ЦРНА ВДОВИЦА ПОЧНА ДА НАПАЃА НА БАЛКАНОТ
Само во последните две години во Албанија од 50тина лица кои биле каснати од овој пајак, дури 10 починале. Во најголема опасност се луѓето кои се занимаваат со земјоделство.
Пред неколку дена, албанските власти предупредија на поголемо внимавање во полињата каде се одгледуваат култури, бидејќи овој отровен пајак во последно време знае да нападне.
Експерти од Природно-научниот музеј на Македонија потврдуваат дека во околината на Кратово го има овој опасен пајак.Тој е црн, сјаен и влакнест со просечна големина на телото од околу 6 милиметри и со пипците до околу 5 сантиметри. Прави густа пајажина во ниски растенија најчесто во тутун или жито. По каснувањето за 2-3 секунди се појавуваат силни болки, гушење, зголемен крвен притисок и нервно растројство.
Црна вдовица (латински: Latrodectus) е род на пајак од фамилијата Theridiidae, која содржи 31 признати видови. Во последните неколку години зачестија убодите од пајаците од видов „Црна вдовица“.Само во последните две години во Албанија од 50тина лица кои биле каснати од овој пајак, дури 10 починале. Во најголема опасност се луѓето кои се занимаваат со земјоделство.