(Не)ограничена имагинација

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
jaс моите врати не можам да ги дефинирам. Нешто како сеништа кои се појавуваат во една форма за во следниот момент да бидат сосема друга форма која не е нималку поврзана со претходната. Но можам да кажам дека сите три се врати само затоа што сум замислил да бидат врати. Тоа што постојано молдираат не ми дозволува да можам да ги дефинирам како форма и облик.

Гонзо, тоа што ти си го замислил не се нарекува фантазија. Тоа се само врати кои ти си ги сретнал некаде и си ги видел. Фантазирај, замисли нешто ново. Избегај од реалноста. Зошто вратите би морале да имаат кваки? Зошто би морала да биде изградена од цврст материјал? Еве зошто не би замислил пример врата која е направена од лигава материја и која е невозможно да ја отвориш се` додека не отсвириш клучна мелодија со некаков инструмент кој се свири така што треба да местиш рубикови коцки и да ги ставаш на одредени позиции во одредени положби и откако ќе ја отвориш таа врата ќе те носи во чуден простор каде не се гледа ништо и не постои светлина за да можеш да дефинираш боја? (само пример)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and lady_blue

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153

Ете, на тоа целев.
Дали и колку треба и може човек да се оддели од влијанијата на реалноста?
Кога некој ќе ни рече - замислете врата, повеќето од нас помислуваат на она што е општоприфатено како одреден реален стандард. Правоаголна или заоблена во горниот дел, дводелна, троделна, можеби со некои мали варијации, потесна, поширока... Заборавајќи ја притоа основната дефиниција. А всушност би требало да почнат од неа.
Што е врата? Која е нејзината дефиниција и каква е нејзината функција? За што таа ни е потребна?
Врата е некаков премин низ некаква препрека која се наоѓа помеѓу два простори, па дури и помеѓу два временски периоди или помеѓу.... било што, (што сѐ би можело да се замисли како одделено ?) . Премин кој овозможува поврзување но и раздвојување на тие простори (или материи, материјали, времиња... нешта). Овозможува проток, движење, но и го сопира истото.
Реалноста ни ја сопира имагинацијата. Сѐ додека не ни се нагласи да ја употребиме својата имагинација, повеќето од нас се држиме за тоа што ни е реално блиско, реално дефинирано и како такво прифатено.
Во однос на тоа размислувам и прашувам. Како се постигнува ослободувањето од свесно или несвесно прифатените стандарди? Како се достигнува максимумот на сопствената имагинација? Дали тој максимум е фиксно дефиниран кај секој човек или може да се менува, да се проширува и зголемува?
Дали имагинацијата нѐ прави посреќни, позадоволни, или понесреќни, понезадоволни?
Што кога човек умее да фантазира, да мечтае, да замислува? Како тоа влијае на посакувањето и стремежите?
(Не)можноста да се достигне она што ќе се постави како некаква цел пред себе благодарение на имагинацијата, е нешто кое итекако влијае врз чувствата на човекот.
Дали навистина животот е полесен за тие кои не мечтаат?
 
ZmajChe

Истакнат Член
21 март 2012
937
2,068
93
Си замислив три врати
првата: Борда дрвена правоаголна надворешна врата од стан која води до втората врата.
втората: Кремова пе-ве-це врата од тераса која води до третата врата.
третата:врата поставена на терсата со лизгач која води кон лифт кој ме носи до небото.

хмм.. имагинацијата оди до каде што ние и даваме дозвола. Јас сум ЗА тоа да се има некаква имагинација, бидејќи се тоа ме опушта и ме носи подалеку од реалниот свет кој некогаш ми е дојден преку глава.
Се додека имаш смисла за имагинација, имаш смисла за живот, не дозволувај тоа да испари, не го пуштај детето од тебе да исчезне, бидејќи убаво е да си дете :)
 
Dr.Gonzo

Истакнат Член
23 февруари 2012
652
1,916
393
Fukushima
www.gonzo.com
jaс моите врати не можам да ги дефинирам. Нешто како сеништа кои се појавуваат во една форма за во следниот момент да бидат сосема друга форма која не е нималку поврзана со претходната. Но можам да кажам дека сите три се врати само затоа што сум замислил да бидат врати. Тоа што постојано молдираат не ми дозволува да можам да ги дефинирам како форма и облик.

Гонзо, тоа што ти си го замислил не се нарекува фантазија. Тоа се само врати кои ти си ги сретнал некаде и си ги видел. Фантазирај, замисли нешто ново. Избегај од реалноста. Зошто вратите би морале да имаат кваки? Зошто би морала да биде изградена од цврст материјал? Еве зошто не би замислил пример врата која е направена од лигава материја и која е невозможно да ја отвориш се` додека не отсвириш клучна мелодија со некаков инструмент кој се свири така што треба да местиш рубикови коцки и да ги ставаш на одредени позиции во одредени положби и откако ќе ја отвориш таа врата ќе те носи во чуден простор каде не се гледа ништо и не постои светлина за да можеш да дефинираш боја? (само пример)

Тачно не беше тоа фантазија, еве ја фантазијата... Првата врата се наоѓа на еден ѕид,црн ѕид, кој не го гледам ама можам да го допрам, бетонски е, а вратата ја гледам бидејќи зрачи со светлина која трепери, целата врата е составена од женски гради, во парови, 3 пара хоризонтално и 7 вертикално, не знам како се отвора, но мислам дека се отвора со допир, пробувам да бидам нежен, ги пипам градите во средина, ништо, пробувам малку појако, се слуша женско смеење од другата страна на вратата, продолжувам да ги допирам сите гради, ги масирам, се потам, неописливи емоции, слушам повеќе женски гласови и смеа, слушам и стенкања, уште повеќе се потам, тече вода од мене, ја соблекувам кошулата,почнувам уште поинтезивно со градите, почнуваат да добиваат различни бои, како виножито, замислувам дека сум ди-џеј, праам ремикси со градите,се слуша уште повеќе смеа, се смеам и јас и одеднаш на еден пар гради се испишуваат темноцрвени букви „ВЛЕЧИ“ , влечам за да ја отворам вратата, влечам а вратата тешка и слушам женско пискање, ужасно, мислам дека ушите ке ми прокрварат но морам да влечам појако за да влезам, влечам и ја отворам вратата. А внатре црвена соба и на средината една женска стегната целата во црно, свртена со грб, а од другата страна на собата друга врата. Ја бришам потта од чело и женската се врти и ми вика – Кој те прати овде? Ја и викам жена ми, а ти од кај си? Она ми вика мене Госпот ме прати. Ах керата си викам ова масло на ГоспоТ. И зашто те прати жена ти ме прашуе, викам па ми рече кога ке ги отворам трите врати и од четвртата соба ке го земам плавиот редок трнлив цвет,ке ми дозволи да имам уште три жени, а тебе зошто те прати ГоспоТ, она ми вика: Да те избавам од гревовите. Ами како ке ме избавиш кога со тоа што те гледам одма помислувам на гревови и на прекршување на 2 божји заповеди, али ајде чудни се патиштата божји велат. Него јас за друго сум дојден, остај ме да си ја завршам работата. И се приближувам кон другата врата, целата бела таква санаториумска врата без квака само едно малечко као прозорче ама ништо не се гледа низ него, и викам дај ма кажи како се отвора вратата. Ах бре чедо божјо, ми вика, што нејќеш да те избавам добро него за да ја отвориш вратата мора да ме задоволиш мене па јас ке ти ја отворам. Скидај гачице! Следните 2ипол часа што се дешаваше ке ги прескокнам, вратата ми се отвори , неа ја снема, влегов во третата соба цел утепан, изморен, изгребан, крвав, и ја гледам на крајот на собата третата врата. Што да видам човече, вратата железна, со коцки, некои бројки, формули, глупости математички, а десно од вратата таков бројчаник за да ја пишеш комбинацијата на вратата. Mother of god, си викам, женана моја жив ѓавол, знае дека сум дудук математика уште па формули што ти ја знам. И дремам едно пола саат, палам цигара и гледам у бројките, ама џабе, и си викам ма мене ова ми нема никаква смисла и се враќам пред првата соба на првата врата, стаам наочари да не ми блештат цицкине, и ги бројам аха 3 пута 7, 6 пута 14, и влагам пак у вторава соба си праам ретроспектива аха добро со женскава 2ипол саата, тоа се 150 минути, делено на 2, хмм женската имаше облини негде 90, 70, 100 помножено со толку и толку то ти е негде над 9000 и така си рачунам едно 10 мин и добив бројка 278564 идам у третата соба пишувам данг-данг-данг, стискам Ентер, пуштам и ззззп квииик, опа се отвори вратата и една светлост коа ме мавна, среќа што носев чкарт рејбан и влагам во четвртата соба внатре блеска златно-бела боја и во средината на собата една масичка со столче, на масичката кафенце, пепељара, шопска, чашка ж’та, една златна шоља поклопена со бронзена тацна, седнувам мавам ракијата на екс, сркнувам од шопската, ја дигам тацната глеам во шољата плав цвет со трње, очите ми се насолзуваат, го ставам цветот позади уво, автоматски се пирсам, не квичам, палам уште една цигара, шмркнувам од кафето, катастрофа е го пљукам и пцујам и излагам низ трите отворени врати, излагам на улица, фаќам такси, таксистот ми наплаќа невидена сум, не се курчам – плаќам иако со тешко срце, се враќам дома кај жена ми она ја врти главата незадоволно и мумла нешто, седнуваме пиеме кафе, праиме муабет, јадеме и легнуваме да спиеме.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue

devojka9999

Полноправен Член
4 мај 2012
34
43
18
првата,втората и третата се црно сивкасти врати од кој доаѓаат некои мали светкави зраци, составени од некој многу густ гасовит материјал, не се обични правоаголни врати туку некако овални... за да влезеш во која сакаш од вратите не зависи од вратата туку од човекот кој сака да влезе,само човек кој може да контролира и дејствува со мислата енергијата, исто и каква му е аурата што ја шири околу себе може да влезе...значи позади тие три врати има други три светови, други димензии и само тој што е подготвен може да ги помине тие три врати, вратите одлучуваат дали ке поминеш или не :)
 
Astrostoper

Активен Член
5 март 2012
224
249
43

ЛЕГЕНДИТЕ СЕ ЖИВИ ГЛУПОСТИ, НАПРИМЕР ЈАС ИМАМ КОЊ А НИКОЈ НЕЈЌЕ ДА ГО СМЕНИ ЗА КРАЛСТВО. фак