Сеуште учам да свирам на гитара,ја имам веќе некои 3 месеци,и прилично сум посветен. Како помал ми беше желба да научам гитара или тапани,желбата за тапани некако преовладуваше но сепак немав услови за тоа. Сега на 21 решив да почнам да учам свирење гитара,и почнав со електрична,затоа што звукот на акустичната не е баш нешто што ми се сфиѓа многу. Не дека мразам звук на акустична,далеку од тоа,едноставно меракот ми беше да почнам со електрична,и така почнав.