Молитва

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Молитва е општење со Бога. Позната му е на човекот уште од политеистичките религии; човекот отсекогаш се стремел да оствари комуникација и разговор со Бога.
Според учењата на правоскавните отци таа е нешто најсвето во нашето постоење.
Таа е природен закон.
Молитвата е разговор на човечката душа со Бога.
Она што е воздухот за телото, тоа е молитвата за човечкиот дух.
Вистински се моли само оној човек што верува во Бога и во Неговата безгранична добрина; кој ја чувствува својата зависност од Него.

Но молитвата не е само барање. Таа е и благодарност, и славословење на Бога за сите добрини и милости кон нас. Светата Црква со сите свои свети тајни и дејствија, преку целата година, е една прекрасна и постојана молитва кон Бога. Треба да се молиме не само кога сме расположени за молитва - напротив, треба самите да се принудуваме на молитва и тогаш кога не ни се моли и кога сме оддалечени од молитвата. Молитвата е убава насекаде. Посебно е убаво молењето во осаменост и во природата. Може човек да се моли од книга или со свои зборови, но со посветеност на молитвата и на Бога, според Господовите зборови
Влези во својата соба и затвори ја зад себе вратата и помоли се во тајност, и Твојот Отец што борави во тајност ќе те награди јавно.
Правила за молење

За да биде молитвата вистинска и силна, треба да постојат овие услови:

Прво, да се подготвуваме за неа со побожни мисли и чувства. Пред сè, треба да бидеме длабоко проникнати од мислата дека сме грешни и недостојни да застанеме пред Бога и да разговараме со Него, пред Кого треперат ангелските сили.

Второ, да се трудиме сè што е кажано во молитвата да биде со внимание и со разбирање; да внимаваме во смислата на зборовите што ги читаме или пееме. Никаква полза нема од молитвата, ако ја вршиме без внимание и разбирање.

Трето, да се молиме со непоколеблива вера и надеж дека ќе го добиеме тоа што го бараме.

Четврто, треба да се молиме со покајно и смирено срце и со чиста совест. Само смиреноста, поправо сознанието дека сме недостојни пред Бога може да нè удостои со Неговата богата милост.

Петто, заедно со верата, во нашата молитва треба да се појават уште: трпението, постојаноста и неуморноста.

Шесто, и постот е многу важно помошно средство за засилување на молитвата. Ако молитвата е издигнување на душата кон Бога, издигнување со вера, надеж и љубов, тогаш постот е воздржување од сè што пречи на душата да се издигнува кон Бога. Постот е умереност во јадење и пиење и во другите животни потреби. Постот значи одбегнување на гнев, непријателство, завист, омраза и други страсти.

Од Википедија
Колку вие се молите на Бога?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: redhead, Hexasto and cece17

NEPOBEDLIV

Истакнат Член
5 март 2012
288
412
63
Не се молиме ич.Тоа така е Бог си седи горе на небото и ги слуша сите 70 милиони што во моментот се молат кон него.

Бог не постои бе луѓе, сфатете еднаш.А ако постои сакам да знам на кој јазик зборува, кој го создал, како му текнало да направи човек со толку многу функции, да го создал тој не верувам, поедноставен ќе беше човекот.Колку е висок Бог?Џин е?Човек е?Невидлив е? Има рајска градина кај што собира безброј мртовци?Ако постои и е добар зошто дозволува да умираат невини луѓе?Да страдаат деца, зошто постојат питачи за пари?Зошто тој добар Бог не им помогне на сите?Ако постои зошто дозволил луѓето да не веруваат во него? Зошто не дојде да го видиме?Зошто се крие?Кај живее? Над облаците нема ништо, проверено е веќе.

Мислам.....нема смисла тоа дека Бог постои...
 
Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153

Темава зборена на милион форуми милион пати и истите муабети се вртат нон стоп.
Што е и како е никој не знае со сигурност ни ти дали не постои ни пак јас дали постои но битното е,што потајно чуствуваш во срцето.
Јас признавам дека сум размислувал на оваа тема многу пати и сум осетил дека сепак верувам и осеќам дека има нешто.
Еве ти не веруваш и тоа е сепак твоја одлука кој никој и никогаш со сила не може да ти ја промени се додека ти самиот не се почуствуваш поинаку.
Колку цркви да се исчистат само од себе,колку слепи да прогледаат,колку деца да се нахранат пак ќе ја имаш скепсата во себеси зашто ти сакаш да ја гледаш страната тебе која ти е поприфатлива.
Темава за молитва ми се допаѓа зашто можеби и јас не знам правилно да се молам од причина што имам проблем со лутање на мислите (сепак најтешко е да се скротат).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: cece17 and Bum-Bum

Никој не прогледал од крстена вода, во докторите е спасот.Бог да не ги нахрани гладните?Незнам јас за таков нешто не сум чул ниту видел..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Scars31

Hexasto

Истакнат Член
16 февруари 2012
1,095
1,633
113
Македонија
Па се помолувам од време на време коа идам у црква или па некад пред спиење..иначе се молам и коа сум во некоја тешка ситуација...мислам дека има некоја виша сила и верувам у тоа :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: turop

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Се трудев да најдам на ју туб некој клип како молитва ама најдов само една и тоа на српски,повеќе ме опушта и полесно ми е така да ги слушам зашто многу ми лутаат мислите коа се молам да речеме на икона во тишина:eek
 
Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Да се помолиш според мене значи,да се потчиниш и предадеш целосно,премногу луѓе не се молат само заради тоа што им е смешно да се молат на нешто што не го гледаат.
Големи луѓе за мене се тие што доблесно ја наведнувааат главата и искрено му се препуштаат и се молат.
Јас колку и да се молам знам дека некаде грешам и дека сепак треба да имам некој концепт во молитвата да не ми бега мислата зашто најтешко ја припитомувам.
Ако има некој поупатен ако не тука може во пошта да ме воведе
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Самата тема е создадена баш ради тоа
Ако добро го прочиташ она што го напишав во воведот за темата,ке ти биде доволно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Самата тема е создадена баш ради тоа
Ако добро го прочиташ она што го напишав во воведот за темата,ке ти биде доволно.
Да убаво е напишано,ама баш кога ја прочитав ова тема пробав да се држам до тие точки ама сепак ми лутаат мислите,и колку и да се трудам да сакам многу работи да му кажам,на крај испаѓа дека не сум кажал ни половина и усрамено ја завршувам молитвата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena