Ја гледав онаа емисијата на Канал 5 Зевзекманија и таков згрозен... одлучив да отворам тема. Можно е да ја има веќе, а можно е да се повеќе теми склопени во една - баш ме брига, ме мрзи да разгледувам по темите, а и ќе ми ојде инспирацијата дур го правам тоа.
Правеше типот ретроспектива на времето, вредностите, потребите, навиките кои се изменувале во текот на овие некои 50-60 години.
За таа цел, типот направил интервју на баба од некои 70 години, чичко од 40 години и другар од 20тина години.
Бабата зборува со носталгично чувство за совршенството на времето во кое живеела, дека не можело да се излегува подоцна од 9 часот, дека се имало стравопочит кон постарите, посебно кон таткото, мајката била секогаш тука за децата, таткото едвај можеле и да го прегрнат затоа што тој бил КРАЛОТ, дека биле покултурни од денешните деца, дека било поубаво за живеење. Сѐ на сѐ класика муабет што може да се слушне од една баба.
Чичкото ни кажа дека се чекале за излегување на Рекорд, дека се возеле со 5тка, дека девојките морале да ги освојуваат по 2-3 месеци, дома било хармонично, сѐ било совршено, неговите родители биле прекрасни итн итн.
Се дрзна да каже еден ваков муабет, цитирам: „Денес доволно е да застанете во 8 часот на една автобуска постојка и 90 проценти од луѓето што одат на работа ќе бидат жени. Жената ја изгуби онаа функција што ја имаше дома, домашните работи ги запостави и почна да се замислува како глава на семејството, па настана хаос.“ - подоцна ќе се навратам на поентата.
Другарот пак, зборуваше дека пиеле по литро ипол алкохол, дека жените пиеле повеќе од мажите, дека девојките сакале само: пари, коли, убави облеки - да не речам девојките сите до една ги направи спонзоруши.
Слушајќи ги тројцата... ми се згрози. Бабата ќе ја сфатам, носталгија за младоста, послаба способност за примање иновации, што е нормално за годините што ги има, секако дека повеќе го цени оној период во кој бил цутот на нејзината младост. Она што не го сфаќам се овие двајца морони што ја извадија својата фрустрација врз жените...
Што ви се виновни жените бе луѓе што немате работа? Тие 90 проценти жени што можат да се забележат на автобуските станици не одат, народски кажано: да се курваат, туку одат да работат, а ако тие се оние што ги носат парите во куќата за сметки, леб и облека, секако дека тие се главата на семејството. Ако тие ја обезбедуваат егзистенцијата на домот како може да се оспорува нивната важност во истиот дом?
Ја обвинуваат жената за хаосот во домот... хм, додека таа минува 8 часа на работа, а ако мажот е дома, зошто тој да не ги сработи работите што таа е спречена да ги сработи од умор? До кога со тоа заостанато мислење дека мажот - колку и да е неспособен и неписмен треба да е со круна на главата? До кога ќе живееме во 17ти век?
А пак, за другарот не сакам да зборувам. Ги стави сите девојки во еден кош, исфрустриран од една што не го избрала поради тоа што ете такви критериуми си имала... Ако е тоа вистина, денес сите просечно ситуирани дечки треба да бидат без девојки - а повеќето од нив веќе се женети.
Поентата на оваа тема ми е, да зборуваме зошто до ден денес, сѐ уште во нашава ни напатена мала државичка патиме од комплекс на висока вредност ние мажите? Зошто не дозволуваме жената да си го завземе местото што го заслужува/ако го заслужува?
Колку денес жената е почитувана во ова наше општество? Колку е тоа изменето од оној период во кој жената смеела само да клима со главата и да трпи секаква тортура од мажот, како физичка така и психичка?
Зошто имаме толкава потреба да ги понижуваме сите девојки само поради фактот дека не сме кабожни да освоиме една?
А вие девојки, зошто сето тоа го дозволувате?
Да бев жена, ќе земев палка, и секој маж што ќе се „пентереше“ со својата заостанатост во патријахатот ќе го тепав дур прета - се шалам.