Нема љубов ако нештото е неостварено.
Јас ако добро сум разбрала, темава е дали сме имале некој кој никогаш всушност сме го немале, а сме го посакувале.
Тоа не е љубов. Тоа е затресканост, тоа е филм, си правиш идеални сценарија во главата а вистината е дека може уште после првиот бакнеж човекот да ти се одмили.
Доколку станува збор за љубов која си ја имал, си ја изгубил и не си ја вратил никогаш веќе, тоа е тешко и болно и е сосема друга тема.
Но, како што спомна авторот, ако некој ти се допаѓал, па си се плашел да кажеш тогаш тоа е илузија, платонска љубов, не можеш да кажеш дека е љубов кога ни си се бакнал, ни си се гушнал со таа личност, ниту пак си имал врска која што е стабилна ако само се знаат целосно двајцата партнери. Љубовта иде подоцна во врската, на почетокот е допаѓање и затресканост.