Мојата прва кола

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
26
домче
Кога почнавте да возите? Кога ја добивте првата кола? Каква беше... како ви беше со неа? Ајде, разнежнете се и раскажете...(talk)
Мојата прва кола ја добив многу рано (14 полни имав:D) што донекаде се должи на мојата преголема страст кон автомобилите уште од многу мал.
Во прашање беше Skoda 105 L, „ми ја доделија“ по пат на расход на фамилијарните старудии. Имаше проблем со кочниците за што немаше дел кој татко ми го бараше скоро 5 години и на крај се откажа. Мене ми се посреќи, за многу скоро најдов иста таква Шкода со исправни кочници па само си ја пресадив помата. На радоста и немаше крај. Моторот беше ставен од Шкода 120 и со неговите скоро 60 коња правеше голем кеф. Цело друштво си се собиравме во неа, ја возев низ маало, учев да праам шлајфки, дрифтови и што ти не друго. Почнав да се интересирам малку од електрика, па правев „хом мејд“ озвучувања, па го будевме цело маало во ниедно време со гласна музика...

Па ја исшарав, па ја поправав со денови, посебно ме исполнуваше тоа нешто што дури заборавав и гадно потфрлав на школо. Заврши в отпад по 2 години дружење поради недостиг на финансиски средства за да се доработи. Мислам дека беше тоа март 2009та. Априлот веќе купив друга со парите што ги чував и со тие од моторот од шкодата што го продадов. И оттогаш на ваму трае мојата возачка кариера...

ВАШАТА?
 
  • Like
Реакции: Lena and Saladin

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,683
3,863
1,183


This baby.
Сеа .. не е моја али .. на оваа се научив да возам, на 17 години некаде.
После Фиат Брава од коа положив, и таа останува за мене.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
4,725
5,266
1,183
Disco
Шо чуден чоек овој Сашко, на 14 години кола? Не е убаво тоа од страна на родителите, па макар и шкода.
Инаку немаме добиено кола, тоа е привилегија на децата на жители на лос-анџелеското предградие Беверли Хилс, освен деца на транзициски манијаци не знам како некој би поклонил кола на челадта.
Може темата треба да се вика `колата на тате`. Или на мама, да не бидеме дискриминатори...:pusi
Прв волан шо сум го фатил беше рено-4 или фичо не сум сигурен, знам дека промаја маваше низ прозорите, кај фичото се гледаше асфалтот од една дупка на подот а прецизно ставање во брзина кај реното беше сериозен предизвик, една идиотска шипка која се турка напред во таблата :zelen
 

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
26
домче
Лелее која одбивност ја покажа :)
Не се работи за колата на тате, туку за првата кола која билокога била ваша, па макар и да сте ја купиле од првата пензија.


Кога сум јас во прашање, тоа ми е најголема страст што не е кон живо суштество. Не сакам спорт, не сакам филм ...итн... сакам коли. И со моите водев борби...
Тие си купија нешто посолидно, па Шкодата остана вишок. Благодарение на таа кола јас научив многу добро да возам уште многу пред да добијам возачка, никогаш немам оштетено кола или направено сериозен прекршок (не вбројувам возење без појас, со истечена регистрација, вртење полукружно) научив да поправам се живо и диво на колите, научив детално како диши режимот на сообраќајот. Тоа многу ми значеше и ниеднаш не се покајав што почнав да возам толку рано.
Секој различно. Од тогаш изнасменив барем едно 10тина коли, ама првата Шкода ми остави длабок спомен во шоферирањето и механичарството.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
4,725
5,266
1,183
Disco
Не е на арно тоа Сашко, кола на осмоодделенец... не чини. Nicht gut.
Може ти си бил совесен и стабилен во осмо одделение ама повеќето се дечиња. А за дечиња не се коли. Дури и скутер е дискутабилен...
`Мамо ја прочитав лектирата Волшебното самарче!`
`Браво сине, сега мама ќе ти купи едно опел астриче да не одиш на чколија пешки`...
 
  • Like
Реакции: Y1K991 and MoonFairy

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,154
7,681
1,183
земјата на чудата
Мојата прва кола 2004 беше Reno 19,темно сина.
Ја купив за 600€ и се испорадував.
Уште првиот ден ги собрав другарките па се возевме по автопатите.
Немаше серво,па тешка ми беше за паркирање ама...доживеав многу убави моменти со неа.
После неа се префрлив на mercedes coupe 180 C
не беше мој беше на дечко ми и за мене беше нешто налик на брод(огромен беше).
На него имаше алу фелги кои коштаа 1000€,кои беа мазени и пазени и мачкани со свашта нешто да би светеле,јас паметњакович му ги изгребав при паркирање на висок тротоар.
Дечко ми реагираше....многу емотивно на таа моја акција(не зборевме недела дена).
Реното го продадов на еден африканец за 400€ имаше проблеми со водната пумпа.
image.jpg
 

4FUN

Староседелец
3 март 2012
894
1,988
1,093
Мојата прва кола купена со мои заработени пари беше крајслер војаџер 2,5 тди производена 1994 год. фулл опрема. После неа возев доста коли, ама како крајслерот вожња, комоција и удобност се уште не најдов... На 24 год ја купив, и бев презадоволен од самиот себе дека без никаква помош од никого си заработив да си дозволам и таков луксуз - не дека јас не бев како другите деца и не сакав некој друг да ми купи/поклони кола, ама јбг,мајка ми ги потрошила парите за кифли.
Со цената го јадев, ја платив 7000еур, тоа беше неполна година пред да го донесат законот за увоз на стари возила од надвор... После законот ми вредеше пола цена, а може и помалце.


Инаку, која е првата кола што сум седнал позади волан? - стварно немам појма, знам во моето друштво сите научивме скоро исто време да возиме кола,од прилика 14-15 години имав, дека скоро секоја вечер крадевме по некоја(не е за фалење, ама такво ми било детството) - спачак, фичо, москвич, 101 или ако имавме среќа југце ... ги возевме додека имаа нешто во резервоарот, така се додека не не остави кај што ке не остави и после пешки накај дома...
После неа возев доста коли... фиеста,лада,пежо, алтеа,леон, а сега си возам еден мал мерцедес со фантастична удобност и уште си го исплаќам...(bandit)
 
  • Like
Реакции: МалиСашко

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,761
786
1,133
Skopje
zastava fico 850 со спојки па јас му сменив зглобови, па се вадеа федер платна се ширеа крилата ниски гуми тоа чудесии кога ќе ми текне бреејј :rofl:rofl