Мрсна коса

WomanInRed

Староседелец
15 февруари 2012
1,324
3,218
1,123
Јас имам многу мрсна коса, секој втор ден ми се мрси, ја мијам 3- 4 пати во неделата, користам Рецепт за мрсна коса, на почетокот беше добар, но сега пак почна многу да ми се мрси косата. :(
Имам пробано и со бебешкa пудра но само се сплескува косата , никаков ефект не видов, ни киселина не ми помогна.....
Не можам да издржам да не ја мијам подолго од 3 дена...... ќе се намалело мрсењето ако не ја мијаш толку често, како да не. :cenzura

Некакво решение ?
Вие како се справувате со мрсната коса ?
 

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
30
Струмица
Веќе доста позната тема за мене, порано и јас имав многу мрсна коса, ми се мрсеше секој 2 ден, но јас си го најдов лекот, и мене ми помогна многу, ја миев секои 4 дена, безразлика колку и да ми беше мрсна, ја миев со шампон од коприва, оние што се по 60 и нешто денари и со чај од коприва ја поливав... и за 1 месец косата ми се среди, и од тогаш, немам никакви проблеми со мрсната коса, и немој да ставаш маски и балзами... :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ludaca and mAcIkA

Aaliyah

Староседелец
13 февруари 2012
888
1,090
1,093
Скопје
Јас имам многу мрсна коса, секој втор ден ми се мрси, ја мијам 3- 4 пати во неделата, користам Рецепт за мрсна коса, на почетокот беше добар, но сега пак почна многу да ми се мрси косата. :(
Имам пробано и со бебешко масло но само се сплескува косата , никаков ефект не видов, ни киселина не ми помогна.....
Не можам да издржам да не ја мијам подолго од 3 дена...... ќе се намалело мрсењето ако не ја мијаш толку често, како да не. :cenzura

Некакво решение ?
Вие како се справувате со мрсната коса ?
И јас го користам Рецепт за мрсна коса ама џабе,така да веќе се навикнав секој втор ден да ја мијам:unsure
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ludaca

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
стави бебешка пудра на корените
наведни се надолу и убаво расчешлај ја
 

Sugar

Истакнат Член
19 февруари 2012
502
1,110
393
Веќе доста позната тема за мене, порано и јас имав многу мрсна коса, ми се мрсеше секој 2 ден, но јас си го најдов лекот, и мене ми помогна многу, ја миев секои 4 дена, безразлика колку и да ми беше мрсна, ја миев со шампон од коприва, оние што се по 60 и нешто денари и со чај од коприва ја поливав... и за 1 месец косата ми се среди, и од тогаш, немам никакви проблеми со мрсната коса, и немој да ставаш маски и балзами... :)
ама па без балсам , нема шанси да ја исчешлам :(
 

She

Истакнат Член
17 февруари 2012
301
569
393
Caci
не знам зашо ама јас кога се мијам со тој од коприва без да ставам регенератор или маска, косата ми е за никаде, како зелка. Косата ја мијам три пати неделно, што е за мене доволно. Како и да е, и да не ти се мрси, излезеш надвор, прашина, чад, цигари, едно друго, мораш да ја измиеш. Го користам овој шампон и сум задоволна ептен
HCa20_1.jpg


Инаку јас си имам распоред :) Еден ден ми е пуштена, друг ден плетенка, трет ден венче, некогаш репче. Добро е, немам клемпави уши :giggle
 

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
30
Струмица
Ќе си купиш од тој балзамот што се прска, што е како спреј, и на коренот нема да ставаш, само на влакното... :)