Непопуларни филмски мислења

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
5,996
9,627
1,683
Normandy
По инспирација на темата за музика што @Electra ја има отворено, ја отварам оваа да продискутираме.
Се работи за ваше лично мислење на одредени филмови/серии/актер-ки буквално се` што е од филмската индустрија што уживаат некаква висока оценка и популарност, но ете лично вас не ви оставиле некаков впечаток. Или обратно, за одреден филм кој никој не очекувал дека токму вам ви е еден од омилените.
Бујрум слободно дискутирајте.
 
Selene

Модератор
6 јуни 2012
719
1,867
1,103
Lost е најпреценетата серија, еver. J. J Ambrams секогаш го прави истото, почнува некој проект, го прави интересен, за на крај тотално да го расипе. Истото и со Фринџ го направи. Ќе смисли концепт на серија, ќе направи некоја добра сезона, за на крај толку непотребни глупости да начука, страшно. На Lost шмекот се изгуби што се изгуби, наместо да ја заврши на еден интересен начин на којшто ќе се расчистеше барем некоја од мистериите, уште толку го оплеска крајот. И не, не сум лута само заради крајот, цела серија стана досадна на средина веќе. Петтата сезона од Фринџ сакам да заборавам дека постои.

Маd Max е најглупавото нешто што го имам изгледано во животов. Пренапумпан, преисфорсиран, а тотално глупав. Кога некој ќе ми рече, абе ајде добра акција е, косата на главата ми се крева. Никогаш нема да си простам тие 2 часа на него што ги изгубив. Со слично мислење сум и за Волкот од Волстрит. Демек шокантен, порно пропратено со пцовки и приказна за одредени господа да се палат на ликот од Лео. Бај д веј, Леонардо е препреценет актер.

Хорор е безвеза жанр. Сум гледала неколку, на повеќето се имам убиено од смеење, жртвава е сама, ноќе, боса, и самата трча во грмушки или во некое нај unsafe место во околината. Многу повеќе крвта ми се има смрзнато на филмови како Full Metal Jacket, Detachment, Requiem, Clockwork Orange отколку на убиец со нож кој трча и масакрира луѓе.

Whiplash е страшно потценет филм. Од "поновиве" е сигурно меѓу првите. Само јас и неколку другари го сакаме, на поголем дел не им е ништо посебно. А растураат и детето и JK Simmons. Јас го прегледав неколку пати, нешто што ретко правам. Од мене има висока оцена, предобар ми е.
 
Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,105
973
1,133
Whiplash е феноменален филм. Толку страст и посветеност за да стане познат музичар. Никогаш не се предаде. Омилена сцена кога имаше сообраќајка и не замина на болница, туку на концертот.

Од анимираните Inside Out е преценет, а мене воопшто не ми се допадна.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
4,725
5,266
1,183
Disco
Маd Max е најглупавото нешто што го имам изгледано во животов. Пренапумпан, преисфорсиран, а тотално глупав. Кога некој ќе ми рече, абе ајде добра акција е, косата на главата ми се крева. Никогаш нема да си простам тие 2 часа на него што ги изгубив. Со слично мислење сум и за Волкот од Волстрит. Демек шокантен, порно пропратено со пцовки и приказна за одредени господа да се палат на ликот од Лео. Бај д веј, Леонардо е препреценет актер.
Се надевам дека ова важи за монструозноста од 2015 а не за легендарното неверојатно и свето дело од 1979...
Ако е тоа од 2015, тогаш си сосема во право, таква будалаштина и трошење на пари не е забележана никогаш, подобро да го собереле буџетот на едно купче и да го запалеле...
А ако алудираш на она од 1979, ќе ти најдам ИП адреса и тешко тебе! :gjavol:kafe

Инаку Кум, сите делови и општо филмови за секакви мафии, талијански, руски, кинески не знам какви, попуписмени ретарди кои се глорифицирани по филмови врз основа на нивната психопатија. Секако кинематографски дека има одлични дела но сеуште не е јасно зошто се трошеле такви ресурси, глумци, сценаристи, режисери......за снимање филмови за некој имбецил од селендра во Сицилија...
 
За новиот, со Том Харди.
А инаку и за Кум се сложувам, не знам зошто е број 2 на IMDB. Според мене има стотици филмови кои треба да бидат пред него. Исто и на Lord of the rings филмовите не сум голем фан, ама признавам дека се квалитетни. Само што they are not my cup of tea.
 
  • Like
Реакции: Saladin and Outrider

Coccinella

Истакнат Член
5 август 2016
16
8
303
Lost е најпреценетата серија, еver. J. J Ambrams секогаш го прави истото, почнува некој проект, го прави интересен, за на крај тотално да го расипе. Истото и со Фринџ го направи. Ќе смисли концепт на серија, ќе направи некоја добра сезона, за на крај толку непотребни глупости да начука, страшно. На Lost шмекот се изгуби што се изгуби, наместо да ја заврши на еден интересен начин на којшто ќе се расчистеше барем некоја од мистериите, уште толку го оплеска крајот. И не, не сум лута само заради крајот, цела серија стана досадна на средина веќе. Петтата сезона од Фринџ сакам да заборавам дека постои.

Маd Max е најглупавото нешто што го имам изгледано во животов. Пренапумпан, преисфорсиран, а тотално глупав. Кога некој ќе ми рече, абе ајде добра акција е, косата на главата ми се крева. Никогаш нема да си простам тие 2 часа на него што ги изгубив. Со слично мислење сум и за Волкот од Волстрит. Демек шокантен, порно пропратено со пцовки и приказна за одредени господа да се палат на ликот од Лео. Бај д веј, Леонардо е препреценет актер.

Хорор е безвеза жанр. Сум гледала неколку, на повеќето се имам убиено од смеење, жртвава е сама, ноќе, боса, и самата трча во грмушки или во некое нај unsafe место во околината. Многу повеќе крвта ми се има смрзнато на филмови како Full Metal Jacket, Detachment, Requiem, Clockwork Orange отколку на убиец со нож кој трча и масакрира луѓе.

Whiplash е страшно потценет филм. Од "поновиве" е сигурно меѓу првите. Само јас и неколку другари го сакаме, на поголем дел не им е ништо посебно. А растураат и детето и JK Simmons. Јас го прегледав неколку пати, нешто што ретко правам. Од мене има висока оцена, предобар ми е.
Не е фер да плукаш по цел жанр зошто не ти се погодиле неколку што си ги изгледала. Пробај ги the exorcist, shining, psycho, the wailing, the others, misery, jacob's ladder, orphanage, nosferatu, omen, a tale of two sisters, invasion of the body snatchers, black christmas, the changeling, repulsion, the innocents 1961, deep red и тн и тн...

А мислењето за whiplash не ти е баш непопуларно. Да беше обратно-да. Со дури 8.5 оцена на имдб... ?!
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
5,996
9,627
1,683
Normandy
Tom Cruise е страшно преценет глумец. :zelen
(да речев за Афлек, мислењето ќе ми беше популарно :zelen)
Уште го неам гледано Аватар. Истото важи и за GoT.
Ни еден филм на Тарантино не сум успеал да догледам до крај.
Од мафијозиве, Кум е преценет, има минимум 3 филмови кои се далеку подобри од него, почнувајќи со Goodfellas, Once upon a time in America.
Hans Zimmer е преценет композитор. Откако ќе го ислушаш барем еден саундтрак (Гладијатор, Пиратите од кариби) влегуваш во шаблонот. Преработки колку ти душа сака.
 
  • Like
Реакции: Selene and Coccinella

Не плукам, меѓутоа воопшто не уживам во хорор и повеќето филмови (не ми се гледани сите) што ги наоброи ми се досадни, освен од Kubrick - The Shining, макар што за него сум премногу субјективна бидејќи ми е еден од омилените режисери. Иако од сите, Шајнинг најмалку го бендисувам. Пак ќе речам Full Metal Jacket и портокалот се 1000 пати пострашни. Посебно портокалот, удира на психа и те следи неубаво чувство откако ќе заврши.

А за Whiplash, можеби зборувам за мој круг на пријатели, бидејќи речиси сите мислат оти не е ништо посебно. А оцената на IMDB си е заслужена реално :)

@Saladin Том Круз не да е преценет, јас не знам што го сакаат толку. И јас мислам исто. Кога сме кај него Vanilla Sky е исто преглуп филм. Само во Eyes Wide Shut можам да го поднесам, ама again, субјективна за режисерот сум :D

Painted Veil со Нортон е многу потценет филм, пола од романтичниве можат вода да му носат. Мене ми е преубав, си го имам неколку пати изгледано. Општо ми отскокнува од типичните романтични филмови, заедно со 500 days of summer и Викер парк :) Среќа овие последниве 2 не се потценети :D
 
  • Like
Реакции: Saladin

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
5,996
9,627
1,683
Normandy
Carey Mulligan е страшно потценета актерка. Исто како и филмот Never let me go.
Британската кинематографија секогаш ќе ми биде ниво над американската.
Фајкла е ок филм. Ама многу го преценија по социјалниве мрежи со еднитеисти цитати.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
4,725
5,266
1,183
Disco
Tom Cruise е страшно преценет глумец. :zelen
(да речев за Афлек, мислењето ќе ми беше популарно :zelen)
Уште го неам гледано Аватар. Истото важи и за GoT.
Ни еден филм на Тарантино не сум успеал да догледам до крај.
Од мафијозиве, Кум е преценет, има минимум 3 филмови кои се далеку подобри од него, почнувајќи со Goodfellas, Once upon a time in America.
Hans Zimmer е преценет композитор. Откако ќе го ислушаш барем еден саундтрак (Гладијатор, Пиратите од кариби) влегуваш во шаблонот. Преработки колку ти душа сака.
Има јаки филмови секташот :cool: