Непопуларни (музички) мислења

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Зашто и ти како мене врска си немаш од музика, без навреда. :)

Perhaps it`s better that way... вака не морам да ги слушам Пинк/Лед и остали и да ги сметам Битлси/Стонси за божанства... а од Рејдиохед немам слушнато ниту една песна до сега само што ми се познати од конверзации меѓу раја, нешто како Неси од Лох Нес...

Ете на пример ми се свиѓа музикава и клипчево, не знам зошто, случајно го најдов на јутјуб :^)
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
^ Досадни се Радиоглавите. Похипстерски возвишуван бенд нема во поново време, мислам.
Фановите им се у стил „Слушај го бендов, најбоље е на свет, а толку е потценет. Никој не им обрнува доволно внимание...“
Ако не ги слушнеш или не ти се допаднат, butthurt се, а ти немаш вкус т.е. не си умствено развиен доволно за да ги сфатиш.
Ако ти се допаднат, butthurt се затоа што бендот им станува мејнстрим и сите, освен нив, го сакаат од помодарство.

А никој не кажа што гилти плежр има. :(
Јас знам 3-4 песни од Тејлор Свифт што си ги потпевнувам секогаш кога ќе ги слушнам од некаде.
Такоџе е и со неколку од Деми Ловато + девојката има доста јак вокал.
И Пола Абдул ми е супер типка.

Disturbed не се воопшто лоши ко што ги кењаат.
Arctic Monkeys се просечни, 2-3 добри рифови не ги прават богови.
Pearl Jam се досадни.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Guilty pleasure eh?
Па донекаде би рекол дека Марун 5 ми се гилти плеж`р (сумирајќи на што ми е изграден целокупниот музички вкус). Тук таму некоја песна на Блант.
Не сум некој обожавател на Перл Џем, освен 2-3 песни.
Гет Лаки ја сметам за најголемата избљувотина после Гангам стајл и харлем шејк. Едноставно досадна е.
Нешто од класичната музика:
Оперите се убер досадна ствар.
Моцарт (освен доцните негови дела) е монотон и математички предвидлив.
Балетите на Чајковски ги сметам како турбофолк во класичната музика. Исто и Славонските танци на Дворжак и маѓарските танци на Брамс.
(Во позитивна смисла) Франц Лист е најголемиот трол во класичната музика. Има неколку „кавери“ на други познати композитори.
Бетовен = Битлси.
Лист=Поркјупајн три
Клод Дебиси=Флојд
Шопен - неспоредлив со новиве.
Кој никад не чул за 5та и 6та симфонија од Чајковски го сметам за неедуциран во музиката воопшто.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Не знам што спаѓа во таа категорија :unsure
Па еве, ко Марун 5 на Сале и Тејлор/Деми мене. Некои што воопшто не одговараат на твојот вкус или се премногу детски...или па хејтани од мнозинството, а тебе ти се допаѓаат и знаеш да си ги пуштиш да те расположат. (или Кецељица од Лиле и Јужни Ветар, или Ти пропадаш од Минела)

Он: DJ Ashba и не е толку лош гитарист. :|
Linkin Park имаат едвај едноцифрен број песни што се всушност солидни.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Па еве, ко Марун 5 на Сале и Тејлор/Деми мене. Некои што воопшто не одговараат на твојот вкус или се премногу детски...или па хејтани од мнозинството, а тебе ти се допаѓаат и знаеш да си ги пуштиш да те расположат. (или Кецељица од Лиле и Јужни Ветар, или Ти пропадаш од Минела)

Он: DJ Ashba и не е толку лош гитарист. :|
Linkin Park имаат едвај едноцифрен број песни што се всушност солидни.

Не знам дали се смета како такво ама се има случено другари да ме гледаат чудно и да нишаат со глава откако забележаа неколку песни од Балашевиќ во фолдерот за музика, не само што тоа било знак за музичка неписменост туку и знак за лош вкус...
 

84 sk_Y ^_-

Староседелец
21 ноември 2012
595
825
1,093
The Script ми се многу без врска.
KISS не се ништо посебно.
Avicii не е лош, неколку пати со него сум си се расположил.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Немачка, contrary to popular belief, има изнедрено феноменална популарна музика.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Anathema и Katatonia имаат само добар почеток.
Претходниот албум на Opeth иако јадеше премногу хејт од фановите, е најјакиот албум и е баш она што треба да биде прог-металот во денешно време.

Кога спомнав прог-метал, повеќето од бендовите кои што фураат „прог“ врска немаат и звучат ко да сакаат силум да звучат тешки за слушање.
Behold... the Arctopus, The Dillinger Escape Plan, Primus и Tomahawk уствари и не се толку лоши како што изгледаат.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Пак јас. Џонатан од Корн и Ристо Вртев од Архангел врска немаат од пеење, а овој вториот и дикцијата му е шта речи. Ларс од Металика врска нема од тропање тапани, рандом Рамче подобро ќе лупа од него. Кога веќе ги акнав Металика тука, на Хамет солирањето се сведува на тупење без врска и свирење рандом вежби кои што веројатно му ги дал Сатриани.

Она што го пренесувал Хендиркс во хипи времето тешко дека некој ќе успее некогаш. Може да се биде и најдобриот гитарист на свет, ама таква експресија и таква енергија тешко дека некој некогаш ќе успее да направи.