Некогаш и сега

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
http://www.washingtonpost.com/news/...-tank-at-former-irish-home-for-unwed-mothers/

Ова е во Ирска, таму католички часни сестри се грижеле за девојките кои имале вонбрачна трудноча. Дали од проституки, дали од млади девојки кои ги прелагал дечкото па се впуштиле во предбрачен секс, дали од силување...
Децата се раѓале и ги закопувале во септички јами. Овие домовите за `паднати жени` биле нешто како машини за чедоморство, масовно, цело село, детски логори на смртта.
Сиротиња, немало доволно храна ни за деца со `легални` родители а не пак за овие, плодовите на необуздани нагони... брза смрт или пеколен живот биле единствените исходи кои ги очекувале малечките.
Затоа сексот порано бил навистина сериозно сфатен :), hence моралната осуда чии реликти постојат и денес е сосема разбирлива.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Ми текна нешто, имаше на една тема пред некој ден една членка која спомена дека сопругот го запознала преку некој форум. Дали е форум или фб или скајп или блог е најмалку важно, важна е неверојатната разлика меѓу некогаш и сега.

Четири генерации поназад стројници или договори меѓу семејствата биле главен фактор за склучување брак, денес имаме бинарен код како иницијатор на бракови. И шта речи, имаш сеуште живи луѓе кои пред 70-тина години се земале ради договор на родители а денес брак како резултат на користење виртуелна платформа. :kafe
Пред нив,70 и 700 години немало никакви промени.
Човек да се обиде да објасни на такви постари луѓе што е тоа форум и што е нет и како е можно некој да стапи во брак преку нив би било невозможна задача.

Тоа е таа транзиција која денес е екстремно брза и која иако носи предности во вид на слободен избор на партнери, носи и ризици...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Prashina

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Се додека човекот им робува на материјалната сигурност и општествените епитети ке има вакви појави.
Кога човекот ке разбере дека љубовта, разбирањето, сочувството и добрината се основа за среќен живот, тогаш сите ке бидеме рамноправно третирани.
Не може да се очекува дека во еден брак кој е склопен поради материјална сигурност ке има хармонија. Тој што ги обезбедува средствата секогаш ке има потреба да се изживува врз другиот кој зависи од него и обратно, тој што е издржуван секогаш ке молчи, бидејки знае со која цел влегол во тој брак.
Човековото его нема граница и нема совест.