Независност

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
На онаа темата со типката која имала психички тегоби (со оставање задолжителна резерва дека е трол, како кај авионите шо мора да се има одреден процент гориво повеќе од тоа што просечно се арчи на одредена рута :zelen) имаше разни совети и судари меѓу членови околу стамбена, финансиска, материјална и остала независност од родителите, некои советуваа веднаш да се оди од домот, како тоа да е сосема едноставно, други имаа пореалистични мислења и слично...

Пошто форумското граџанство главно е на возраст каде размислување за независност е секојдневие, редно е да си продискутираме за сето тоа, какви се опциите на млад човек да излезе од домот на родителите (кој најчесто е оставен од баби и дедовци на денешните родители, ако не и од прародители во некои случаи:kafe) .
Дали киријата може да се смета за независност или само за ефтин сурогат на стамбена независност, нешто како степче со вкус на лимон вс. цеден сок од лимон!?
Дали вработувањето е доволно за независност?
Пошто времето лета, животот е превара и судбината не се покажала најсклона кон сите нас со самиот факт што сме се родиле овде...што би можело да се направи?

Постојат реални шанси за остварување на стамбена, финансиска, материјална независност или сето тоа спаѓа во доменот на фантазијата и подобро е да не се надеваме за џабе и веднаш да се оддадеме на ракија, хорс и филмови со Стивен Сигал?
Одењето во иноземство како единствена опција?

Шта речи?
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Шта речи?
Па на сите ни е јасно дека луѓето со просечни примања немаат баш некоја голема шанса за осамостојување, но надвор од финансиските услови, најголема пречка за целосно или зрело осамостојување е нашиот заостанат менталитет.
Јас не ги сметат за осамостоени оние кои живеат сами, а не знаат да се справат сами во повеќето животни ситуации и речиси секојдневно бараат помош од родителите или другите членови од семејството.
Исто така не ги сметам за осамостоени оние кои пред да донесат било каква одлука во животот размислуваат за тоа што ке кажат блиските, дали ке добијат согласност од родителите и постојано се консултираат со истите.
Можеби со сето тоа финансиите сепак имаат некоја поврзаност, обично доколку родителите сеуште подпомагаат финансиски или помогнале во школувањето, вработувањето или купувањето на станот... знаат често да ги заробуваат своите деца нудејки сигурност во замена за слободата на сопстветото независно одлучување (најчестата причина за таквото однесување на родителите е да се створи добра слика за емејството ред народот)
Мое мислење е дека личноста е самостојна ако самата свесно и одговорно си го управува својот живот.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Let's face it. За да направиш куќа минимум 20К€, да купиш малку поефтин е минимумот. Станче варира од местоположбата ама минимумот е тука некаде. Плата просек 200€. Математиката вели дека ти требаат отприлика 100 чисти плати (да не ги трошиш воопшто) за да купиш такво нешто, ако земеш кредит троа појќе. 100-150 плати е 8г 4м -12г 6м работа за да купиш куќа/стан чисто од твои пари. Реално (оти нели луѓето имаат потреба од храна, хигиена, имаат должност кон државата и сл.) едно 3-4 пати подолго од тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991 and Outrider

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Што знам...може треба да си поднесеме документи за социјална помош и после да си живееме боговски со јаки коли и во палати. Е, сега, малку некој туторијал ќе треба, али мислам лесно се учи со книвче-две.

Самостојност со „просечна“ плата од 12,000 (нели, во подобри случаи) и, да речеме, ко во погорниот случај, на 20 години, ако планираш да учиш и живееш сам, еден семестар е минимум 6500 + отприлика 3000 минимум за кирија и сметки, па од останатите пари едвај за леб и вода да имаш, а камо ли други луксузи. Плус, богативе пастуви од сопственици, едвај чекаат кутрите да заштедат на млад народ очаен за пари, па уште поочајно ги ставаат во теснец ко евтина работна сила за 9-10,000 денари.
Евентуално ако решиш платата да си ја збираш за осамостојување, и само за тоа, а да живееш со твоите и тие да ти плаќаат друго.
Таман до пензија ќе се има за една гарсониера.
Па супер бе! Види па, кај нас дневница е по 400-500, а еве во Бангладеш работат за $2 (80-90 денари) цел ден.
Значи може да се успее ако сакаш!
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Значи ништо од независност, останува кирија и торент со филмови од Сигал :(

Еден период размислував доста околу оваа тема, се додека не почна мозокот да ми отекува :zelen Никако не доаѓа сметка, све на крај треба да станеш 71-годишен пред свечано да се вселиш во евентуално станче, поарно гробна парцела да си купи чоек (puke) Монтажни куќи и тие ствари се тоа фино ама пак курац, 30К еура. Ортачко градење на класична куќа со класични материјали и срања и делење по спратови, ништо и од тоа...
Видов не видов се препуштив на главната магистрала на сајберспејсот за да барам алтернативни решенија.
Во тоа ми помогна самододелениот статус на аматер-историчар (party) пошто се интересирам најмногу за историјата на поединецот и семејството низ вековите а не за цареви и остали манијаци...стварта беше шо сите тие силни сумери, вавилонци, толтеци и келти морале да имаат решено стамбено прашање, сигурно не спиеле под мостови или во картонски кутии :zelen
Немало хипотекарни кредити во нивно време и морале да се снаоѓаат. И не само шо се снашле него стамбени градби на обична раја се зачувани до ден денес.
А раја со малку средства...

Да не должам после долго роварење по нет, релативно скромно искуство од градежен сектор и консултации со раја шо се бави со тоа, увидов дека може да се направи куќа за 3.600 евра за некои 70 квадрати:frantic
Знам, шокантна цифра and i`m not kidding и неам лапнато една нула.
Тоа би била основната цена, без намештај и евентуални комуналии (иако има шорткат и околу тоа)

Останува практичната реализација која беше започната пред судбината да ми се посере пред врата но тоа не е важно, важно е дека е можно и еден ден има да бидам независен па ако сака последно нека е...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Big Berta and malo

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Зависи све од многу фактори...
Зависи од тоа колку родителите навистина мислеле на своите деца и ги обезбедиле со основната егзистенција - стан уште пред децата да отидат на училиште.
Зависи од менталниот склоп на децата што родителите првично им го оставиле а потоа и општеството.
Ако зборуваме за колку толку чесна заработка, зависи од тоа колку децата се научени да работат уште од релативно млади години. Децата со високи очекувања најчесто се или премногу дигнати и газат буквално се` пред себе, или се разочарани и не се нафаќаат да се подобрат туку едноставно вегетираат.
Мислам дека луѓе кои имаат пројдено сешто низ животот имаат повеќе предизпозиции да се снајдат барем кога станува збор за независноста. Тие не се срамат од себе си, егото им е поприлагодливо, иако неколкупати претрпеле трауми, можат полесно да се адаптираат.

Сеа гледано од социолошко културните одлики, посебно во наши услови независноста е многу многу тешко остварлива.
Ќе бидам лошиот чичко но гледано на тоа што во мое време на многу од мојата генерација па и помлади се трошеше бесмислено на ситнурајки наместо на обезбедување уште од мали нозе, мислам дека менталниот склоп тука игра важна улога. Ти не може да го играш америчкиот сон во општество каде работното место не ти е загарантирано или па утредента кога би те шутнале да најдеш работа во истиот момент. Мораш да размислуваш 3 чекори унапред и да делуваш многу многу скромно.
Пример во мојата генерација знам деца кои реално немаа вода во очи но затоа секогаш беа обезбедени со најскапата облека и најдобриот геџет- компјутер. Тоа во америка не е луксуз бидејќи со 2-3 дневници секој би можел да си приушти. Во наши услови тоа итекако се смета за луксуз.
За да го направиш детето независно, прво мора да го натераш оноа што го добива од тебе дека е еден вид на нешто што со тек на време мора да го заслужи за да го вреднува. Не може да го опсипуваш со еден куп ствари, а ти сирот голтар не знаеш да скрпиш 2 со 2. И мора да го стекнеш со некои позитивни навики иначе џабе му е после диплома, магистерска ако во животот немал еден ден работно искуство. Се вратив на индивидуата па ќе ставам поопширно малку.
Една од најбитните работи е ако имаш прилика да инвестираш во недвижнини а во моментот освен домот во кој живеете немаш никаква друга алтернатива, стори го тоа. Па макар и било некоја гарсоњера, барем за почеток. Реков погоре за опсипување на детето со внимание сум против но тоа не важи за ова. Ти веќе ќе го научиш детето да не се лови на ситници, да не биде трошкаџија, така да тоа кога ќе дојде денот за одселување веќе ќе ги има работите извагано на страна и ќе цени многу повеќе.
Што се тиче проблемот човек сам да почне од старт без смештај и работа во државава, воопшто не е возможно или е возможно да се пресели во некоја поевтина околина, да живее под кирија, да црнчи од јутра до сутра заедно со жена му, да не види бел ден... во такви робовски услови благодарам но не, тоа не е живот. Но многумина го живеат за жал. Да бидам искрен, од психолошки аспект донекаде ќе разберам приврзаност со пријатели, фамилија мајка татко. Но од аспект на патриотизам ми е дебилно и би го фатил првиод воз за надвор.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Хоуп*

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
@Outrider ама келтите не морале да купуваат плацеви, да регистрираат куќи и штознамтаму уште каква не процедура за полнење државни каси. Плус не им требале лиценци и архитекти за да градат.
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
90
Постојат реални шанси за остварување на стамбена, финансиска, материјална независност или сето тоа спаѓа во доменот на фантазијата и подобро е да не се надеваме за џабе и веднаш да се оддадеме на ракија, хорс и филмови со Стивен Сигал?
Одењето во иноземство како единствена опција?
Шта речи?

Повеќе од 10год. живеам самостално.
Пред да се осамосталам заминав за Грција,работев секаква работа,берба на портокали,маслинки,грозје,чистев во објекти во што се во изградба,не бирав само да е чесно платено.Во тие најниски словеи од општеството човек се среќава со разни ситуации,од криминал до проституција,и ред други искушенија.
Додека не се соочите со самите себе,од телесна до духовна исцпреност,нема да знаете што значи самосталност!
Се вратив и најдов место за кое плаќав 2500мкд кирија + трошоци за струја и вода,работев во еден погон за произвоство и дистрибуција,платата беше скромна некојси 8000-9000мкд,за да ги намалам трошоците патував со точак (зимо и лето),само во дожливи денови користев автобуси.
Парарелно барав друга работа,но како и за секоја работа треба време,еден разговор, па друг разговор,со што решив да напуштам.
За да немам финасиска дупка се вработив како амал на мајстор за лепење плочки,занаетчиството е добро платено.Терав така еден период додека не најдов друга работа,во една мала компанија,подобро платена.Го променив станот,земав поскормен,зошто во тој што бев имаше многу влага,секое сабајле се будев со мокри пижами.Како и да ,најдов друг за 3500мкд + трошоци.За да опстојам извадив платежни картички и со нив вртев,стави во една извади од друга,но секогаш го запазував датумот и никогаш не каснев со уплати.Имаше и такви денови кога собирав метални по џебовите за да го поминам денот,со собрани 20мкд да се преживее,една зелка и ете ти подварок.:)
Се задржав подолго таму на работа,стекна искуство и имав добри обуки,што ми овозможија да конкурирам во подобра фирма.
И така бидна,подобра фирма,подобро платена,картичките почнав да ги затворам и да променам стан,сега подобар за 5000мкд
Некако успев и кола да купам,па се надевам следното ќе биде,да купам помала куќа.:kafe
Големо школо е живото,научив многу,искусив многу,можеби и премногу.Никогаш,ама никогаш, никој не можеше да се примети дали имам или немам пари во џебот,јас секогаш бев истиот.

Возможно е човек да се осамостали,прашањето е дали сте доволно силни да се соочите со сите предизвици на тој пат,а патот е дооолг.
Кога ќе прочитам некој вакви иронични и саркастични постови,како тоа се намало можност,владата е крива и др.,се прашувам дали општеството ви всадило страв од тоа што ќе го изгубите статусот и живеете од тоа што ќе речат другите или па ја криете својата свлабост и неодлучност, позади критиките како Јанко ,Петко и сите останати се криви поради вашиот неуспех?
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
@Outrider ама келтите не морале да купуваат плацеви, да регистрираат куќи и штознамтаму уште каква не процедура за полнење државни каси. Плус не им требале лиценци и архитекти за да градат.

Good point, но ствар е што е тоа возможно и сега, само што треба да биде надвор од границата на урбанистички план е сеа зависи каде живее човек и колку е далеку од работно место и слично, опцијата транспорт би се наметнала како must, сепак во секој случај ако се стават на кантар прос/конс се работи за добра опција (која е далеку од универзално решение, повеќе индивидуално)

Повеќе од 10год. живеам самостално.
Пред да се осамосталам заминав за Грција,работев секаква работа,берба на портокали,маслинки,грозје,чистев во објекти во што се во изградба,не бирав само да е чесно платено.Во тие најниски словеи од општеството човек се среќава со разни ситуации,од криминал до проституција,и ред други искушенија.
Додека не се соочите со самите себе,од телесна до духовна исцпреност,нема да знаете што значи самосталност!
Се вратив и најдов место за кое плаќав 2500мкд кирија + трошоци за струја и вода,работев во еден погон за произвоство и дистрибуција,платата беше скромна некојси 8000-9000мкд,за да ги намалам трошоците патував со точак (зимо и лето),само во дожливи денови користев автобуси.
Парарелно барав друга работа,но како и за секоја работа треба време,еден разговор, па друг разговор,со што решив да напуштам.
За да немам финасиска дупка се вработив како амал на мајстор за лепење плочки,занаетчиството е добро платено.Терав така еден период додека не најдов друга работа,во една мала компанија,подобро платена.Го променив станот,земав поскормен,зошто во тој што бев имаше многу влага,секое сабајле се будев со мокри пижами.Како и да ,најдов друг за 3500мкд + трошоци.За да опстојам извадив платежни картички и со нив вртев,стави во една извади од друга,но секогаш го запазував датумот и никогаш не каснев со уплати.Имаше и такви денови кога собирав метални по џебовите за да го поминам денот,со собрани 20мкд да се преживее,една зелка и ете ти подварок.:)
Се задржав подолго таму на работа,стекна искуство и имав добри обуки,што ми овозможија да конкурирам во подобра фирма.
И така бидна,подобра фирма,подобро платена,картичките почнав да ги затворам и да променам стан,сега подобар за 5000мкд
Некако успев и кола да купам,па се надевам следното ќе биде,да купам помала куќа.:kafe
Големо школо е живото,научив многу,искусив многу,можеби и премногу.Никогаш,ама никогаш, никој не можеше да се примети дали имам или немам пари во џебот,јас секогаш бев истиот.

Возможно е човек да се осамостали,прашањето е дали сте доволно силни да се соочите со сите предизвици на тој пат,а патот е дооолг.
Кога ќе прочитам некој вакви иронични и саркастични постови,како тоа се намало можност,владата е крива и др.,се прашувам дали општеството ви всадило страв од тоа што ќе го изгубите статусот и живеете од тоа што ќе речат другите или па ја криете својата свлабост и неодлучност, позади критиките како Јанко ,Петко и сите останати се криви поради вашиот неуспех?

Немој нас подјебават мајсторе...:)
Ти не си осамостоен туку си полуосамостоен со како што сам кажа, живеење по мувлосани подруми и живеачка од денес до утре.
И кола купи и планираш куќа со просечни македонски примања? Да не се познаваш случајно со викторче, тој знаел раја на социјално шо возеле бесни коли :rofl

Возможно е човек да се осамостали,прашањето е дали сте доволно силни да се соочите со сите предизвици на тој пат,а патот е дооолг.
Кога ќе прочитам некој вакви иронични и саркастични постови,како тоа се намало можност,владата е крива и др.,се прашувам дали општеството ви всадило страв од тоа што ќе го изгубите статусот и живеете од тоа што ќе речат другите или па ја криете својата свлабост и неодлучност, позади критиките како Јанко ,Петко и сите останати се криви поради вашиот неуспех?

Ова е екстремно глупо, извини на троа погрубиот израз. Согледувањето на реалноста си го измешал со `кој ти е криф за неупехот`, по таа логика децата кои умираат од глад се сами криви во Етиопија...

Break them numbers for us, како се доаѓа до живеалиште со овдешни примања?
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
90
@Outrider се додека живееш со термин дека општеството е преголемо од самиот човек,ќе се пениш со сарказам,групирајќи се со истомисленици,оправдувајќи или напагајќи одредена партиска група што го води општеството,ко демек вие знаете како треба.
А всушност е обратно,секој човек е држава,ако не умееш да си го средиш својот круг на живеење,да си поставиш свои норми и правила ќе се крите позади туѓи општествени неуспеси.
Посочив пример како се почнува од нула,но кога би го разглобил сето тоа се доаѓа до едно не многу уочлив проблем,а тоа е потрагата по мир и спокој.Не битно е каде,со кого,што работиш или каде живееш,се додека се нема мир и спокој ќе се талка по некој поубав живот залажувајќи се дека со изобилство ќе се придобие тоа.

Токму тој мир ќе се корити како морковче за да се придобие народот.
Независноста или осамостојувањето е чин на поединец,ослободен од рамките на општествените предрасуди за тоа што е успех.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and diva orhideja