's goal shall I pursue—
My life is almost over; that's a fact— The broken mirror - David Berman

Во твојот свет без љубов
се ќе се престори во смрт
и се почесто само тоа те радува
Понекогаш, понекогаш љубовта е
соврчено циничен убиец, убиец! - Превез - Архангел

Таа е одраз,
таа е ехо на нечии трауми.
војна е девојка која нема милост
ниту за еден свој љубовник. - Војна - Архангел

После сите овие години
се будиш во свет кој нема минато,
свет кој нема иднина.
Ти си човек кој ќе згасне
со еден палав трепет на срцето
Ти си човек без име и презиме.
Ти си човек без име.
Морам да си одам, веќе предолго сум овде.
Негде далеку, што подалеку од тебе. - Човек без име и презиме - Арханегл
 

Mardy Bum

Староседелец
25 април 2012
177
180
643
behind you!
Le Vampire
Toi qui, comme un coup de couteau,
Dans mon coeur plaintif es entrée;
Toi qui, forte comme un troupeau
De démons, vins, folle et parée,
(....)
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
(Везилка - Блаже Конески)

...
- Два конца парај од срцето, драги,
едниот црн е, а другиот црвен,
едниот буди морничави таги,
другиот копнеж и светол и стрвен.

Па со нив вези еднолична низа,
песна од копнеж и песна од мака,
ко јас што везам на ленена риза
ракав за бела невестинска рака.

Судбинско нешто се плело за века
од двете ниски, два созвучни збора,
едната буди темница што штрека,
другата буди вкрвавена зора.
...
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Every night and every morn
Some to misery are born,
Every morn and every night
Some are born to sweet delight.

Some are born to sweet delight,
Some are born to endless night.

We are led to believe a lie
When we see not thro' the eye,
Which was born in a night to perish in a night,
When the soul slept in beams of light.

God appears, and God is light,
To those poor souls who dwell in night;
But does a human form display
To those who dwell in realms of day.

William Blake - Auguries of Innocence.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
На средина од мојот живот земен
го изгубив јас така својот пат,
се најдов в шума сам, сред густеж темен.

А таа шума, дива, чуден кат,
зарастена во трње, в буеж сета,
сред срце раѓа спомен, страв и лад.

Погорчлива одвај е смртта клета!
Но, за блаженството што сум го пил,
ќе раскажам за се’ што таму сретнав.

А како, кога патот ми се скрил јас не знам,
ништо не можам да речам,
од сонот мора пијан да сум бил.

Подножјето штом почнав да го сечам,
во срцето го сетив стравот сал,
и пред да почнам по рид да се влечам.

Воведната песна од „Пеколот“ - Данте Алигери.
Многу ми е криво што не сум ја запомнил цела... ја знаев ама ете ми избегала... :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Сара.13 and Lena

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Така зборуваше Заратустра

Го љубам оној кој живее за да спознава и кој сака да спознае, за еднаш да живее надчовекот. И така тој го сака своето пропаѓање.

Го љубам оној кој работи и пронаоѓа, за на надчовекот да му изгради куќа и за да ги обезбењди за него земјата, животното и растението, бидејќи така тој го сака своето пропаѓање.

Го љубам оној кој ја љуби својата енергија, бидејќи енергијата е волја за пропаѓање и стрела на копнежот.

Го љубам оној кој не задржува за себе ниту капка дух, туку целиот сака да е дух на својата енергија: така преминува тој како дух преку мостот.

Го љубам оној кој од својата енергија прави своја склоност и судбина: така тој заради својата енергија уште живее и веќе не живее.

Го љубам оној кој несака премногу од тие енергии. Една енергија е поенергична одколку две енергии, бидејќи таа е повеќе јазол за кој се фаќа судбината.

Го љубам оној чија душа се раздава, кој не сака да му се заблагодаруваат и кој не се заблагодарува никому: бидејќи тој секогаш подарува и несака да се штеди себеси.

Го љубам оној кој има среќна рака во коцкањето и кој попрво се прашува: зар јас сум измамник во играта - бидејќи сака да пропадне.

Го љубам оној кој пред своите дела фрла златни зборови, а сеуште остварува повеќе одколку што ветил: бидејќи тој го сака своето пропаѓање.

Го љубам оној кој ги оправдува оние што доаѓаат, а ги искупува минатите: бидејќи тој ја сака пропаста на оние кои се сега присутни.

Го љубам оној кој го прекорува својот бог, бидејќи го љуби својот бог: бидејќи тој мора да пропадне во бесот на својот бог.

Го љубам оној чија душа е длабока и ранлива и кој може да пропадне и при мало доживување: така тој со задоволство оди преку мостот.

Го љубам оној чија душа е преполна, така што заборава на самиот себе, и сите нешта се во него: така сите нешта ќе бидат неговото пропаѓање.

Го љубам оној кој има слободен дух и слободно срце, а неговото срце го тера во пропаст.

Ги љубам оние кои се како тешки капки што полека капат од темен облак што се надвиснал над луѓето: тие огласуваат дека доаѓа гром и пропаѓаат како гласници.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aleksis and Lena

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Ленка

Откако Ленка остави кошула тенка ленена недовезана на разбој
и на наломи отиде
тутун да реди в монопол
лицето и се измени,веѓите паднаа надолу
и усти свија кораво.
Не беше Ленка родена за тие пусти тутуни! Тутуни - жолти отрови,
за гради - китки розови.
Прва година помина,
грутка в срцето и легна:
втора година намина, болест ја в гради искина. Трета година земјата
на Ленка покри снагата.
И ноќе кога месечко гроб и со свила виеше, ветерчок тихо над неа
жална и тага лееше:
„Зошто ми, зошто остана кошула недоткаена? Кошула беше даровна..."
Коста РАЦИН
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Сара.13

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Најтажната песна - Пабло Неруда

Вечерва би можел да ги напишам најтажните стихови.
Да напишам, на пример: „Ноќта е ѕвездена,
и треперат модрите ѕвезди во далечината“.

Ноќниот ветер кружи по небото и пее.
Вечерва би можел да ги напишам најтажните стихови.
Ја сакав, а понекогаш и таа мене ме сакаше.

Во ноќите како што е оваа таа беше во мојата прегратка.
Колку пати ја бакнував под бесконечното небо.

Ме сакаше, а понекогаш и јас ја сакав.
Како да не ги сакам нејзините големи неподвижни очи.

Вечерва би можел да ги напишам најтажните стихови.
Да мислам дека ја нема. Да чувствувам дека сум ја загубил.

Да ја слушам бесконечната ноќ, многу побесконечна без неа.
А стихот паѓа врз душата како роса врз пасиштето.

Што е важно дека мојата љубов не можеше да ја сочува.
Ноќта е ѕвездена, таа не е со мене.

Тоа е се. Во далечината некој пее. Во далечината.
Мојата душа е незадоволна што ја загубила.

Мојот поглед ја бара како да сака да ја доближи.
Срцето мое ја бара, а таа не е со мене.

Истата ноќ ги облекува во бело истите стебла.
А ние од вчера, ние не сме повеќе истите.

Повеќе не ја сакам, сигурно, но колку ја сакав.
Мојот глас го бараше ветерот за да и го допре увото.

На друг. Ќе припадне на друг. Како и пред моите бакнежи.
Нејзиниот глас, нејзиното јасно тело. Нејзините бесконечни очи.

Повеќе не ја сакам, сигурно, но можеби сепак ја сакам.
Љубовта е толку кратка, а заборавот толку долг.

Зашто во ноќите како што е оваа ја држев во својата прегратка,
мојата душа е незадоволна што ја загубила.

Макар што ова е последната болка што таа ми ја причинува,
и овие стихови последни што за неа ги пишувам.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Затоа што е посебен.


Njene krupne oči su me pogledale.
- ,, Zdravo Ketrin. Udaj se za mene."
- ,, Nemoj molim te, rekla je ,,ne volim to"
- ,, Ne zezam se"
-,, E jebi ga Henk"
- ,, Šta?"
- ,, Rekla sam : 'jebi ga', i ako tako nastaviš, odoh prvim avionom"
-,, U redu"
- ,, Henk? "
- ,, Da? "
Pogledao sam je. I dalje je četkala svoju dugu kosu. Njene krupne oči su me posmatrale, smešila se. Rekla je: ,, To je samo seks, Henk, to je samo seks "

Буковски.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: cakar_ulav