Може ли исполнетоста на едно поле да надокнадува за празнината на други полиња?

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Не знаев каде да ја сместам оваа тема...па решив да ја сместам тука во психологија.Прашањето ми беше дали ќе ви вреди образованието...факултетот ако ви фали нешто во животот...чувствувате толкава празнина што не можите никако да ја исполните...а од дома цело време ве форсираат и не смеете да киксните бидејќи тие мислат дека ви дале се! Стан под кирија во друг град,пари,факултет...но сепак вие никако не можите да ја заборавите таа празнина што ја чувствувате еве да речиме недостаток кој секогаш ќе ви фали... како и љубовни падови за кои тие не знаат. Едноставно тие ништо не знаат и мислат дека се ви дале...а всушност ништо не разбираат !!! Што ќе направите? Каде е излезот?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hkakashi and Mila Kunis

ScoobyDoo

Староседелец
17 февруари 2012
416
707
1,103
И јас милион пати сум го размислувал истото.... Мислам дека факултот не вреди ако веќе имаме празнина... Јас се најдов во таа замка и сега полека го заборавам факултетот....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Scars31

Black Mamba

Активен Член
6 март 2012
121
125
43
Малце не ти го разбирам прашањето. Вреди ли образованието ако ти фали...што? Различно е ако ти фали, рецимо здравје и различно е ако ти фали дечкото :)
 

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
верувам дека не си постара од 22 ... образованието доста вреди и ке ти се одрази еден ден во животот ... сега уште "леташ" со паметот и мислиш дека џабе ти е факултетот, кога неможеш да си ги исполниш другите желби и потреби ... Ти само заврши го факултетот и остави го времето да ти ги склопи сите коцки !
 

mAcIkA

Истакнат Член
14 февруари 2012
382
516
393
Во животот никогаш нема да имаме СЕ..Значи треба да гледаме само да не се демотивираме заради работите кои ни фалат и кои секогаш ке ги има..Факулетот јас го учам затоа шо имам некаква надеж за подобар живот и за да имам да му дадам на моите деца барем толку колку шо моите мене ми даваат сега..Сега мое мислење е дека без факултет нема да бидеш успешен,затоа шо нема да имаш ни минамална плата а камоли нешто повеке,не зборувам за оние кои ке живеат на грб на своите БОГАТИ родители- кои постигнале нешто во животот ,ниту пак за оние кои си имаат сопствени бизниси..Макар шо и за таткоти да те вработи кај него во фирма треба да имаш некаква диплома:)А тоа дека родителите некако не обрнуваат внимание како им е на своите деца ,не е кај сите..За жал јас имам од оние кои мислат дека се во животот ми е наредено и само ми останува да учам ,се лажат..ама сега е касно јас да почнам да му докажувам нив дека не е се како што треба и да се зближуваме,едноставно така е како шо е..Секоја чест на исклучоците...Јас ке терам по мојот пат,добро е шо и до тука ме донесоа ама некогаш ке му кажам дека не беа НАЈДОБРИ...
 

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Можеш ли малце поопширно да објасниш? Вака, стварно не знам што би ти одговорила


не би сакала да влегувам во детали... еве размисли имаш некој недостаток маана која не можи да ја залечи ништо и немаш никој до тебе што уште тоа плус те вознемирува и те депремира.
 

Black Mamba

Активен Член
6 март 2012
121
125
43
не би сакала да влегувам во детали... еве размисли имаш некој недостаток маана која не можи да ја залечи ништо и немаш никој до тебе што уште тоа плус те вознемирува и те депремира.

Види, ако станува збор за некој физички недостаток, тоа во НИКОЈ случај не значи дека треба да се откажеш од факултетот. Без ралика што и да мислиш за себе - сигурно не е толку страшно колку што ти се чини. Фактот што си сама само допринесува целата ситуација да се развива негативно во твојата глава. Пробај објасни им на твоите дека ти треба нивната поддршка и знам дека звучи како клише - али пробај разговарај со другарки. Сигурно ќе ти помогне ако ги кажеш работите гласно на некому - мене барем, тоа секогаш ми помага
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and 4FUN