Модата се враќа?

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
И да се враќа модата, не би носела ништо од тоа што се носело пред 30-тина години.
Наоѓам и јас од мајка ми и баба ми по некое парче облека и им се чудам како го носеле тоа.....
 

Клара

Полноправен Член
17 февруари 2012
80
58
18
Се враќа дефинитивно, еве сега плисето се врати од пред дваесет и кусур години што било модерно.
Плисирани или плесирани како и да се викаат точно, фустани и сукњи се модерни :D
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Па повеќе го сфаќам тоа како тренд движење во одредена сезона. Тоа што е квалитетно и изгледа убаво е трајно, повеќе или помалку се користи во одредена сезона. Сепак пред се е битен сопствениот стил, отколку моменталниот тренд. ;)
 

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Се се враќа...Има некои парчиња облека шо се носат сега и се во тренд, а се носеле и во времето на баба ми :)
се вратија хеланките, фармерките со висок струк, високи чизми до над колена, ретро фустанчиња и ред други работи...
Облеката е таа, само зависно од моменталниот "тренд" така и ја пласираат на пазаров :)
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Модата постојано кружи. Отсекогаш било и ќе биде така.
Еве сега најавуваат дека ќе се враќале фармерките со низок, ама баш оној оскудно низок струк. (puke)(puke)
Буквално не познавам личност на која добро ѝ стојат. Колку и да си слаб и згоден, пак се грди, пак кога ќе седнеш изрипува меше, а за расцепот позади што поздравува случајни минувачи и да не зборам па.
Нека си останат таму во заборавот, аман.