Иако се смета дека моќта е резервирана за мажите, постојат жени кои оставиле силен белег на времето во кое живееле. Успеале да се изборат за најзначајните позиции во општеството, на кои обично се припадниците на појакиот пол.
Историјата ги забележала нивните постигнувања, а ние ви ги претставуваме највлијателните жени во светот.
Мајка Тереза
Во минатиот век и не постои повлијателна жена од неа. Родена е на 26 август 1910 година во Скопје, а во Ирска заминува да го учи англискиот јазик. Многу брзо стигнува во Индија и работи како учителка во едно училиште. После Втората светска војна одлучува да остане во Индија за да им помага на сиромашните. Основала мала организација за помош на децата без родители, која набрзо имала 4000 членови и бројни следбеници од целиот свет. Добитник е на Нобелова награда за мир и денес е личност која симболизира хуманост и милосрдие. Почина на 5 септември 1997 година во Калкута.
Клеопатра
Египетската кралица и денес е инспирација за многу уметници. Последната наследничка на фараонот ќе остане запаметена и како жена на чиј шарм не одолеале императорот Цезар и Марко Антониј. Иако ги убила своите сестри, ја предала љубовта на својот живот и била промискуитетна за да достигне моќна позиција во државата, ќе остане запаметена како една од најспособните жени во историјата, чии доминантни карактеристики биле одлучноста и интелигенцијата. Врвот го постигнала пред четириесеттата година, кога одлучила да си го одземе животот – умира користејќи отров од змија отровница.
Јованка Орлеанка
Иако потекнува од сиромашно селско семејство, на само седумнаесет години успева на Франција да и донесе победа над надмоќната британска војска и покрај бројните повреди кои ги добила во претходните битки. Историчарите се согласуваат дека била водечки стратег и командант на француската војска. Прогласена е за вештерка и спалена на клада во 1430 година, но денес е национална хероина на Франција.
Кралицата Викторија
Со Британија владееше 63 години, а за тоа време двојно ја зголеми територијата на Обединетото Кралство и истата ја одбрани од бројни конфликти и војни. Освен наследената титула кралица на Обединетото кралство на Велика Британија и Ирска, таа е и првиот монарх кој ја добива титулата царица на Индија. Основач е на партии, покренува и спроведува реформи. Нејзината смрт силно ја потресе цела Британија и стана симбол на една епоха.
Индира Ганди
Остави белег во политичката историја на 20-от век, но и во историјата на Индија. Даде многу за својата земја, иако беше една од оние личности кои истовремено ја сакаат и мразат. Колку подолго владееше, толку повеќе Индира Ганди воспоставуваше строга контрола над многу аспекти од јавниот живот во Индија. Скоро 20 години била на чело на државата, а убиена е од страна на екстремистите. Обвинувана е за пристрасност и корумпираност. Индира ја воведе и програмата за стерилност, за да го спречи наглиот пораст на населението во Индија.
Марија Антоанета
Нејзиното име и денес е синоним за луксуз и екстраваганција, на сметка на изгладнетиот народ. Остана запаметена како последната, најомразена кралица на апсолутистичка Франција, заради своето потекло и обичаи. Сеуште постојат дилеми за тоа дали заслужила да ја изгуби главата на гилотина за време на врвот од Француската револуција, но неспорно е нејзиното влијание врз положбата на жената во општеството.
Во текот на својот живот и после смртта, Марија Антоанета за едни претставува симбол на сето она што е добро, а за други на сето лошо поврзано со монархијата. Второто мислење преовладува низ историјата. Се мисли дека била жртва на лошите околности и политичката клима од тоа време.
Марија Кири
Родена е 1867 година во Полска, каде студирала и работела како негувателка и учителка, за да може да се издржува. Нејзиниот животен сон бил да стане физичарка и истиот и се остварува. Во Париз го запознава Пјер Кири, за кого се мажи и заедно даваат голем придонес за науката. Марија Кири е првата жена која доби Нобелова награда за науката, а после смртта на нејзиниот сопруг, освојува уште една награда.
Елеонор Рузвелт
Таа е една од првите жени примени во Сенатот (1911 год.), пред да стане прва дама на Америка. На својот сопруг Френклин Рузвелт му помага во работењето, иако во тоа време сопругите на претседателите се декларираат исклучиво како домаќинки. Организирала конференции за новинарите, има огромно влијание над сопругот при носењето на важни одлуки за доброто на децата во Америка. Исто така се бори и за правата на малцинствата и жените. После смртта на сопругот, Елеонор Рузвелт продолжува со политичките активности. Таа е голем поборник за граѓанските права. Работеше за подобрување на статусот на вработените жени, а се спротивставуваше на Амандманот за еднакви права, бидејќи веруваше дека тоа негативно ќе влијае на жените.