Моралот - калап за креирање на личноста?

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Темава е широка, во различни правци, но тоа е поентата на една дискусија, секое воздржување, односно мало забегување од насловот е умирање на продуктивноста за размена на реплики.

Моралот е наметнат од општеството, пранги кои нагонот го зауздуваат. Едни велат вака, други велат дека не се работи за заузудвање, туку е прашање потиснување на нагонот и нанесување огромна штета на човековата слобода. Демократија, јебем ти, со опроштење.

За разликата од екстремните либерали, јас сум екстремено конзервирана персона чија моралност се состои од самоконтрола. Контрола во јадење, зборење, прдење, ждригање и поштедување од стеги кои се почитуваат, но не се применети од причина - доблес, односно имање на добра самоконтрола. Е сега бидејќи еден куп од милијардите кои ја населуваат земјава имаат проблем со истото, се носат закони, пишани или усни за да се понашаат нормално и цивилизирано т.е зауздано.

Јас се прашувам како е донесен закон за нанесување на тешки телесни повреди, односно се носи забрана за приближување или се поднесува тужба за оштета, а нема закон за емоционално осакатување? Што на овие вториве им се неважи пошо не се помодрени?
 
МиГ 21

Староседелец
12 ноември 2012
1,252
2,458
1,133
Прилеп
Да, се сложувам донекаде но овде кај нив се јави некаков инает и се фатиле за Петко. Што ако отиде во планина и што ако настини шетајќи гол? Темава како што ја разбрав дали моралот односно оно збир на норми и правила на однесување треба да биде калап ( модел ) за формирање на личноста. Па за тоа и се поставени тие правила, секако дека има извесни отстапки еве за пример прељубата е означена како неморал но ја има и тоа доста често. Значи секој се формира како своја личност во склад на моралот но не 100%. Секој е бунтовник на свој начин иако според мене нема ништо лошо во тоа да се придржуваме 100% до моралните начела.
 
alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123

ете и јас се сложив со ова немаше никаков инат од моја страна јас побарав само пример каде тоа заради прекршување на морални вредности дирекно те сместуваат во лудница :zelen и потоа упрно укажував на тоа дека и доколку се откажеш од општеството и живееш надвор од цивилизација ти сепак припаѓаш на општеството (поправиме ако грешам) и дека моралните норми се поврзани со правните односно правните норми се и произлезени од моралните ...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МиГ 21

Се сложувам
 
близнак

Староседелец
21 јуни 2012
169
306
1,063
И тие вредностите се со рок на траење.. Трпат измени, се губат, се појавуваат... не важат за секого, се злоупотребуваат...
Има многу примери кај што моралните вредности се само маска за дефокусирање од реалната слика, во обид да се оствари нечија идеологија.
Многу од денешните "демократски" опшества се калапени врз база на моралните вредности... Ние сме сведоци дали е тоа нормално или не.. Секој суди индивидуално, и во хор...
Сепак, се сложувам дека личноста се гради паралелно со прифаќањето на тоа што мнозинството го нарекува морална вредност.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Succubus and МиГ 21