Обид за љубов после силна љубов

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Ако едно нешто имам научено од пропали врски, е дека таквата т.н. љубов е всушност идеализирање.
Тоа издигање од земја, па нема друг/а таков/ва да најдам, па што би било кога би било (ова највеќе убива)...
Самите си ствараме патетика, се доживуваме ко трагични херои од дело на Шекспир, ги вергламе убавите моменти, занемарувајќи ги неубавите што довеле до пропаст, па ако приказната одеднаш се прекинала или не сме на расчистено, се држиме за некои сламки надеж, си наоѓаме непостоечки сигнали што другиот веројатно и воопшто не ги праќа, па правиме филмови каде сфаќаме како не можеме еден без друг, па трчаме еден кон друг во дождлива ноќ во 2 наутро, каде проблемите исчезнуваат и почнуваме одново.
Реалноста е само дека во тој период нема друг/а што би ти ја стресол/ла земјата под нозе. Нормално, секој треба да си даде период да олади, а не да влетува во нова врска со надеж дека ќе се залечи, па емоционално да го исцрпи новиот партнер со свои нерасчистени бљувотини.
Доброто е што кога ќе се оправиш од таква токсична ситуација, многу јасно ги гледаш фалинките и си спокоен што не траело.
Нема ништо романтично, а уште помалку фатална љубов во тоа некој да те прави да се осеќаш осамено и депресивно речиси цело време. За жал, треба човек да се изгори и да стекне некоја зрелост за да го сфати тоа.
 

Falanga

Истакнат Член
10 април 2016
350
293
173
43
СЕКОГАШ постои шанса за следна љубов поголема од било кога.
Не постои нешто како осакатена личност. Постои само личност со слаба воља да продолжи напред.

Запамтете: ЕДНАШ се живее. Кога ќе се умре нема да се добие втора шанса, или ќе се добие но потоа се е одново без искуствата и науката од претходниот живот.
Секогаш размислувајте дека кога-тогаш секој се опаметува. Но кога ќе се опаметите на 45 години ќе сфатите дека времето поминало. Тогаш нема назад. Јебо - не јебо, време **рцу пролази. Затоа што порано освестување, тоа подобро.
 

Headache

Полноправен Член
14 јуни 2016
50
72
18
36
90664e57b19b88be0c1bc41fd824fdd0.jpg


Среќата ги следи храбрите! :D
 

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
971
1,133
Вистинска љубов во животот ЕДНА ми била, после него сите онака ми биле, колку да ме тешат и да има кој да прегрнам кога ми е тешко. Тешко се заљубувам, ама знам да глумам дека сум заљубена, дека патам по некој, да му речам дека го сакам и да му делам комплименти за да се чувствува исполнето и за да му ги следам реакциите.
Бурно реагирам секогаш. Ќе вртам безброј пати, не зошто ми значи тој, туку за да се нервира, да нема мир, да си мисли дека јас се нервирам, а јас ништо не правам, само притискам на слушалката. Ќе кажам се што сака да слушне, ама никогаш не го мислам тоа, ниту па ќе го мислам.
Тежок карактер имам, ако успее да ме трпи некој секоја му чест, обично после два-три месеци сами си се оддалечуваат сите.
Секогаш е убаво да си со некој, понекогаш не ни мора да ти речи дека те сака, доволно е да е до тебе и да те прегрне при секое разочарување кое ти го дава животот на другите полиња. Ете такви врски сум имала неколку и тие машки мислеле дека сум ги сакала и дека сум патела по нив зошто сум му вртела и сум му пишувала пораки, но сето тоа е дел од мојата игра. Еднаш еден така ме виде со друг па дојде да се расправа со мене, се запрепасти дека ме виде со друг, проба да ме повлече накај него, па јавно си се избрука сам.
Треба и другата страна да се гледа, не само својата. Се е само игра, а сите до сега играле како што сум очекувала.