Највлијателни жени во историјата | Црнобело Форум

Највлијателни жени во историјата

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,811
1,153
29
Western Sky, Land of Oz.
Голем е бројот на жени кои низ минатото на повеќе начини ја покажале својата моќ, креативност и придонеле за развивање на опшеството.... Кои според вас се највлијателните жени во историјата на човештвото???

Според мене тоа се :

Царицата Теодора

Царицата Теодора е една од највлијателните жени во раниот Среден Век. Таа била сопруга на Царот Јустинијан I со кој заедно владееле со моќната Византија. Многу од одлуките поврзани со владеењето ги направила токму царицата Теодора. Како доказ за нејзината храброст е примерот од 532 година П.Н.Е кога избувнува огромен бунт против Јустинијан како резултат на високите даноци кои им биле наметнувани на жителите на Константинопол. Плашејќи се за својот живот, Јустинијан пробал да избега, но Теодора го присилила да остане и со помош на подземните тунели на замокот успева да интервенира и да го задуши востанието, а со тоа и да го задржи престолот. Како една од најголемите заслуги што и се препишуваат на Теодора е развивањето на Константинопол како еден од најсофистицираните градови за развој на женските права. Во нејзино време биле изградени голем број на цркви, мостови и плоштади. Успева со закон да ја забрани проституцијата и да ги затвори сите бордели, додека на жените им овозможува право на имотна сопственост и на развод.

Елеонора Аквитанска

Елеонора Аквитанска била и една од најмоќните и најбогатите жени во Средниот Век. По смртта на нејзиниот татко, на само 15 години станува војводка на Аквитанија, најбогатата и најголемата област во Франција во 12от век. За разлика од останатите владетелки од тој период, таа се истакнувала со доста солидно образование. На Елеонора и се препишува заслугата за трансформирањето на Аквитанија во една од најголемите интелектуални и културни центри во Европа во Средниот Век. Во 1137 таа стапува во брак со францускиот крал Луј VII и станува кралица на Франција. За време на Втората Крстоносна војна, токму Елеонора е заслужна за големиот број на трговски зделки помеѓу Западна Европа, Константинопол и Светата земја. Во 1152 година таа се разведува од Луј VII за да во 1154 година да се омажи за англискиот крал Хенри II со што станува кралица на Англија. По смртта на нејзиниот сопруг и за време на Крстоносните војни таа владее со Англија и го зголемува влијанието на Англија како една од најголемите тогашни сили.

Катерина II ( Велика)

Катерина Велика е владетелката на Русија и е најзаслужна за денешната територија на која се простира Руската Федерација. Таа ќе биде запомната по воведувањето на современите идеи во Русија но исто така и по огромното територијално проширување на Русија. Нејзиното владење траело точно 34 години. Нејзината аристократска приказна започнува со бракот со рускиот престолонаследник Петар III. Самата таа го сметала Петар за доста арогантен и незрел, па така со измама со Руската гарда успева да ја превземе власта од нејзиниот сопруг,па како резултат на тоа таа е прогласена за Царица на Русија. Како царица, го започнала процесот на модернизација на Русија, создавајќи одлични дипломатски врски со цела Европа. Исто така таа успева да ја порази тогаш највлијателната Отоманска Империја во две битки што резултира со огромно територијално проширување на Русија околу Црното море а и правејќи ја Русија да се протега на тлото на Европа, Азија и Северна Америка.

Кралицата Викторија I

Кралицата на Обединетото Кралство, Викторија Прва е несомнено најмоќната кралица што некогаш владеела. Нејзината империја се простирала на 14.2 милиони километри квадратни, т.е на шест континенти додека под нејзина контрола биле и земјите како Австралија, Канада, Индија, Нов Зеланд, Нигерија, Јужна Африка, Судан и многу други.Географски, Британската Империја била најголемата колонијална империја во деветнаесетиот век и воопшто во историјата на човештвото. За времето на Викторија, популацијата во нејзината империја броела 458 милиони луѓе. На власт се задржува 63 години, најдолго од било кој владетел на Обединетото Кралство. Таа е предводник на голем број на политички и социјални реформи во Обединетото кралство како и во Британската империја. Во 1847 година, Викторија го подржува Актот за Фабриките со што работните часови во текстилната индустрија се намалиле на десет и воведува право на глас на секој жител на Велика Британија.

Алиса Пол



Алиса Пол била активист за заштита на женските права и прва жена која успеала преку успешна кампања да го смени уставот на САД во 1920 со кој како новина и двата пола се рамноправни, со право на глас. Како резултат на револтот од угнетувањето во 1916 година ја основа Националната партија на жените а веќе наредната година започнуваат масовните протести пред Белата куќа, како прв протест во историјата кој се одржал без насилство туку на најдемоктратски начин. Владата експресно реагира и ја праќа Алиса и нејзините следбенички во затвор со цел да се угуши револтот. Во затворот таа започнува масовен протест со глад, кој резултира со нејзиното преместување во психијатриските самици и бруталното хранење со вметнување на метални цевки во устата низ кои имало јајца. Сепак овој бунт успеава да го сврти вниманието на целото население и резултира со новиот устав на САД со кој на жените им се дава право на глас.

Сиримаво Бандаранаике




Првата жена – премиер во светот, таа три пати беше премиер на Шри Ланка и долгогодишен лидер на Паријата за Слобода на Шри Ланка. Нејзиниот прекар беше „расплаканата вдовица“, заради честото плачење во јавност откако нејзиниот сопруг бил убиен во 1959 година. Таа ја избави Шри Ланка од британското владеење, воведе многу реформи, а нејзината ќерка исто така стана претседател.

Маргарет Тачер


Првата жена премиер на Британија, Маргарет Тачер служеше три мандати како премиер од 1979 до 1990 година, а позната е како „Железната Дама“.
Маргарет Тачер се памети по својата одлучност повеќе од кој било друг политичар од тоа време.

Индира Ганди



Третиот премиер на Индија, петнаесет години на оваа позиција, ова е една од најпознатите жени – лидери во светот. Беше убиена во заговор смислен од нејзините телохранители. Таа служеше на Индија низ многу тешки времиња, стана многу влијателна фигура, симбол на феминизмот во Индија. Успеа да ја намали сиромаштијата, да го зголеми производството на храна и нивото на образование на индискиот народ.
 

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
шала на страна, ама доста влијателна била и Чичолина ... (nod)
да не копирам текстови од нет , кој не знае повеќе за неја , освен дека е порно стар - нека си прочита !
 

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Тука би ја ставил и Margaretha Geertruida "Margreet" Zelle попозната како Мата Хари. Женски Џејмс Бонд била на времето. :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider, 4FUN and Luckky

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
601
423
Ohrid
Голем е бројот на жени кои низ минатото на повеќе начини ја покажале својата моќ, креативност и придонеле за развивање на опшеството.... Кои според вас се највлијателните жени во историјата на човештвото???

Според мене тоа се :

Царицата Теодора



Царицата Теодора е една од највлијателните жени во раниот Среден Век. Таа била сопруга на Царот Јустинијан I со кој заедно владееле со моќната Византија. Многу од одлуките поврзани со владеењето ги направила токму царицата Теодора. Како доказ за нејзината храброст е примерот од 532 година П.Н.Е кога избувнува огромен бунт против Јустинијан како резултат на високите даноци кои им биле наметнувани на жителите на Константинопол. Плашејќи се за својот живот, Јустинијан пробал да избега, но Теодора го присилила да остане и со помош на подземните тунели на замокот успева да интервенира и да го задуши востанието, а со тоа и да го задржи престолот. Како една од најголемите заслуги што и се препишуваат на Теодора е развивањето на Константинопол како еден од најсофистицираните градови за развој на женските права. Во нејзино време биле изградени голем број на цркви, мостови и плоштади. Успева со закон да ја забрани проституцијата и да ги затвори сите бордели, додека на жените им овозможува право на имотна сопственост и на развод.

inaku po profesija bila kurtizana :)

na justinijan mu se obratila so zborovite ubavo ni e ovde pod rozevite geramidi (uspeala da gi potkupi vodacite na vostanieto NIKA ( pobeda) i da go zadusi vostanieto vo krv..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky