Може ли исполнетоста на едно поле да надокнадува за празнината на други полиња?

kones

Истакнат Член
14 февруари 2012
122
119
343
Сите сакаме да го искачиме Eверест, а го качуваме со несоодветна опрема и ресурси, со мало или најчесто никаков тренинг и искуство. Резултатот очигледен, последиците катастрофални. За да го искачиш Еверест потребно е години и години тренинг, искуство, одлична опрема и луѓе околу тебе кои ќе ти помогнат во искачувањето.
Единствено што треба да направиш е да го најдеш твојот Еверест, всушност тоа е и најтешкото во животот зошто никој не може да ти каже кој е твојот Еверест. А потоа да ја определиш неговата висина, да го прецениш ризикот, ресурсите потребни за подготовка и тренинг и пред се цената што треба да ја платиш за да го искачиш.
Факултетскиот врв можеби и не е некој предизвик, но мислам дека сепак има некоја висина и кога ќе го искачиш ќе ти даде едно чувство на исполнетост, гордост и самодоверба.
А во меѓувреме качи се на покривот од твојата зграда, ќе се изненадиш од убавината на гледката;).
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Празнина која нема да ви дозволи да учите...
Некако нелогично ми е ова, барем за мене.
Јас секогаш сум бегал од проблемите празнините во животот и сум се скривал некаде зад пасусите на книгите.
Тоа ми создаваше лична сатисфакција, и тоа ме издигна на нивото што сум денес. Тоа ми помогна да ги надминам празнините и дупките кои ги чуствував во себе за време на „младите години“.
А дали дома била мајка ми опседната со тоа да го завршам факултетот, и дали ме напнувала не би знаел точно да доловам.
Секогаш ми зборуваше колку нејзи и’ е мака што не успеала да ги заврши студиите и со сите свои сили се обиде да ми раскаже како ќе се чуствувам јас ако го прокоцкам даденото време залудно и не ги завршам студиите.
И имаше право. Ќе се чуствував како испиена лименка и фрлена да бледее на сонцето.
Што значи, тоа нејзино „учење“ не го сфаќам како „форсирање“ туку како родителски обид чедото да си го насочи кон вистински пат.
 

Diamond

Полноправен Член
13 октомври 2012
33
23
8
Факултетот е сосема различна област од љубовта или било што друго што ти фали. Ако се откажеш од факултет нема да ти се врати дечкото?!?!?!
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Каков излез какво разбирање.
Зарем се споредуваат овие пубертетски проблеми со едно од побитните работи во животот.
Ајде ке бараме разбирање за изгубената љубов од родителите,нека имаат разбирање едно пет шест години за да преболиме,па после ке мислиме на образование.Мало морген.
И излез дали имало бе!? :eek:
Не,никако нема.Потежок камен,врзен за нас и право во Вардар.
Какво и да е образованието,никогаш не ни е на штета.Од се што ке научи човек нема ништо негативно,ништо неможе да изгуби,може само да добие.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Образованието ќе создаде празнина во животот само ако воопшто не си го следел. Ниеден степен на образование не е излишен, т.е. како што кажа melpomena од учење можеш само да добиеш. Празнина се создава од ситуацијава која настана во државава, т.е. 90+% матуранти да се запишат на факултет. Тука доаѓа до она очекување дека ако завршиш факултет имаш поголема шанса да работиш и да заработуваш, па со самото тоа многу лесно може да се избере грешна насока. Образованието е можност за знаење, за здобивање на интелект и поголем број на информации кои би можел да ги искористиш и во секојдневието и за да опстанеш, но само ако се користи правилно. Ако си запишал факултет и се влечкаш со препишување или учење на памет со цел да ја земеш дипломата и да одиш на работа тогаш не си се образовал воопшто. Уште па и ако не се вработиш со така здобиена диплома...празнина во животот, но временска празнина која е последица од погрешниот избор на (не)образование.
 

Succubus

Истакнат Член
28 февруари 2012
562
835
393
under your skin.
Јас не знам, мене да можат да ми платат СТАН со кирија,или без, не е битно, факултет у друг град, финансиски да сум колку толку стабилна за во друг град, ја не би се толку жалила ни на љубов, ни на друштво. Секако дека и тоа и тоа треба во некој период, ама образование како образование си е потребно. Не значи дека ти мораш да се докажуваш и пред родителите колку оценка си извадила, битно е да знаеш дека ТИ знаеш.
Исто, едукација надвор од факултет е многу битна. А и така се постигнува подобар резултат општо во образованието кај самата себе. :)
Само, не се потпирај целосно на родителите кога веќе си одлучила да се осамостојуваш во друг град. Родител како родител, некогаш и нема да сака да те разбере, пошо не му одговара..
 

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Темава отиде у ку*ац а, ама буквално, а можеше да излезе убава тема, само не е добро разработена, за жал.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hkakashi