Сите сакаме да го искачиме Eверест, а го качуваме со несоодветна опрема и ресурси, со мало или најчесто никаков тренинг и искуство. Резултатот очигледен, последиците катастрофални. За да го искачиш Еверест потребно е години и години тренинг, искуство, одлична опрема и луѓе околу тебе кои ќе ти помогнат во искачувањето.
Единствено што треба да направиш е да го најдеш твојот Еверест, всушност тоа е и најтешкото во животот зошто никој не може да ти каже кој е твојот Еверест. А потоа да ја определиш неговата висина, да го прецениш ризикот, ресурсите потребни за подготовка и тренинг и пред се цената што треба да ја платиш за да го искачиш.
Факултетскиот врв можеби и не е некој предизвик, но мислам дека сепак има некоја висина и кога ќе го искачиш ќе ти даде едно чувство на исполнетост, гордост и самодоверба.
А во меѓувреме качи се на покривот од твојата зграда, ќе се изненадиш од убавината на гледката.