Најтажната љубовна песна што сум ја слушнал.
Превод:
Да бев малку поубава и да бев подобро подготвена.
Да бев посебна, да ме имаше по дневници.
Ќе имав храброст да го преминам вагонот и да те прашам,
„Кој си ти? Седиш пред мене, и не ни замислуваш дека поради тебе
го носам моето најубаво здолниште. Те гледам како заминуваш,
и олуја од кристали ги поплавува моите очи.“
Од еднаш ме гледаш, те погледнувам и воздивнуваш.
Јас ги затворам очите, ти го тргаш погледот од мене.
Едвај дишам, станувам малечка, целата треперам.
И така минуваат деновите. Од понеделник до петок.
Како што минуваат ластовиците во поемата на Бекер.
Од станица на станица, пред мене и тебе,
доаѓа и си оди тишината.
Од еднаш ме гледаш, те погледнувам и воздивнуваш.
Јас ги затворам очите, ти го тргаш погледот од мене.
Едвај дишам, станувам малечка, целата треперам.
И тогаш се случува. Се будат моите усни. Го изговараат твоето име. Пелтечам.
Претпоставувам дека помислуваш „Колку глупава девојка“
И сакам да умрам.
Но времето застанува. Се доближуваш кажувајќи :
„Јас тебе не те познавам, а веќе ми недостасуваш.
Секое утро одновно и одново го избирам овој воз.“
И пристигнуваме, мојот живот се промени. Мој посебен ден е
11 март. Ме фаќаш за рака, стигнуваме до еден тунел,
тогаш се гаснат светлата.
Ти го пронаоѓам лицето, благодарејќи на моите раце,
станувам храбра, и ти ги бакнувам усните,
ми кажуваш дека ме сакаш,
и ти го подарувам последниот здив на моето срце.