Некогаш и сега

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Ја гледав онаа емисијата на Канал 5 Зевзекманија и таков згрозен... одлучив да отворам тема. Можно е да ја има веќе, а можно е да се повеќе теми склопени во една - баш ме брига, ме мрзи да разгледувам по темите, а и ќе ми ојде инспирацијата дур го правам тоа.
Правеше типот ретроспектива на времето, вредностите, потребите, навиките кои се изменувале во текот на овие некои 50-60 години.
За таа цел, типот направил интервју на баба од некои 70 години, чичко од 40 години и другар од 20тина години.
Бабата зборува со носталгично чувство за совршенството на времето во кое живеела, дека не можело да се излегува подоцна од 9 часот, дека се имало стравопочит кон постарите, посебно кон таткото, мајката била секогаш тука за децата, таткото едвај можеле и да го прегрнат затоа што тој бил КРАЛОТ, дека биле покултурни од денешните деца, дека било поубаво за живеење. Сѐ на сѐ класика муабет што може да се слушне од една баба.
Чичкото ни кажа дека се чекале за излегување на Рекорд, дека се возеле со 5тка, дека девојките морале да ги освојуваат по 2-3 месеци, дома било хармонично, сѐ било совршено, неговите родители биле прекрасни итн итн.
Се дрзна да каже еден ваков муабет, цитирам: „Денес доволно е да застанете во 8 часот на една автобуска постојка и 90 проценти од луѓето што одат на работа ќе бидат жени. Жената ја изгуби онаа функција што ја имаше дома, домашните работи ги запостави и почна да се замислува како глава на семејството, па настана хаос.“ - подоцна ќе се навратам на поентата.
Другарот пак, зборуваше дека пиеле по литро ипол алкохол, дека жените пиеле повеќе од мажите, дека девојките сакале само: пари, коли, убави облеки - да не речам девојките сите до една ги направи спонзоруши.

Слушајќи ги тројцата... ми се згрози. Бабата ќе ја сфатам, носталгија за младоста, послаба способност за примање иновации, што е нормално за годините што ги има, секако дека повеќе го цени оној период во кој бил цутот на нејзината младост. Она што не го сфаќам се овие двајца морони што ја извадија својата фрустрација врз жените...
Што ви се виновни жените бе луѓе што немате работа? Тие 90 проценти жени што можат да се забележат на автобуските станици не одат, народски кажано: да се курваат, туку одат да работат, а ако тие се оние што ги носат парите во куќата за сметки, леб и облека, секако дека тие се главата на семејството. Ако тие ја обезбедуваат егзистенцијата на домот како може да се оспорува нивната важност во истиот дом?
Ја обвинуваат жената за хаосот во домот... хм, додека таа минува 8 часа на работа, а ако мажот е дома, зошто тој да не ги сработи работите што таа е спречена да ги сработи од умор? До кога со тоа заостанато мислење дека мажот - колку и да е неспособен и неписмен треба да е со круна на главата? До кога ќе живееме во 17ти век?
А пак, за другарот не сакам да зборувам. Ги стави сите девојки во еден кош, исфрустриран од една што не го избрала поради тоа што ете такви критериуми си имала... Ако е тоа вистина, денес сите просечно ситуирани дечки треба да бидат без девојки - а повеќето од нив веќе се женети.

Поентата на оваа тема ми е, да зборуваме зошто до ден денес, сѐ уште во нашава ни напатена мала државичка патиме од комплекс на висока вредност ние мажите? Зошто не дозволуваме жената да си го завземе местото што го заслужува/ако го заслужува?
Колку денес жената е почитувана во ова наше општество? Колку е тоа изменето од оној период во кој жената смеела само да клима со главата и да трпи секаква тортура од мажот, како физичка така и психичка?
Зошто имаме толкава потреба да ги понижуваме сите девојки само поради фактот дека не сме кабожни да освоиме една?
А вие девојки, зошто сето тоа го дозволувате?
Да бев жена, ќе земев палка, и секој маж што ќе се „пентереше“ со својата заостанатост во патријахатот ќе го тепав дур прета :) - се шалам.
 
Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Поконзервативни биле мажите тогаш особено оние доминантни што сакаат да бидат. И дедо ми бил таков, не сакал баба ми да оди на работа, туку да седи дома и да си лечи фрустрации со неа. Но, тетка му на дедо ми (таа била оган во вода ама главна во куќата) рекла ќе оди и одеше баба ми. Ако го следела дедо ми и терала по негов памет сега немаше ни да ја има таа минимална пензија што ја зема.

Жените порано колку-толку ќутеле, сега социјалниве мрежи малку ги кренаа и да не можеш да и се "пуштиш" на некоја. Иначе што се однесува до мене пасивен сум и секогаш се стремам најпрвин да се договорам. Но, и волкот понекогаш носел крзно од овца за да ги залажи другите, така да сеуште сум млад и сум сингл, па камоли да сум женет и да изнесувам став.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Prashina

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Brace yourselves, реферат стиже.

Не ни знаев дека уште е во етер...Зевзекманија се занимава баш со исмевање на зевзеците преку истакнување стереотипни мислења, намерни се интервјуата со тие тројца. Сепак, тоа е само доказ дека таквите ставови се многу реални за голем дел од нашава популација.
Сите ја правиме таа порано vs. сега паралела, ќе ја прават и 20 генерации после нас и ќе мислат дека во нивно време било подобро зашто не ни знаеле за подобро, ко за почеток.
За волја на иронијата, истовремено и ќе се плукаме вака на основа на било која поделеност т.е. мажи, жени, и кој го држи Бога за онаквите, во случајов...ама битно ќе сме подобра генерација од наредната зашто секој на некој начин пробува да испадне (по)идеален.

Факт е дека отсекогаш постоеле и ќе постојат алфа мажјаци, само што во минатото (here we go again) тоа било поизразено за разлика од денес. Зборот на мажот бил заповед, а додај на тоа и дека сме заостаната земја каде во ран 20ти век уште било чудо жена да е писмена, па ете, некој можеби уште има жив прадедо кој прераскажува каков трепет бил за фамилијата и мастер на жените, а внуков гледа идол во тоа...а богами и Алемдар многу го гледа(л). :frantic
Ко резултат на таквото труење, и денеска постојат убедувања дека патријархалноста е врвот на општественото/семејното уредување, само што можеби соодносот е обратен од порано...или таа доминација е добро скриена (бар од јавноста).

Е сега, за женскава страна. Никоја жена која е паметна и доволно свесна за своите квалитети, не дозволува да ја тангира нечија замисла за тоа каде е нејзиното место, без разлика од кој пол и возраст иде идејата...пошто, реално, има и жени кои сметаат дека не заслужиле чекор подалеку од кујна и ја етикетираат секоја која на ваков или онаков начин успеала и/или се посветила на кариера или некое хоби.
Сега, јес да постојат копита на кои им се дуе печурчето ако деградираат некоја, ама затоа, ако не се женети со невеста помала 15 години од нив, времето и енергијата ги трошат во биртија расправајќи за својата вредност и важност.
Туку, муабетот ми беше дека покрај таквите мажи, сметам дека еднакво, па дури и позаслужна за етикетирањето, е женската завист. Многу почесто сум сретнала детални анализи и оправање туѓ живот т.е. колку некоја е (не)домаќинка од жени на кои им се чита каењето за сопствениот неуспех во животот, отколку од мажи-р'чпали или со повредено его.
Тоа е целиот проблем кај сегашната жена. Порано било која ќе е поголема чорбаџика и домаќинка и толку. Аферите биле помалубројни и добро скриени, а интернетот научна фантастика. Сега кога жените гледаат меѓусебно да се омаловажат, а убавината и домаќинлукот зависат од лајковите од егзорцизам поза на плажа и купени палачинки, нормално дека ќе добиваме триста перцепции и ќе доведуваме работи под знак прашалник.
Хипокритски или не, тврдам дека многу жени - жртви на „модерново време“, самите се експонираат во лошо светло и придонесуваат за своето деградирање, а не се ни свесни за тоа или им годи пошто се убедуваат дека „љубоморне душе могу да нам пуше“. (worried)
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Хипокритски или не, тврдам дека многу жени - жртви на „модерново време“, самите се експонираат во лошо светло и придонесуваат за своето деградирање, а не се ни свесни за тоа или им годи пошто се убедуваат дека „љубоморне душе могу да нам пуше“. (worried)
Ова сакав да го кажам.
Она што најмногу ми пречи мене како жена е тоа што голем дел од женската популација (посебно уфилманите феминистки), се повеке и повеке подсетуваат на гејовите кога упорно и упорно бараат права. Дај да бидеме реални и да не бидеме пристрасни. Денес (барем во модерните општества, не зборувам за оние делови од светот каде сеуште слепо и со стравопочит се следи традицијата) жената ги има сите свои права. Од една страна се чувствуваме навредени што машкиот род гледа на нас само како на сексуален објект, а од друга страна пред Ватикан протестираа голи феминистки со крстови забиени во нивното меѓуножје извикувајки ,,моралот пикнете си го во газ,,.
Денес секоја жена има право и можност да избере дали ке биде жена- домакинка, жена во работен однос или жена-сексуален објект.
Можеби сепак треба време да се заборави минатото и да се излечат фрустрациите, да се надминат комплексите и сл.
 
Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
Некогаш: жена- домаќинка; маж- "глава" на куќата.
Жена- без права; маж- сите права.
Сега: и маж и жена- исти права.
И маж и жена можат да го остварат своето право на работа.
Но, кај нас е поинаку. Се' уште важи патријархатот.
Најсвежа случка: брат ми го боли стомак, па затоа јас, тој и мајка ни одиме во Брза Помош во Струмица(инаку кај баба ми сме, таа живее надвор од Струмица). Ја прашуваме тетка ми дали ќе дојде и таа, и таа вели дека треба да го праша мажот и' ( тетин ми). Се враќа и ни кажува дека тој не ја пушта.(think)
Затоа се' уште мислам дека не сме ја надминале фазата каде некој, не е важно од кој пол, е главен.
Ах, пусто турско........
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: LaJa5

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Во еден дом двата партнери се домаќини, мислам дека често тоа се заборава. Имаш жена домаќинка и маж домаќин. И двајцата сакате да ви биде чисто - чистете си. И двајцата сте гладни и сакате да јадете - гответе си. Итн, итн. Зошто автоматски жената е само домаќин и само таа треба да се грижи за домот? Без разлика кој што и колку работи и колку заработува.

Особено во денешно време кога постојат машини за се и се помалку се работи на одржување на основните домаќински обрски, па зарем толку ли е тешко и толку ли е деградирачки за двајцата да ги извршуваат истите работи? Имаш раце? Имаш. Имаш мозок? Имаш. Тогаш кажи ми кој е проблемот што не можеш да измиеш 2-3 чинии и чаши? Нема друго објаснение освен размазеност. Зборам за било кој пол. Во најмала рака, станува збор за сопствен опстанок и исполнување на сопствените желби и потреби. Ако сам не знаеш да си зготвиш нешто или да си средиш, кој друг ќе го направи тоа? Вечно твоите дома ќе идат позади тебе и ќе средуваат?

Друго нешто што ме нервира е следново: "Јас сум мажот, мојот збор ќе биде последен. И да си во право, јас секогаш сум малце повеќе во право". Изгледа интелигенцијата се наоѓа во гениталиите, па зависно од тоа што имаш во долниот веш ќе се одреди кој е во право и чив збор е поважен. Мислам, не е важно доброто на односот и мирот во домот, важно е зборот на мажот да биде ислушан. На крајот испаѓа, ем мажите се поспособни за работа, ем се попаметни, ем се неспособни/нежни за да извршат некоја банална работа како што е миење на чинија. Еј ај после некој нека ми каже дека не станува збор за робовладетелство и речиси политичка игра во бракот, иако денес за среќа се помалку така фунционира човештвото.
 
Последна промена:

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Она што најмногу ми пречи мене како жена е тоа што голем дел од женската популација (посебно уфилманите феминистки), се повеке и повеке подсетуваат на гејовите кога упорно и упорно бараат права.
...а од друга страна пред Ватикан протестираа голи феминистки со крстови забиени во нивното меѓуножје извикувајки ,,моралот пикнете си го во газ,,.
Тоа е веќе екстремен феминизам кој во најголема рака се шири преку модернава технологија т.е. интернетот т.е. YouTube и Tumblr.
Всушност, не знам ни дали влегува во границите на феминизам веќе, смешно е да гледаш некоја кај што си ја чешла мишката, мислејќи дека со тоа придонесува за жените(?!). Повеќе алудира на психолошко помрднување, осносно на индивидуи што претежно низ животот минале игнорирани и не го добивале машкото внимание ко што сакале, па тоа прераснало во фрустрација до степен сега за сексуално малтретирање да го сметаат погледот упатен на нивна сметка, а вториве се веќе највисокиот степен на attention whores, но, и во двата случаи, лошото е што таквите без две чисти се најгласни и ја создаваат онаа генерална слика за некаква си „модерна“ жена...а ванаби алфа мажјакот на денешницата, кој е заглавен во стегите на прадедовото владеење, не само што ја презира, туку и се плаши од таквата т.е. се плаши дека ќе му ја надмине доминантноста што ни самиот не знае како да ја покаже, освен преку омраза.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Поентата на оваа тема ми е, да зборуваме зошто до ден денес, сѐ уште во нашава ни напатена мала државичка патиме од комплекс на висока вредност ние мажите? Зошто не дозволуваме жената да си го завземе местото што го заслужува/ако го заслужува?
Колку денес жената е почитувана во ова наше општество? Колку е тоа изменето од оној период во кој жената смеела само да клима со главата и да трпи секаква тортура од мажот, како физичка така и психичка?
Зошто имаме толкава потреба да ги понижуваме сите девојки само поради фактот дека не сме кабожни да освоиме една?
А вие девојки, зошто сето тоа го дозволувате?
Да бев жена, ќе земев палка, и секој маж што ќе се „пентереше“ со својата заостанатост во патријахатот ќе го тепав дур прета - се шалам.

Зборчево последен пат го имам слушнато од припадник на дијаспората во поодминати години...:zelen
Не било така едноставно порано, мажот го `примал` до џигери од системот, жената од мажот а децата од жената (ок, и од мажот) и така опстанувал системот.

Друго е шо треба време кај транзициониот период. Нашата генерација е сеуште во транзиција, а генерациите на наши родители и чат пат баби и дедовци растеле во екот на најголемите промени на меѓуполови односи на овие простори - во познатата историја. Тоа што постојат многу мажи кои кукаат по времињата кога жените седеле дома воопшто не е чудно па ни нешто за осуда бидејќи така било со илјадници години. Симболично кажано ако историјата ја замислиш како една година, тек во последниве 15 минути жените имаат рамноправност.

Тука е и факторот на денешниот стандард каде примањата се смешни а можноста мажот да обезбеди кров над глава за себе и за евентуална жена/потомство - никакви, уште еден нов феномен чунки порано - колиба, куќарка од плитар - секој можел да си дозволи да изгради и да живее со семјеството. Значи мажот во последниве 15 минути од оваа година не може да обезбеди кров над глава, нешто кое го правел отксегогаш, атмосфера на нереализираност, неважност ги демнее мажите низ балканот...

И тоа дополнително ги фрустрира мажите кои се оддаваат на алкохол, народњаци и квази-носталгија...:pusi

Факт е дека отсекогаш постоеле и ќе постојат алфа мажјаци, само што во минатото (here we go again) тоа било поизразено за разлика од денес. Зборот на мажот бил заповед, а додај на тоа и дека сме заостаната земја каде во ран 20ти век уште било чудо жена да е писмена, па ете, некој можеби уште има жив прадедо кој прераскажува каков трепет бил за фамилијата и мастер на жените, а внуков гледа идол во тоа...а богами и Алемдар многу го гледа(л).

Ко резултат на таквото труење, и денеска постојат убедувања дека патријархалноста е врвот на општественото/семејното уредување, само што можеби соодносот е обратен од порано...или таа доминација е добро скриена (бар од јавноста).

Не е факт дека постоеле и ќе постојат алфа мажјаци туку е измислица и мит, продукт на популарната психологија за широка конзумација, значи не, никогаш не постоеле и денес не постојат
Порано скоро сите мажи ги тепале и деците и жените и тоа било перцепирано како нормално и пожелно. Детството како категорија го измислил Чарлс Дикенс, i kid you not. (знам, ова делува забегано ама е мање-више точно):zelen

Од една страна е интересно да се живее во време на промена, да се биде сведок на сето тоа, од друга страна кинеската клетва кажува нешто као `да дај госпо да живејш во интересни времиња` и затоа масовниот број на катастрофално неуспешни врски и бракови, разводи и трауми,растргани деца меѓу родители, растурени семејства... денес толку енергија се троши на самите врски и сексуално-емоционалниот живот што за некој наш предок тоа би било незамисливо и симптом на опседнатост на ѓаолот.

Никогаш не било полесно да се дојде до секс и никогаш потешко да се оствари трајна и стабилна врска и брак.
That being said, не значи дека сурати пред кооперација кои тагуваат за стари времиња не се дебили, но си има причини зошто постои примитивен гнев и фрустрации кај мажите и хиперсексуализираност кај жените...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and MoonFairy

Секогаш постоеле и постојат оние кои сакале да се истакнат, дали со сила, изглед, памет, храброст или all of the above...да поттикнат тепачка во бар, да предизвикаат на двобој за женска, да трчаат во прв ред во војна...и секогаш ги имало оние што сечеле прсти и кршеле нозе за да не ги соберат за војна, што биле безгласни букви и што се откажувале на прва препрека, и истите биле различно перципирани, па дали таа класификација ќе се нарекува алфа, зета, капа или неонка, е мање битно. :D

Нормално нели, не можеме ни да очекуваме сексуалниот живот и слобода пред 100ина и повеќе години да се ко сегашниве. Иако немало социјални мрежи и дејтинг сајтови, имало доста курвање, џабе и јас пишав дека било помалубројно, веројатно ни тие не би биле поарни кога би им биле работите вака на дофат ко нам. Затоа пак се праќале еротски писма, се покажувал глужд на чешма, па се идело по плевни, мажот ќе бил отсутен две години, а кога си идел - ќе начекал две нови деца...па во последно време што читам за англискиве поети, уште сами себе што не се изонадиле за инспирација (период од 12ти до 18ти век). Жената, малолетничката што продавала цвеќе на улица, братучетките, тетката на жената, по некој далечен стрико...ју нејм ит. :D
Ама, бар тогаш се труделе некако да се спознаат и освојат, макар со глужд и пољубац на писмо. Сега имаш бракови после двомесечна врска преку фб, нормално дека 90% се осудени на пропаст кога не знаат основни работи еден за друг, а љубовна хистерија не ствара што саканиот отишол во војна и требаат три месеци за писмо да стигне дека е жив, туку за лајкот стегнат кај напукана особа. (worried)
That being said, не значи дека сурати пред кооперација кои тагуваат за стари времиња не се дебили, но си има причини зошто постои примитивен гнев и фрустрации кај мажите и хиперсексуализираност кај жените...
Name them! :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Секогаш постоеле и постојат оние кои сакале да се истакнат, дали со сила, изглед, памет, храброст или all of the above...да поттикнат тепачка во бар, да предизвикаат на двобој за женска, да трчаат во прв ред во војна...и секогаш ги имало оние што сечеле прсти и кршеле нозе за да не ги соберат за војна, што биле безгласни букви и што се откажувале на прва препрека, и истите биле различно перципирани, па дали таа класификација ќе се нарекува алфа, зета, капа или неонка, е мање битно. :D

Нормално нели, не можеме ни да очекуваме сексуалниот живот и слобода пред 100ина и повеќе години да се ко сегашниве. Иако немало социјални мрежи и дејтинг сајтови, имало доста курвање, џабе и јас пишав дека било помалубројно, веројатно ни тие не би биле поарни кога би им биле работите вака на дофат ко нам. Затоа пак се праќале еротски писма, се покажувал глужд на чешма, па се идело по плевни, мажот ќе бил отсутен две години, а кога си идел - ќе начекал две нови деца...па во последно време што читам за англискиве поети, уште сами себе што не се изонадиле за инспирација (период од 12ти до 18ти век). Жената, малолетничката што продавала цвеќе на улица, братучетките, тетката на жената, по некој далечен стрико...ју нејм ит. :D
Ама, бар тогаш се труделе некако да се спознаат и освојат, макар со глужд и пољубац на писмо. Сега имаш бракови после двомесечна врска преку фб, нормално дека 90% се осудени на пропаст кога не знаат основни работи еден за друг, а љубовна хистерија не ствара што саканиот отишол во војна и требаат три месеци за писмо да стигне дека е жив, туку за лајкот стегнат кај напукана особа. (worried)

Name them! :zelen

Знам дека не мислиш баш на алфа, ама да си кажам сепак, имало секакви мажи ама немало алфа мажи, тој поим се однесува на карикатурални прикази на градски ебачи и наводни ширители на днк како резултат на ширењето на популарна психологија, а дека имало вакви и онакви мажи, јасно дека имало. Е сега ваков или онаков ќе наклепал 7-12 деци :)

Oрвелијанско е времето и сите работи ги посматраме низ денешна призма, пример со војската - тек за време на балкански војни, значи пред сто години почнале да собираат раја (мобилизација), дотогаш никогаш немало на овие простори `одење во војска`, значи баш никогаш, османлиите си имале профи аскер и доброволна паравојска (башибозук), византија си имала профи војска, рим етц а така било и по цел свет, нова мода е таа со служење војска за џабе, на гладна душа, за патријотизам.
На земјоделецот пред 200 години некој да му каже да напушти домот и стоката и земјата и сеидбата и жетвата и да се затера во некоја припиздина и да се бори за беспари... couldn`t be done. Брејнвошот дошол после...

Далеку биле тогашните стандарди од денешните во поглед на сексуалноста, можеби имало неколку куќи со women of ill repute (колку е јак изразов:zelen) по Битола или Солун ама за генералната популација тоа не значело многу. Љубовни писма можеби арно ама неписмени биле повеќето...

Што е и нормално, замисли да затруднела некоја, не постои кондом, нема спирала и остали ствари, нема апче деј афтер, нема ништо. Шо со детето?
Абортус нема освен кај бабица или кај тогашен еквивалент на Иван Исцелител. Доволно била висока смртноста кај регуларно раѓање а кај абортус би било руски рулет. Нема домови за сираци, нема социални служби, нема ништо. Чедоморството било прилично вообичаено...
Значи сексуалната `слобода` лесно можела да одведе во гроб, настрана социјалната изолација и стигматизација. Веројатно затоа и ден денес многу жени страшно ги иритира поимот `kurva` , тој поим низ вековите бил страшен, тешка осуда, крај.
Сметај дека и мажот можел буквално да ја убие од ќотек ако ја затекне со туѓо дете, тоа сценариото го нема година дена а затекнал дете кога се вратил. Ќотек, смрт, ќе ја закопаат жената, шо и се деси - од офтика си умре кутрата и сето тоа без никакви последици по сопругот. Неверојатно но тоа биле механизмите за заштита на авторски права на татковство и морален интегритет :eek

Значи општеството немало никаква заштитна мрежа за последици од сексуален однос и има логика зошто не било тогаш исто ко сеа...

А причините зошто денес е така, зошто има гнев ги напишав погоре во претходниот пост, нагло се променија улогите со развојот, прерано е за да се очекува нешто поинаку, мора да пројде време.
Тоа за мажите а жените... после милениуми потисната сексуалност поради делумно оправдани а делумно неоправдани причини, денес веројатно надокнадуваат па не пропуштаат прилика да ја истакнат сексуалноста но и за тоа треба време...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and Electra