Одговорна улога во семејството

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Жената треба да му дава поддршка на својот маж. Библијата вели дека жената е „дополнение“ на својот маж (1. Мојсеева 2:18). Тоа значи дека со своите особини и таа придонесува за среќата вобракот. Како негово дополнение, не се натпреварува со него, туку со љубов го поддржува и така помага да има слога во семејството. „Жените нека им бидат подложни на своите мажи“, стои воЕфешаните 5:22. Но, што ако за нешто не се согласува со него? Треба да се чувствува слободна да го изрази своето мислење со почит, внимавајќи на достоинството на својот сопруг, исто како што би сакала и тој да постапува со неа.
Ако пример (само пример) ти во својот брак се најдеш во ситуација каде што едвај ќе крпиш крај со крај, ќе бидеш единствената што ќе заработува и тоа ќе заработуваш точно само за да некако преживееш и дојде мажот и ти рече: Со денешната дневница јас ќе одам и ќе си купам шише ракија, а остатокот ќе го дадам на коцка, ти понизно ќе го поддржиш и ќе му ја дадеш и следната дневница да докажеш колку посветена жена си, само затоа што така стои во Ефешаните, или ќе се спротиставиш и ќе купиш леб за да си ги нахраниш децата? Пошто ако не дозволиш да ги земе парите, ти ќе го навредиш и ќе одиш против неговите потреби, а тоа библијата и стиховите погоре гледам не го одобруваат.
Ти како жена и мајка, како би реагирала?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МалиСашко

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Жената треба да му дава поддршка на својот маж. Библијата вели дека жената е „дополнение“ на својот маж (1. Мојсеева 2:18). Тоа значи дека со своите особини и таа придонесува за среќата вобракот. Како негово дополнение, не се натпреварува со него, туку со љубов го поддржува и така помага да има слога во семејството. „Жените нека им бидат подложни на своите мажи“, стои воЕфешаните 5:22. Но, што ако за нешто не се согласува со него? Треба да се чувствува слободна да го изрази своето мислење со почит, внимавајќи на достоинството на својот сопруг, исто како што би сакала и тој да постапува со неа.
Ова драга било некогаш во турско и пред тоа.
Секоја жена е способна сама да одлучува и да се бори во својот живот,без да подлегнува под желбите и барањата на мажот.Жената не е дополнение на мажот туку самостално створење кое заслужува да биде гледано како такво.Не сме се бореле толку години за рамноправност за на крај да дојде ваква изјава од женска гледна точка.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Ова драга било некогаш во турско и пред тоа.
Секоја жена е способна сама да одлучува и да се бори во својот живот,без да подлегнува под желбите и барањата на мажот.Жената не е дополнение на мажот туку самостално створење кое заслужува да биде гледано како такво.Не сме се бореле толку години за рамноправност за на крај да дојде ваква изјава од женска гледна точка.

Зависи, од христијанска гледна точка, балерина е во право, не за друго навистина тоа го пишува во библијата и тоа Бог го бара од жената. :)
Ама тоа е бајаги опширна тема околу декларираната припадност и реалноста... ќе отворам и за тоа некој ден тема, се колнам во Дејвид Мојс.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and balerina

balerina

Староседелец
1 април 2014
144
96
638
Ако пример (само пример) ти во својот брак се најдеш во ситуација каде што едвај ќе крпиш крај со крај, ќе бидеш единствената што ќе заработува и тоа ќе заработуваш точно само за да некако преживееш и дојде мажот и ти рече: Со денешната дневница јас ќе одам и ќе си купам шише ракија, а остатокот ќе го дадам на коцка, ти понизно ќе го поддржиш и ќе му ја дадеш и следната дневница да докажеш колку посветена жена си, само затоа што така стои во Ефешаните, или ќе се спротиставиш и ќе купиш леб за да си ги нахраниш децата? Пошто ако не дозволиш да ги земе парите, ти ќе го навредиш и ќе одиш против неговите потреби, а тоа библијата и стиховите погоре гледам не го одобруваат.
Ти како жена и мајка, како би реагирала?
Библијата го забранува пијанството и коцканјето.
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
@balerina ти се зафркаваш или имаш некое попско потекло?

Што се однесува до темава одговорност во семејството треба да имаат сите членови подеднакво (од најмали до најстари), семејството не се соочинува само од еден член па тој да диктира на сите останати не е фер така без разлика какви се бенифиции има.
Така сите страни би биле задоволни и би постоела некоја хармонија и мир во домот/семејството, а чим има мир има и убав живот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: balerina

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
30
домче
Јас сето тоа го прифаќам во врска со „мажот во куќата“. амааа...за да си МАЖ дома бара многу, братче. Не значи секогаш дека тој што има к**е е маж дома... Не велам дали е лошо или добро. Едноставно, некој се родил „со“ и сеа може на сите на глава да му се качува?
Јакиот маж што е одреден само по половиот орган!

Ако пример (само пример) ти во својот брак се најдеш во ситуација каде што едвај ќе крпиш крај со крај, ќе бидеш единствената што ќе заработува и тоа ќе заработуваш точно само за да некако преживееш и дојде мажот и ти рече: Со денешната дневница јас ќе одам и ќе си купам шише ракија, а остатокот ќе го дадам на коцка, ти понизно ќе го поддржиш и ќе му ја дадеш и следната дневница да докажеш колку посветена жена си, само затоа што така стои во Ефешаните, или ќе се спротиставиш и ќе купиш леб за да си ги нахраниш децата? Пошто ако не дозволиш да ги земе парите, ти ќе го навредиш и ќе одиш против неговите потреби, а тоа библијата и стиховите погоре гледам не го одобруваат.
Ти како жена и мајка, како би реагирала?
Во прашањево (прашање, иако е посочен одговорот:)) што го постави Хоуп има една чудна призма на погледи.
Ситуацијава ме потсети на неколку семејства што ги познавам, каде што со парите донесени дома мажот располага и никој друг. 1000 денари претплата на телефонот, син му нема млеко да пие дома. Детето гори од темература, тој си спие безгрижно како вол, пошто тој утре бил на работа и леб му носел, морало да се наспие... жената сама трча на среде ноќ го носи по доктори....
Прво што ми иди на памет е: вол... џаболебарош... трат еден, туѓи леб ќе земаш гнасооо!...(punch) А многу бре ги има такви! НЗС - некој грешно си ја сватил улогата на мажот.


Но и покрај сета таа беда од народ, ние треба да повлечиме црта. Жената си има своја улога, мажот си има своја. Секогаш било така и ќе биде. Улогата на жената треба да биде по неоптеретувачка (во смисла посмирена) но никогаш понеодговорна. Тоа е за сечие добро. Таа е мајка (кога веќе се одлучила да има деца), а местото од мајката не може никој да го заземе. Затоа мажот е тука да ги штити од секакви надворешни влијанија, целото семејство да живее што побезгрижно, жената и децата да не осетат никаков страв дека секојдневните случувања ќе ја нарушат хармонијата дома. Да трчаш прв... цела ноќ и двајцата да стоите над детето пошто имало температура, утре таа да остани да спие, а ти да заминеш во седум на работа без ОФ да речиш. И така натаму за се што треба...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: balerina and escape