На кого ги кажувате вашите тајни?

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com
Дали се доверувате на вашите другари/другарки, дечко/девојка, маж/жена, мајка/татко, брат/сестра?
Сметате ли дека ќе останат меѓу вас двајца или одите според тоа : “Ако кажеш тајна на еден пријател,сметај дека и тој има свој пријател“ ?
Колку имате верба во нив?
Дали кажувате се или сметате дека нешто треба да задржите и за себе?

Се што знам јас знаат и моите најдобри другари.(порано или подоцна за некои случки непријатни и незгодни).Важи и обратното.
Тајни на родители не кажувам зашто ќе збеснат, нити пак на роднини.За девојка да не правиме муабет.
Доверба во другарите имам многу, секако со простор дека некогаш нешто нема да испадне како што треба.

Кажувам се’ само на таа група мала.На никој друг.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

maculka

Полноправен Член
24 февруари 2012
60
89
18
како другите со мене така и јас со нив,порано и кажував се на најдобрата другарка ама веке не кога гледам и слушам дека она од мене крие некој работи,зашто јас да и се доверувам..единствено на кого ептен му верувам е сестра ми,е она знае се и ништо не кријам од неа
 

x3m

Активен Член
17 февруари 2012
139
169
43
Скопје
Јас и моето друштво (5 другари) се знаеме за другите. Не сме кретени да ги издаваме тајните на други луѓе, како што прочитав погоре во коментарите. Пример, дури и другарот што е краток со пари, а вечер излегува со девојката, а побарал само од 1 од нас, веднаш типот од кого е побарано ќе ни каже дека му треба помош. Завршена работа. Сите сме од семејства со просечни примања, па многу е нормално да снемаме пари некогаш. Тоа е другарство.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Многу ретко кажувам сопствена тајна на некому, ептен ако ми треба совет. А на мене, сите мои пријатели ми се доверуваат, до тој степен што секој од прво кај мене, а можеби и подоцна кај останатите. Никогаш не сум издала тајна, имав еден период кога сите до еден од моето друштво ми кажаа по една нивна, во исто време, и се осеќав дека ќе експлоадирам. :skip Секогаш чекам тој кој ми ја доверил тајната, или да ја "среди работата", или да ја признае самиот тој на останатите. На една другарка и ја чував тајната цели 2 години, се додека реши дека е поволно време и другите наши пријатели да дознаат за истото.
 

Dr.Gonzo

Истакнат Член
23 февруари 2012
652
1,916
393
Fukushima
www.gonzo.com
Тајни кажувам само на пар луѓе во кои имам најголема доверба, а мене обично многу ми се доверуваат,ама знам и многу добро да ги чувам тајните, уствари голем дел сум ги забораил. Ако сакате да се олесните ајде на исповед кај мене
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Trouble and ZmajChe

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Најдоброто си го чувам секогаш само за мене, немам многу верба во луѓето. А ако кажувам, кажувам нешто што не би можело да каже на друг и да ме уништи. Ова се тешки времиња не можеш во секого да имаш верба..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ludaca, ZmajChe and maculka

Gabriela

Активен Член
19 февруари 2012
149
139
43
27
Неам во другари другарки дечко доверба само во мама си имам.
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,529
443
Скопје
Ние сме 4 блиски другарки што се дружиме.Си ги кажуваме сите тајни и бараме совети/поддршки една од друга.
Сепак има некои работи што сакам да си ги зачувам во себе,некои работи за кога би биле кажани би добила негативен коментар кој не сакам да го слушнам.
Многу добро функционираме и се дружиме,дури и кога сме биле скарани (пред 2 години последен пат) никогаш не сме издале тајна на некој надвор од нашето друштво :nah
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ZmajChe and Sugar

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
Некои работи не ги кажувам на другарките, а тие работи што мислам дека треба да се кажат, па доколку можат да ми помогнат им кажувам.. на мајка ми не и кажувам ништо... а за чување тајни, ги чувам, било какви да се, само што и јас ги заборавам поголемиот дел од нив... но, кога ќе ме потцети некој ми текнува :D