Кога почнавте да возите? Кога ја добивте првата кола? Каква беше... како ви беше со неа? Ајде, разнежнете се и раскажете...
Мојата прва кола ја добив многу рано (14 полни имав) што донекаде се должи на мојата преголема страст кон автомобилите уште од многу мал.
Во прашање беше Skoda 105 L, „ми ја доделија“ по пат на расход на фамилијарните старудии. Имаше проблем со кочниците за што немаше дел кој татко ми го бараше скоро 5 години и на крај се откажа. Мене ми се посреќи, за многу скоро најдов иста таква Шкода со исправни кочници па само си ја пресадив помата. На радоста и немаше крај. Моторот беше ставен од Шкода 120 и со неговите скоро 60 коња правеше голем кеф. Цело друштво си се собиравме во неа, ја возев низ маало, учев да праам шлајфки, дрифтови и што ти не друго. Почнав да се интересирам малку од електрика, па правев „хом мејд“ озвучувања, па го будевме цело маало во ниедно време со гласна музика...
Па ја исшарав, па ја поправав со денови, посебно ме исполнуваше тоа нешто што дури заборавав и гадно потфрлав на школо. Заврши в отпад по 2 години дружење поради недостиг на финансиски средства за да се доработи. Мислам дека беше тоа март 2009та. Априлот веќе купив друга со парите што ги чував и со тие од моторот од шкодата што го продадов. И оттогаш на ваму трае мојата возачка кариера...
ВАШАТА?