Многу убав вовед така е и мислата дека,,Молитвата е разговор на човечката душа со Бога.Да Редовната молитва може да ни помогне и да се соочиме со тешки испити. Бог и всушност, нѐ повикува да му се приближиме (Јаков 4:8).БОГ и нѐ охрабрува слободно да му пристапуваме во молитва, секогаш кога сакаме или кога ни е потребно (Псалм 37:5). Нашите непрестајни молитви ни помагаат да изградиме блиско пријателство со него.
Погодни моменти за лична молитва се појавуваат многу пати во текот на секој ден додека се соочуваме со проблеми, наидуваме на искушенија и донесуваме одлуки (Ефешаните 6:18). Кога бараме водство од Бог во сите аспекти од животот, нашето пријателство со него сигурно ќе се зацврсти. Ако двајца пријатели се соочуваат со проблемите заедно, зарем врската на пријателство помеѓу нив нема да стане поцврста? (Пословици 17:17). Истото е случај и кога се потпираме на Бог и ја искусуваме неговата помош (2. Летописи 14:11).
Бог, кој ‚ја послушува молитвата‘, никогаш не е премногу зафатен да нѐ чуе (Псалм 65:2). Да не бидеме ниту ние никогаш премногу зафатени да зборуваме со него. Нашето пријателство со Бог е најскапоценото нешто што го имаме. Никогаш да не го земеме здраво за готово. „Затоа, да пристапуваме со слобода на говорот кон престолот на незаслужената љубезност за да добиеме милосрдие и да најдеме незаслужена љубезност за помош во право време“ (Евреите 4:16).