Модата се враќа?

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,239
1,758
113
Малку таму, малку овде...
Инспирирана од креациите на модните дизајнери и облечените кукли по излозите, ја отворам темава...
Што мислите: дали модата која била актуелна во времето на вашите мајки или баби повторно се враќа?

Јас лично пронаоѓам многу кошули и сукњи од мајка ми, па дури и од баба ми (кои за жал не ми чинат), а сега се модерни. Океј, можеби не целосно, можеби кројот не ми се допаѓа или слично, но боите и дезените се пак актуелни.
Тука се и чевлите. Низ продавниците има многу модели на чевли кои ми се допаднале, а реакцијата на мама била: „Па и јас дома имав такви. Ги фрлив пред некое време.“
Всушност, таа несвесно фрла модерни парчиња.:D

Што мислите вие?
Дали го делите истото мислење, дека модата се враќа?
И на што е тоа последица?
На убавината на парчињата облека и чевли од минатото, или на ограничената креативност на дизајнерите која всушност не би требало да ја има?
Или пак нешто трето е во прашање?
 
  • Like
Реакции: JaMi

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,477
5,078
1,153
Wind Of Change
И јас исто мислам дека модата се враќа а според мене последица на тоа е убавината на парчињата облека и чевли од минатото или можеби и нешто трето е во прашање но не мислам дека тоа е ограничената креативност на дизајнерите..
 

Primrose

Староседелец
14 февруари 2012
680
1,288
1,093
your nightmares....
Постмодернизам... ?(think)
Па нема што ново да се измисли затоа старото пак е во мода.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,231
17,758
1,673
На сигурно
Општо познато е дека од секогаш било така, модата се врака.
Секако дека одреден тренд не се копира целосно од минато и трпи одредени промени во деталите и комбинирањето.
 
  • Like
Реакции: Sugar

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,391
9,099
1,683
Кушкундалево
Постмодернизам... ?(think)
Па нема што ново да се измисли затоа старото пак е во мода.
Всушност постмодернизам и ова нема допирна точка. Модерна е правец во уметноста кој се појавува при крај на 19-ти и почетокот на 20-ти век. Пост-модерна е правец кој за основа го има модернизмот и се појавува нешто после модернизмот. Имаше едно добро прашање во историјата на уметноста кое гласеше „Колку е модерно модерното?“.:)

Онтопик: Не следам мода и гајле ми е што е актуелно, а што не.
 
  • Like
Реакции: UnFleur and melpomena

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,838
6,527
1,153
Градибачалник на Прибој
„Колку е модерно модерното?“.:)
Од 1 до 10?
Јас лично пронаоѓам многу кошули и сукњи од мајка ми, па дури и од баба ми
Јас сум модерен, носам боксерки дони црно со црвени линии горе, залепени уз гз и уз к*р, чорапи најк или спорт до под колена или некои до глужд, црни боди или бели маици како овој на сликата без натписи... и не ги пронаоѓам од татко ми или од дедоми али мислам дека се модерни.
 
  • Like
Реакции: Dr.Gonzo

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,391
9,099
1,683
Кушкундалево
Од 1 до 10?

Јас сум модерен, носам боксерки дони црно со црвени линии горе, залепени уз гз и уз к*р, чорапи најк или спорт до под колена или некои до глужд, црни боди или бели маици како овој на сликата без натписи... и не ги пронаоѓам од татко ми или од дедоми али мислам дека се модерни.
Не, само после 12 навечер.:)
 
  • Like
Реакции: melpomena