Lost е најпреценетата серија, еver. J. J Ambrams секогаш го прави истото, почнува некој проект, го прави интересен, за на крај тотално да го расипе. Истото и со Фринџ го направи. Ќе смисли концепт на серија, ќе направи некоја добра сезона, за на крај толку непотребни глупости да начука, страшно. На Lost шмекот се изгуби што се изгуби, наместо да ја заврши на еден интересен начин на којшто ќе се расчистеше барем некоја од мистериите, уште толку го оплеска крајот. И не, не сум лута само заради крајот, цела серија стана досадна на средина веќе. Петтата сезона од Фринџ сакам да заборавам дека постои.
Маd Max е најглупавото нешто што го имам изгледано во животов. Пренапумпан, преисфорсиран, а тотално глупав. Кога некој ќе ми рече, абе ајде добра акција е, косата на главата ми се крева. Никогаш нема да си простам тие 2 часа на него што ги изгубив. Со слично мислење сум и за Волкот од Волстрит. Демек шокантен, порно пропратено со пцовки и приказна за одредени господа да се палат на ликот од Лео. Бај д веј, Леонардо е препреценет актер.
Хорор е безвеза жанр. Сум гледала неколку, на повеќето се имам убиено од смеење, жртвава е сама, ноќе, боса, и самата трча во грмушки или во некое нај unsafe место во околината. Многу повеќе крвта ми се има смрзнато на филмови како Full Metal Jacket, Detachment, Requiem, Clockwork Orange отколку на убиец со нож кој трча и масакрира луѓе.
Whiplash е страшно потценет филм. Од "поновиве" е сигурно меѓу првите. Само јас и неколку другари го сакаме, на поголем дел не им е ништо посебно. А растураат и детето и JK Simmons. Јас го прегледав неколку пати, нешто што ретко правам. Од мене има висока оцена, предобар ми е.