Одговорна улога во семејството

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Во едно нормално функционално семејство по редот на нештата заштитничката улога треба да ја има мажот (сопругот), кој, според мене ја има улогата на носечки столб кој ја држи зградата полна со одговорности, емоции, убави и неубави моменти наречена дом.
Веднаш до него, треба да се наоѓа сопругата која ќе му ја пружа поддршката (и одвреме на нвреме ќе му ја вади душата:)) за да заедно го надоградуваат она кое го имаат.

Сметате ли дека мажот можеби треба да биде како Кевин Спејси во "American Beauty", улога на потчинет лингур кој нема свој став во врска со семејните работи (барем на почетокот од филмот)?
Како треба да се одржува функционалноста меѓу брачните партнери?

Дали е нормално еден од брачните партнери со љубоморни испади, контролирање на секој чекор, гушење на една индивидуа да се колне на вечна љубов иако голем број од нив се свесни дека тој начин на реагирање е обратно-пропорционален на хармонијата а богами и на нервите на сопругот/сопргата?

Дали ако се остави одгвоорната функција на мажот, тоа би значело и зимање преголема слобода од негова страна на штета на сопругата и обратна ситуација, секако.

Го немам гледано филмот, така што за тоа не можам да зборувам.

Јас сум жена, и ниту еден маж не е мој ,,водач,, или ,,носечки столб,,.
И никогаш нема да прифатам маж да биде мој ,,водач,, во животот.
Јас го почитувам договорот, и никој не смее да носи одлуки во ничие име.
Ниту тој во моето, ниту јас во неговото.

И не, мојов пример не се однесува на ,,лигуш,, маж. Барем овој што е до мене, е далеку од лигуш. А јас не сум негов привезок, напротив, најчесто јас сум ,,лидерот,,.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
326
396
1,063
Го немам гледано филмот, така што за тоа не можам да зборувам.

Јас сум жена, и ниту еден маж не е мој ,,водач,, или ,,носечки столб,,.
И никогаш нема да прифатам маж да биде мој ,,водач,, во животот.
Јас го почитувам договорот, и никој не смее да носи одлуки во ничие име.
Ниту тој во моето, ниту јас во неговото.

И не, мојов пример не се однесува на ,,лигуш,, маж. Барем овој што е до мене, е далеку од лигуш. А јас не сум негов привезок, напротив, најчесто јас сум ,,лидерот,,.
Сеа викаш дека почитуваш договор, дека никој не смее да носи одлуки во ничие име а себе си се декларираш за лидер :)
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Во едно нормално функционално семејство по редот на нештата заштитничката улога треба да ја има мажот (сопругот), кој, според мене ја има улогата на носечки столб кој ја држи зградата полна со одговорности, емоции, убави и неубави моменти наречена дом.
Веднаш до него, треба да се наоѓа сопругата која ќе му ја пружа поддршката (и одвреме на нвреме ќе му ја вади душата:)) за да заедно го надоградуваат она кое го имаат.

Сметате ли дека мажот можеби треба да биде како Кевин Спејси во "American Beauty", улога на потчинет лингур кој нема свој став во врска со семејните работи (барем на почетокот од филмот)?
Како треба да се одржува функционалноста меѓу брачните партнери?

Дали е нормално еден од брачните партнери со љубоморни испади, контролирање на секој чекор, гушење на една индивидуа да се колне на вечна љубов иако голем број од нив се свесни дека тој начин на реагирање е обратно-пропорционален на хармонијата а богами и на нервите на сопругот/сопргата?

Дали ако се остави одгвоорната функција на мажот, тоа би значело и зимање преголема слобода од негова страна на штета на сопругата и обратна ситуација, секако.
Го подржувам донекаде ставот на Шмекси,преку глава ми е од неавторитетни мажи кои не знаат некои работи да ги заземат во свои раце.Себе си се сметам за авторитетна и самостојна личност и од искуствата до сега секогаш јас сум била авторитетот во врската и искрено ми се смачи.
Ми се смачи од мажи во кои доминира детето во нив,патетични и незаинтересирани за напредок во својата кариера,мажи кои стигнале до одредено ниво и се сметиле така добро таму што имајки кој да им мисли за нив опуштено уживаат на тоа ниво на живеење од денес за денес а за утрото ич не се замара.
Не сакам некој да ми одредува колку јас ке потрошам за своите потреби ниту пак да ми плака кога сме излезени,попрво јас ке платам се отколку некој мене.За жал женскава популација некако сериозно си има сватено дека една пијачка една да се може да се извлече од мажот што стои спроти нив,секоја чест на исклучоци,но оние другите нека не се чудат кога мажите гледаат на нив како потрошен материјал.
Има и друга работа што сакам да ја спомнам,зошто мажите се плашат од авторитетни жени?Не само во врските туку и на работа,не секоја жена стигнала до одредена позиција на начин на кој почнала со користење на туг џеб и влегување во доста машки панталони.
Зарем треба да се осекам како чудна и недостижна ако сум се потрудила да стигнам до ниво каде што сум го заслужила авторитетот на скоро секое ниво,ако сама си плакам за се,ако како што кажа Шмекси сум на позиција на која зависат работни места,реализирање на проекти и ред други работи од мене.Тоа треба да прави да еден маж се плаши од мене?
Нека стегне гзот и нека се потруди да се прилагоди на системов наместо да кука по цел ден како се нешто не е фер во животот и како тој не дозволува некој да му го руши машкото его со тоа што ке го уназадува на работа или воопшто нема да им се свига начинот на кој тој работи.Па некогаш и најдобриот во тимот греши и тоа не треба да очекува другите да не го приметат.
Наместо да им сметаат на мажите авторитетни жени нека ги прифатат како такви и доколку и тие го дават максимумот од себе па и повеке од тоа,обврските низ дома во семејството многу лесно може да се усогласат.
Ако сум жена,на она што го кажа lady_blue за држање на детето во болница дур прима инфузија,мислам дека никогаш нема да можам да го сносам и издржам тоа,мада можеби дека сеуште не сум мајка па размислувам така но има работи кои неможеме да ги одвоиме како стрикно машки и женски обвврски во едно семејство,како што напомнав и погоре сум за усогласување на обврските во еден ден взаемно во однос на можностите.
Не сакам да бидам нечија робинка но ни да имам роб до себе.Сакам авторитетен маж кој секако ке се прилагоди на моите потреби и јас на неговите.
 

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Сеа викаш дека почитуваш договор, дека никој не смее да носи одлуки во ничие име а себе си се декларираш за лидер :)

Не се декларирам за лидер. Често излегува јас како ќе кажам, затоа што после разговорот, излегува дека сум во право. Доколку не сум, јас правам како што тој сака. Договор е во прашање.
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Го подржувам донекаде ставот на Шмекси,преку глава ми е од неавторитетни мажи кои не знаат некои работи да ги заземат во свои раце.Себе си се сметам за авторитетна и самостојна личност и од искуствата до сега секогаш јас сум била авторитетот во врската и искрено ми се смачи.
Ми се смачи од мажи во кои доминира детето во нив,патетични и незаинтересирани за напредок во својата кариера,мажи кои стигнале до одредено ниво и се сметиле така добро таму што имајки кој да им мисли за нив опуштено уживаат на тоа ниво на живеење од денес за денес а за утрото ич не се замара.
Не сакам некој да ми одредува колку јас ке потрошам за своите потреби ниту пак да ми плака кога сме излезени,попрво јас ке платам се отколку некој мене.За жал женскава популација некако сериозно си има сватено дека една пијачка една да се може да се извлече од мажот што стои спроти нив,секоја чест на исклучоци,но оние другите нека не се чудат кога мажите гледаат на нив како потрошен материјал.
Има и друга работа што сакам да ја спомнам,зошто мажите се плашат од авторитетни жени?Не само во врските туку и на работа,не секоја жена стигнала до одредена позиција на начин на кој почнала со користење на туг џеб и влегување во доста машки панталони.
Зарем треба да се осекам како чудна и недостижна ако сум се потрудила да стигнам до ниво каде што сум го заслужила авторитетот на скоро секое ниво,ако сама си плакам за се,ако како што кажа Шмекси сум на позиција на која зависат работни места,реализирање на проекти и ред други работи од мене.Тоа треба да прави да еден маж се плаши од мене?
Нека стегне гзот и нека се потруди да се прилагоди на системов наместо да кука по цел ден како се нешто не е фер во животот и како тој не дозволува некој да му го руши машкото его со тоа што ке го уназадува на работа или воопшто нема да им се свига начинот на кој тој работи.Па некогаш и најдобриот во тимот греши и тоа не треба да очекува другите да не го приметат.
Наместо да им сметаат на мажите авторитетни жени нека ги прифатат како такви и доколку и тие го дават максимумот од себе па и повеке од тоа,обврските низ дома во семејството многу лесно може да се усогласат.
Ако сум жена,на она што го кажа lady_blue за држање на детето во болница дур прима инфузија,мислам дека никогаш нема да можам да го сносам и издржам тоа,мада можеби дека сеуште не сум мајка па размислувам така но има работи кои неможеме да ги одвоиме како стрикно машки и женски обвврски во едно семејство,како што напомнав и погоре сум за усогласување на обврските во еден ден взаемно во однос на можностите.
Не сакам да бидам нечија робинка но ни да имам роб до себе.Сакам авторитетен маж кој секако ке се прилагоди на моите потреби и јас на неговите.
е гледаш, јас тоа не можам да го разберам
добро, уште не си мајка, па не те фаќам за збор, но факт е дека 90% и од авторитетните мажи и од авторитетните жени немаат мадиња, да простиш на изразот, да се соочат и да поднесат такви ситуации.
Затоа реков дека Шмекси е еден од ретките, зашто навистина се ретки.
 

balerina

Староседелец
1 април 2014
144
96
638
Библијата вели дека мажот што „ја сака својата жена, се сака самиот себе“. Ова е така затоа што мажот и неговата жена „повеќе не се две, тукуеднотело“, како што истакнал Исус (Матеј 19:6). Затоа, тие можат да имаат интимни односи само еден со друг (Изреки 5:15-21; Евреите 13:4). Ќе можат да се придржуваат за ова начело ако секој од нив несебично се грижи за потребите на другиот (1. Коринќаните 7:3-5). Значајно е следново потсетување: „Никој не го мрази своетотело,тукугохраниигонегува“. Мажот треба да ја сака својата жена како што се сака себеси, и не треба да заборави дека е одговорен пред својот поглавар, Исус Христос (Ефешаните 5:29; 1. Коринќаните 11:3).Семејството е една организирана заедница и за да функционира добро, потребен е поглавар, односно глава на семејството.Секој несовршен маж греши и честопати не ја извршува идеално својата улога како глава на семејството. Но, како треба да постапи жената? Таа не треба да го омаловажува она што го прави нејзиниот сопруг, а не треба ни да го преземе поглаварството во свои раце. Жената не смее да заборави дека мирниот и благ дух е драгоцен во Божји очи (1. Петрово 3:4). Ако има таков дух, ќе ѝ биде полесно да покажува подложност каква што бара Бог, дури и кога тоа не е лесно. Освен тоа, Библијата вели: „Жената [треба] длабоко да го почитува својот маж“ (Ефешаните 5:33).

КЛУЧОТ ЗА СЕМЕЈНА СРЕКА-Семејните проблеми полесно се решаваат кога се применуваат советите од Библијата. Всушност, тоа е и клучот за семејната среќа. Затоа, мажи, сакајте ги своите жени и постапувајте со нив онака како што постапува Исус со своето собрание. Жени, подложувајте се на поглаварството на своите мажи и следете го примерот на вредната жена што е опишана во Изреки 31:10-31. Родители, воспитувајте ги своите деца (Изреки 22:6). Татковци, ‚добро управувајте со својот дом‘ (1. Тимотеј 3:4, 5; 5:8). А вие, деца, слушајте ги родителите (Колошаните 3:20). Никој во семејството не е совршен. Сите прават грешки. Затоа, бидете понизни и спремни да се извините.
 
Последна промена од модератор:

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
Секој несовршен маж греши и честопати не ја извршува идеално својата улога како глава на семејството. Но, како треба да постапи жената? Таа не треба да го омаловажува она што го прави нејзиниот сопруг, а не треба ни да го преземе поглаварството во свои раце. Жената не смее да заборави дека мирниот и благ дух е драгоцен во Божји очи (1. Петрово 3:4). Ако има таков дух, ќе ѝ биде полесно да покажува подложност каква што бара Бог, дури и кога тоа не е лесно. Освен тоа, Библијата вели: „Жената [треба] длабоко да го почитува својот маж“ (Ефешаните 5:33).

КЛУЧОТ ЗА СЕМЕЈНА СРЕКА-Семејните проблеми полесно се решаваат кога се применуваат советите од Библијата. Всушност, тоа е и клучот за семејната среќа. Затоа, мажи, сакајте ги своите жени и постапувајте со нив онака како што постапува Исус со своето собрание. Жени, подложувајте се на поглаварството на своите мажи и следете го примерот на вредната жена што е опишана во Изреки 31:10-31. Родители, воспитувајте ги своите деца (Изреки 22:6). Татковци, ‚добро управувајте со својот дом‘ (1. Тимотеј 3:4, 5; 5:8). А вие, деца, слушајте ги родителите (Колошаните 3:20). Никој во семејството не е совршен. Сите прават грешки. Затоа, бидете понизни и спремни да се извините.

Болдираното... Зошто?
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
појасни го прасанјето, не те разбрав?
Зошто жената не треба ни да го преземе поглаварството во свои раце?
Зошто ,,подложувајте се на поглаварството на своите мажи и следете го примерот на вредната жена што е опишана во Изреки 31:10-31." и ,,Затоа, бидете понизни" ?
Дали вредна е жена само таа што ќе биде потчинета и понизна? А каква е таа вредна жена всушност? Ме интересира личното мислење :)
 
Последна промена:

balerina

Староседелец
1 април 2014
144
96
638
Зошто жената не треба ни да го преземе поглаварството во свои раце?
Зошто ,,подложувајте се на поглаварството на своите мажи и следете го примерот на вредната жена што е опишана во Изреки 31:10-31." и ,,Затоа, бидете понизни" ?
Дали вредна е жена само таа што ќе биде потчинета и понизна? А каква е таа вредна жена всушност? Ме интересира личното мислење :)
Жената треба да му дава поддршка на својот маж. Библијата вели дека жената е „дополнение“ на својот маж (1. Мојсеева 2:18). Тоа значи дека со своите особини и таа придонесува за среќата вобракот. Како негово дополнение, не се натпреварува со него, туку со љубов го поддржува и така помага да има слога во семејството. „Жените нека им бидат подложни на своите мажи“, стои воЕфешаните 5:22. Но, што ако за нешто не се согласува со него? Треба да се чувствува слободна да го изрази своето мислење со почит, внимавајќи на достоинството на својот сопруг, исто како што би сакала и тој да постапува со неа.
 
Последна промена од модератор: